Морска репортажа
Во оваа репортажа ќе објавам слики од повеќе излети на море кај нашиот јужен сосед, претежно со мојата фамилија.
Би сакал со вас да ги споделам системите и мамците со кои сме ловеле. За видот на рибите не би знаел да коментирам. Се надевам ќе уживате во прикажаните слики.
Годишно собрание на Рибар 2011 23.03.2017, 19:00 @ СЦ Борис Трајковски
Почитувани членови на Рибар 2011
Ве известуваме дека на 23 Март Четврток со почеток во 19 часот во Прес Салата во СЦ “Борис Трајковски“ ќе се одржи Годишно собрание на Рибар 2011.
Собранието ќе биде од затворен тип, односно право да присуствуваат имаат само членови на Рибар 2011.
Ќе се дискутира на сите потребни теми поврзани со проблеми и предизвици од суштинско значење за здружението, форумот и севкупно нашите идни активности.
Се замолуваат членовите и активистите да контактираат меѓу себе и да се собереме во што поголем број за да имаме што поголем број присутни и плодни дискусии.
Со почит,
РИБАР 2011
Годишно собрание на Рибар 2011 23.03.2017, 19:00 @ СЦ Борис Трајковски
Почитувани членови на Рибар 2011
Ве известуваме дека на 23 Март Четврток со почеток во 19 часот во Прес Салата во СЦ “Борис Трајковски“ ќе се одржи Годишно собрание на Рибар 2011.
Собранието ќе биде од затворен тип, односно право да присуствуваат имаат само членови на Рибар 2011.
Ќе се дискутира на сите потребни теми поврзани со проблеми и предизвици од суштинско значење за здружението, форумот и севкупно нашите идни активности.
Се замолуваат членовите и активистите да контактираат меѓу себе и да се собереме во што поголем број за да имаме што поголем број присутни и плодни дискусии.
Со почит,
РИБАР 2011
Сефте за 2017 втор дел
Пред две години март месец се покажа за мене како дарежлив со еден убав улов на пастрмка, и таа мисла ми беше во глава додека барав слободно време за прв риболов годинава. Иако без некој посебни очекувања се најде некој саат за инстант риболов. Во претходни разговори со колегите се дојде до некаков договор со Леуново и Петраки кои веќе беа во Маврово но на викенд. Недела беше денот кога се договоривме да се сретнеме и да истераме некој саат на вода. Јас пристигнав пола саат порано од нив, но немаше ништо, само еден удар и откачување и толку. Дојдоа Петраки и Леуново, малку ме искараа зошто не сум го испочитувал договорот. И почнавме да фрламе, све живо, кашики, воблери, силиконци. Но немаше ништо, никаков знак. Некаде околу 9 часот имав удар и борбата почна, отпорот беше голем, рибата едноставно не се предаваше, со секое стегање на кочницата, повлекувањето на конец не престануваше. Како што се приближуваше накај брегот тежината се чувствуваше се повеќе, тешко нешто. Прво мислев дека е некој клен како тој ланскиот на Леуново, но кога се појави на 10 метри имавме што да видиме. Пастрмка огромна, Петраки присебен го зема неговиот кеп, среќа што го носеше, зошто со моено кепче плашка само да црпнеш. Ја доближив рибата и Петраки ја собра рибата. Стоиме и се чудиме, огромна. Се тресев како мало дете. Мамецот беше како и многу пати до сега Byron Toby 10g. Приборот беше Shakespeare equilaizer spin 10-40g, Daiwa exceler 2500, Power pro 1.0. должината е 80цм и тежина 5.600гр. Тоа е мојата риба живота. Голема благодарност до Петраки и Леуново за помошта
Сефте за сезона 2017
На 01.02 започна сезоната за риболов на Мавровско езеро. Иако бев викендов таму, во саботата не отидов на езеро, лошо време проследено со дожд и магла.
Во недела спремив опрема и тргнав на езеро, но каде да се оди. Езерото се уште замрзнато на Леунска страна, а и испуштено доста, па единствени места за риболов на спин се Црн Камен и каналот на Мавровска брана.
Се одлучив за каналот во Маврово.
Времето убаво, мирно, малку сонце малку облаци.
Понатаму сликите нека зборуваат.
Опуштено во Мариово
После две три одлагања конечно успеавме да се склопиме да тргнеме накај Мариово. Знаевме дека не јаде како што јадело пред 2-3 недели, но слободното време не прашува кога да дојдам, а кога ќе дојде мора да се искористи, макар и само да бидеш покрај вода.
Се забравме накај 4 и фативме џенем накај Мариово, таму не пречека Сашо концесионерот на Црна Река во тој дел кој секогаш бил одличен домаќин, пред се поради тоа што е единствениот концесионер кој од кога ја зема концесијата изгради куќичка на сама река и човекот е постојано таму, контролира, работи, едноставно таму живее....е тоа е живот луѓе мои, постојано покрај река да го слушаш и гледаш движењето на реката, скоковите на рибата и целосно да уживаш во природата. Дополнително опушање таму е што тешко каде фаќа мрежа, така што мобилните се во аут, можеш слободно да се опуштиш од модерниот живот.
Стигнавме на река, си седнавме кај Сашо, по една ракиичка, по едно кафенце, добивме инфо дека не јаде поради високиот водостој изминатите денови, ама што е тука е, сме дошле, лабаво ќе се испробаме да го најдеме. Тргнавме да го чешламе теренот, на едно, на друго место, крма ваму, крма таму, бојникот го немаше никаде, нит да скокне, нит да удри. Но, затоа тука беше терасата на Сашо каде уз моабет, уз кафе, гравче, пивце можеше да ја следиме реката, рибарите што се трудеа да прелажат некоја риба и да гледаме дали ќе скокне некаде да му се пуштиме. Во меѓувреме дојде и Злате од Битола да се видиме, да си поседиме, па и да попецаме. Така лабаво и релаксирано, дур речеш кекс веќе не стемни, а од терасата се префрливме внатре во куќата. Внатре како што иде ...уздуш и попреку рибарски моабети на сите страни за бојниците, за мрените, сомовите и краповите, како што иде се фати многу риба :D уз мезето, мариовско сиренце, зимски туршии, селско месо, пивце и винце и така животот се продолжува :)
Сабајлето кој неможеше да стане, кој не му се стануваше поради неактивноста на рибата. Ние што му се пуштивме утрото видовме минимална активност каде од едно 20-тина рибари кој беа на потегот за цел ден се извадија неколку попадичиња, неколку бојничиња и еден клен. Генерално рибата како да ја немаше, односно се очекуваше да почне да работи кога ќе се стабилизира водата која паѓаше, а тоа беше за неколку дена од нашиот престој. Но тоа не беше причина за добра дружба и релаксиран престој покрај реката. Одлично поминати два дена до некое следно идење во прекрасниот Мариовски крај.
Фото и Видео поздрав од Акирибар
Крапска дружба Рибар 2011 - БЕРСИН 2017
Почитувани колеги крапари,
Рибар 2011 со особена чест и задоволство по четврти пат ја објавува традиционалната крапска дружба која за првпат ќе се одржи надвор од границите на Република Македонија.
Зборното место овојпат ќе биде на атрактивна локација на 5км од Ќустендил во Р.Бугарија, односно езерото Берсин.
Целта е да се соберат љубителите на крапскиот риболов на едно незаборавно натпреварување и дружба, на улов кој секогаш го качува адреналинот од каде секогаш произлегува
и големата мотивацијата за еден голем пријателски крапски натпревар.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето за дружбата на „Рибар 2011“ е исклучиво на следниве телефонски броеви.
075/20 11 80 Диме
070/22 62 82 Гоце
075/22 20 30 Крсте
070/32 00 51 Филип
070/28 77 73 Здравко
Пријавените екипи ќе бидат запишани во темава веднаш штом потврдат пријава на некој од телефонските броеви погоре.
Максималниот број на пријавени екипи ќе биде 20, од кои 16 екипи од Македонија и 4 екипи од Р.Бугарија.
Екипите од Бугарија ќе се пријавуват кај нашиот Чичко Васил.
Крајниот рок на пријавување и уплата е до 31.03.2017
Сумата (котизација) за учество од екипа со 2-ца учесници иснесува: 60€ или 3.700 денари.
За уплата директно кај Гоце - Тафта 070/22 62 82.
ПРАВИЛА
- Секоја екипа е составена од 2-ца натпреварувачи.
- Правилата се стандардни, односно важат правилата на ФИПС (со одредени олеснувања кои ќе бидат соопштени пред почетокот на натпреварот).
- Се лови со 4 (четири) риболовни стапови.
ПРОГРАМА
Време на пристигнување:
ПЕТОК: - 19.05.2017 година
до 09:00 часот - Пристигнување на екипите на езеро и пријавување
од 09:00 до 09:30 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 09:30 до 10:00 часот - Подготовка за пристап на патека
10:00 часот - Пристап на патека
11:00 часот - Почеток на ДРУЖБАТА
НЕДЕЛА: - 21.05.2017 година
12:00 часот - Последно мерење
13:00 часот - Крај на дружењето
14:00 часот - Соопштување на резултатите и доделување на наградите со ручек на самото езеро
Саатницата е по македонско време.
НАГРАДИ
Наградите кои се доделуваат како пехари се предвидени да бидат врачени после натпреварот, односно за време на прогласувањето.
Пехари ќе има за првите 3 места и за уловена најголема риба.
За пехарите кој ќе бидат уникатни преголема благодарност однапред за Мики и ЛАПЛАСТ -М.
1 место : 2 Пехари
2 место : 2 Пехари
3 место: 2 Пехари
Најголема риба : Пехар
Наградата (пехарот) за најголема риба овојпат ќе биде доделена во чест на една големина од човек кој секогаш ќе биде со нас на вода - колегата Владо Андреев (Vlado MKD).
Мотивот да се освои овој уникатен пехар ќе биде преголем за сите нас!
Благодарност и до нашите помагатели KATRAN и PVA Hydrospool кој обезбедија награди за сите учесници.
- За првите 3 места исклучително добри награди (конци, пва, шок лидери итн.)
- За останатите учесници ќе се организира лотарија со подароци од KATRAN и PVA Hydrospool.
Од сопственикот на езерото Берсин бесплатен риболов за првите 3 екипи. Благодарност и до него.
Дополнителни награди во крапски производи за првите 3 места и од организаторот Рибар 2011.
Секоја пријавена екипа во дружбата, ќе добие по 2 уникатни (КРАПСКА ДРУЖБА РИБАР 2011 - ЕЗЕРО БЕРСИН 2017 ) маици за спомен.
Маиците ќе бидат ЛУДИЛО!
Подетално околу езерото БЕРСИН.
Езерото е 150км од Скопје. 6км после Ќустендил.
Мапа на езерото...
Клучно место каде треба да се сврти на патот кој директно води до езерото.
Дел од ланските улови и рибниот фонд на езерото...
Забелешки:
1.Бидејќи ќе преминуваме граница со премногу камп и риболовна опрема, задолжителен е список кој ќе биде унифициран и ќе мора сите да го пополниме индивидуално.
Секоја кола доколку има 2-ца учесници, ќе мора да пополни 2 формулари за поседување.
Истиот ќе биде поставен овде во темава за симнување со инструкции за пополнување како не би се двоеле и предизвикале компликации при излез и влез од границата.
2. Ќе се организира кола од Рибар 2011 кој на Деве Баир ќе ги пречека сите учесници за да границата се премине групно со цел да се избегне доцнење, компликации, и др. потенцијални проблеми при влез и излез на границата
3. Учество на 3-ет член кој секако ќе лови рамноправно, дополнително ќе се доплаќа 700 ден.
пс. проблеми нема, но сепак е граница и добро е да бидеме организирани и спремни.
Епа колеги, пријавувањето може да започне. БИСТРО!
Мини мушичарска секција
Масата подготвена:)
Најдобриот материјал за изработка на нимфи
Колегите
Дел од врзаните мушици за почеток на сезона
Најбрз начин за фотографирање на мушици
Кутиите наполнети и спремни за февруари 2017
Декемвриски бранцини
Причини еден куп човек да се тргне од ова секојдневие и да отиде малку на чист воздух.
Најголемата причина е да се испроба новата трска која штотуку пристигна од Москва.
Нејзиното цело име е Daiko Tidemark Artesano Evoltia TMAES 95/10
Првата ја имам веке подолго време и според мене тоа е најдобра трска за лов на бранцин. Лесна, екстра брза и доволно јака да се избори со било која риба која може да се очекува при морски риболов од обала.
Со вторава само ја надополнив евентуалната потреба за појака трска, за поголема риба и за фрлање на потешки мамци како поголеми стикови и површинци, понекој џиг.
На овој риболов се покажа дека воопшто не сум згрешил.
Времето прекрасно, за шетање, за жал не баш добро за риболов. Ок, јас не отидов баш за риболов, отидов да прошетам и да подишам малку нормален воздух. Башка со фамилијата, сам без риболовните другари ....
Сепак риболовот на море во декември ( а и воопшто ) за да биде успешен потребно е малку пораздвижено море.
Ова не беше баш тепсија ама немаше бран.
Успеав некако да се изборам за еден претпладневен риболов и правец улив на Пиниос.
Ма какво изгрејсонце, уште пред да изгрее бев тамо. Лесно е кога си на 30 км. од местото, тешко е кога си на 350 км како што обично е наш случај. Ладно ? Абе колку и да е ладно ке се издржи.
Пиниос, каков што треб да биде, релативно мал и подизбистрен.
Гледам или поточно наслушнувам, како да има активност и ајде да видиме што ќе се случува.
Прво фрлање, двапати завртувам со машинката и одма удар, вадам и што да видам само главата од силиконецот останала. Одма ставај нов, да не се губи време, втори фрлање одма пак удар, овојпат ни главата не ја извадив, го прегризала флуокарбонот. Ајде по темница врзувај копча, ем ладно ем ти се брза ... Зазорува
Никој жив на улив. Од една страна добро а од друга значи дека не се вртела риба тука деновиве инаку ке вриеше од риболовци...
Фрлам пак и фрлам и фрлам и можно ли е да отиде рибава за 5 минути ?!?!?
Тука е. Ја имам на трска, скокна неколку пати и еве ја
Убава стрелка.
Ама силиконецот за во ѓубре.
Додека сменив поминаа пак неколку минути и како да ја снема рибава. Веке се раздени и сонцето изгреа.
Изнадојдоа и други рибари се испонаместија со дубинките. Дали можеби они ја исплашија ???
Еден саат флање без никаква активност и решив малку да сменам и да го побарам бранцинот.
Тој обично е доле на дно па решив да го барам со потешки силиконци.
Seabass Candy на Драшко Клачар се покажаа одлични
Набрзо на истиот силиконец се закачија три комада
Искрено не сум го форсирал многу но во иднина ке му давам добра минутажа, се покажа овојпат.
До пладне се собраа доста рибари а јас некако задоволен од сабајлешниот улов се спремив за заминување.
Сепак ова беше продолжен викенд со семејството а тоа што скубнав неколку часови на риболов беше само бонус.
За крај и една слика на инвалидите кој што верувам дека ке успеам да ги оспособам за некој нареден риболов.
Неколку силиконци завршија во устите на зубатиците и на нив им нема спас.
п.с.
Овојпат воопшто не ловеа воблери. Останатите рибари што пристигнаа подоцна форсираа воблери и оние нивни направии со васеркугла и Raglou и ништо не уловија. Силиконецот треба да се стави на прво место за бранцин.
п.п.с
Зубатицата и бранцинот не одат заедно. Ако има зубатица нема бранцин и обратно. Имаше пауза од ударите, кога ја снема зубатицата и активноста на површина ( рано наутро ) помина добри два часа додека се појави бранцинот.
п.п.п.с
На улив на река не фунционираат површинци.
п.п.п.п.с.
На улив на река морската риба е во долниот дел на уливот. Тамо е морската вода, потешка е од слатката.
Запамтете ги овие пост скриптуми.
Ајде сега да видиме кој победил на избориве....
Новогодишна лицитација на форумот на ribar.com.mk
Почитувани риболовци,
На форумот на ribar.com.mk вчера започна традиционалната новогодишна лицитација со која се собираат дополнителни средства кои РИБАР 2011 ги користи за порибување на водите во Македонија. Годинава порибивме неколку води, а сумите потрошени на порибување беа далеку над собраните средства од ланската лицитација. И годинава ќе го направиме истото. Лицитацијата ќе трае до 30.12.2016
Повелете во разделот за новогодишна лицитација, дајте го својот допринос за порибувањето во Македонија.
Бистро