Крапска дружба Рибар 2011 - БЕРСИН 2017

Крапска дружба Рибар 2011 - БЕРСИН 2017

Почитувани колеги крапари,

Рибар 2011 со особена чест и задоволство по четврти пат ја објавува традиционалната крапска дружба која за првпат ќе се одржи надвор од границите на Република Македонија.
Зборното место овојпат ќе биде на атрактивна локација на 5км од Ќустендил во Р.Бугарија, односно езерото Берсин.
Целта е да се соберат љубителите на крапскиот риболов на едно незаборавно натпреварување и дружба, на улов кој секогаш го качува адреналинот од каде секогаш произлегува
и големата мотивацијата за еден голем пријателски крапски натпревар.

Image

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето за дружбата на „Рибар 2011“ е исклучиво на следниве телефонски броеви.

075/20 11 80 Диме
070/22 62 82 Гоце
075/22 20 30 Крсте
070/32 00 51 Филип
070/28 77 73 Здравко

Пријавените екипи ќе бидат запишани во темава веднаш штом потврдат пријава на некој од телефонските броеви погоре.
Максималниот број на пријавени екипи ќе биде 20, од кои 16 екипи од Македонија и 4 екипи од Р.Бугарија.
Екипите од Бугарија ќе се пријавуват кај нашиот Чичко Васил.

Крајниот рок на пријавување и уплата е до 31.03.2017

Сумата (котизација) за учество од екипа со 2-ца учесници иснесува: 60€ или 3.700 денари.
За уплата директно кај Гоце - Тафта 070/22 62 82.

ПРАВИЛА

- Секоја екипа е составена од 2-ца натпреварувачи.
- Правилата се стандардни, односно важат правилата на ФИПС (со одредени олеснувања кои ќе бидат соопштени пред почетокот на натпреварот).
- Се лови со 4 (четири) риболовни стапови.

ПРОГРАМА

Време на пристигнување:

ПЕТОК: - 19.05.2017 година

до 09:00 часот - Пристигнување на екипите на езеро и пријавување
од 09:00 до 09:30 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 09:30 до 10:00 часот - Подготовка за пристап на патека
10:00 часот - Пристап на патека
11:00 часот - Почеток на ДРУЖБАТА


НЕДЕЛА: - 21.05.2017 година

12:00 часот - Последно мерење
13:00 часот - Крај на дружењето
14:00 часот - Соопштување на резултатите и доделување на наградите со ручек на самото езеро

Саатницата е по македонско време.

НАГРАДИ

Наградите кои се доделуваат како пехари се предвидени да бидат врачени после натпреварот, односно за време на прогласувањето.

Пехари ќе има за првите 3 места и за уловена најголема риба.

За пехарите кој ќе бидат уникатни преголема благодарност однапред за Мики и ЛАПЛАСТ -М.

1 место : 2 Пехари
2 место : 2 Пехари
3 место: 2 Пехари

Најголема риба : Пехар

Наградата (пехарот) за најголема риба овојпат ќе биде доделена во чест на една големина од човек кој секогаш ќе биде со нас на вода - колегата Владо Андреев (Vlado MKD).
Мотивот да се освои овој уникатен пехар ќе биде преголем за сите нас!

Благодарност и до нашите помагатели KATRAN и PVA Hydrospool кој обезбедија награди за сите учесници.

- За првите 3 места исклучително добри награди (конци, пва, шок лидери итн.)
- За останатите учесници ќе се организира лотарија со подароци од KATRAN и PVA Hydrospool.

Од сопственикот на езерото Берсин бесплатен риболов за првите 3 екипи. Благодарност и до него.

Дополнителни награди во крапски производи за првите 3 места и од организаторот Рибар 2011.

Секоја пријавена екипа во дружбата, ќе добие по 2 уникатни (КРАПСКА ДРУЖБА РИБАР 2011 - ЕЗЕРО БЕРСИН 2017 ) маици за спомен.

Image

Маиците ќе бидат ЛУДИЛО! :ok_ok:

Подетално околу езерото БЕРСИН.

Image

Езерото е 150км од Скопје. 6км после Ќустендил.

Image

Мапа на езерото...

Image

Клучно место каде треба да се сврти на патот кој директно води до езерото.

Image

Дел од ланските улови и рибниот фонд на езерото...

Image

Забелешки:

1.Бидејќи ќе преминуваме граница со премногу камп и риболовна опрема, задолжителен е список кој ќе биде унифициран и ќе мора сите да го пополниме индивидуално.
Секоја кола доколку има 2-ца учесници, ќе мора да пополни 2 формулари за поседување.
Истиот ќе биде поставен овде во темава за симнување со инструкции за пополнување како не би се двоеле и предизвикале компликации при излез и влез од границата.

2. Ќе се организира кола од Рибар 2011 кој на Деве Баир ќе ги пречека сите учесници за да границата се премине групно со цел да се избегне доцнење, компликации, и др. потенцијални проблеми при влез и излез на границата

3. Учество на 3-ет член кој секако ќе лови рамноправно, дополнително ќе се доплаќа 700 ден.

пс. проблеми нема, но сепак е граница и добро е да бидеме организирани и спремни. :lepi:

Епа колеги, пријавувањето може да започне. БИСТРО!


Медија

Прегледано 9411 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija