RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Понеделник, 19 Септември 2016 13:03

Повторно уловена пирана во Дојранско езеро

Во петокот, во близина на с.Николиќ на Дојранско езеро, повторно е уловена пирана во мрежа од страна на стопанските риболовци. Фотографијата е направена од татко на член на форумот на РИБАР и е автентична.

 

Изминатиот викенд во Пловдив, Бугарија, се одржа светското првенство во риболов во дисциплина “пливка“. Македонската репрезентација зема учество на ова првенство и го освои 16-тото место во вкупна конкуренција, што е најдобар успех на Македонската репрезентација досега на светските првенства во дисциплина “пливка“. Честитики за момците кои ја претставија Македонија.

 

Вторник, 06 Септември 2016 09:33

Едукација на млади кадри - одсек штука

Моментот кога син ми дозна дека на одмор ке одиме во Ставрос , почна со пакување на риболовната опрема . Уште не тргнати почнаа прашањата " кога ке одиме на Агитис "
" колку пати ке одиме " :D :D :D ... Јасно даде до знаење дека планира дел од времето да го помине и во риболов . Иако немам обичај да носам опрема на одмор , овој пат бев приморан

Не го дочека вториот ден , веке почна да прашува кога ке одиме ... и се знае , пали колата и правац Агитис .
Водата беше одлична , не многу голема . Некои места се изгубија но се отворија некои нови квалитетни места за штука .
Спинерите и кашиките почнаа да летаат и се појавија првите удари . Неколку изгубени но и уловени штуки . Задоволството на високо ниво :D

Како синот е задоволен , мора и татко му да биде задоволен.

Тука заврши нашата попладневна прошетка по Агитис , но не држеше многу :hit_head:
по неколку дена почнаа повторно прашањата кога пак ке одиме :lol: :lol: :lol:
Што се мора не е тешко , ме радуваше фактот дека се повече е заинтересиран за риболовот .

Вторта кампања ја направивме исто попладне од 17:00 до 19:00 часот ... водата беше уште падната и активноста на штуката беше доста намалена .
Но среќата ги прати храбрите :)

Задоволството повторно беше големо , преубава природа и убава вода богата со риба .
Не испрати убаво зајдисонце за разубавување на целата кампања :D

Поздрав и Бистро до следниот риболов

Вторник, 06 Септември 2016 09:29

Малите пастрмски реки на Македонија

Летово со Емил имавме прилика да посетиме повеќе мали рекички низ Македонија на кои може да се мушичари пастрмка.
Најчесто се ловат мали пастрмчиња, а знае да изненаде и некоја “голема“ за таква рекичка, од 300-400 грама

А вакви се неочекуваните

На една од тие рекички прв пат видовме и се запознавме со “рибата“ која се вика змијорка. Риба/змија/паразит во едно :)

На една од тие рекички успеав прв пат да уловам две риби истовремено :)

А една од поубавите работи која го следи риболовот во дивина е...

И уште неколку фотки од рекичките

Бистро :)

п.с. од рекичките не е земена ниту една риба до сега од мене и Емил

Вторник, 06 Септември 2016 09:16

Шаранско Шосе - Агов Дол

Годинава почна релаксирано на риболовен план. Неколку кратки излети, дружењето на Мавровица, спин посети во соседството и после сето ова нормално следуваше планираното за оваа година. Посети надвор, слободен риболов и некој натпревар...како се најде термин и време, така да напаѓаме. Неколку води ги земавме во предвид кој сакаме да ги посетиме надвор од државава, а како прва на календар ја ставивме Агов Дол, која лани на натпреварот во
Бугарија ни остави добар впечаток.

Се споија коцките, во комбинација влезе и Ховиц кој беше изгорен за риболов и опцијава му дојде како 1 на 10-ка.
После договорот почнаа подготовките, нормално прво боилата беше на ред. Се решивме за 18-ки црвени 10кг и жолти 10кг. :)
Се распоредивме дополнително кој што да набави и спреми, се скоцкавме во џипот на Тафта со опрема и правец Враца (Агов Дол).

Веќе беше договорено тамо со сопственикот Марио и веќе 12 часот напладне биравме позиција.
Езеротo не пречека тепсија...
Се одлучивме за позиција 8 од купот која е малце со поголема далечина бидејќи езерото тука се проширува.
Се наместивме до бунгаловот кој ни олесни многу да не отвораме ниту шатор, ниту тенда и комоцијата која беше
внатре беше уникатна. 2 маси, стреа и 2 кревети со душеци. ЛУДИЛО!

Отпакувавме опремата и почнавме со работа.

За брзо веќе беме сетирани, 3 позиции со екстра распоред за работа на 2 боили.
Ховиц десно на отворено ја работеше сам жолтата која е малце поспора, јас во средина а Тафта лево.
Тука комбиниравме нешто дополнително кој за вакви води каде рибата бара месо/протеин беше неизбежно од инфото кој го добивме. И секако излезе правилно...

Така фино сработено за добар старт и нормално ако добро стартуваш, одма резултат и тоа страшен....за 2-3 часа.
Ран –Филмски и веќе го имав во раце десниот параболик кој одма при дигање го осетив дека имам нешто
потешко и помасовно на јадица.

После добри неколку дрила, тешки ковања надолу...успешно изваден крап од 15кг. Без 200гр.
Старт од соништата, секој би посакал ваков старт...ДЕЛФИН.

Пошо никој неќеше да ме снима и да ми направи еден клип, навјеројатно од адреналин..имам само 2 клипа
за разлика од нивните 6-7. Ова пуштање и уште едно кепање. Веќе не ги снимам!

После добриот старт, некако се смири се. Падна активноста и падна мрак. Прва ноќ!
Расположението на највисоко ниво и нормално се припрема мезе...

Разноврсни салатки со пинџурче, сланинче, сиренце па па...не можеше, а да не се пецнеме со домашната
на Ховиц – ракија, се разбира.:D Како да не чекаше да замезиме и одма почна активноста...но ништо сериозно.
Крапчиња до 3 кг, амури неколку до 4кг... Активност имаше цела ноќ. Таман си се утврднал, свири сигнализатор.
Амурот беше чуден и на оваа вода очигледно не се вика grass carp, се вика meat carp. Удари само на црвената! :D

Ноќта помина без 10+, но солидно не дрмаше и не држеше на штрек, милина...
Нов ден, ново сонце...
Вечерта останавме само на мезе, па затоа утрински Ховиц реши да не награди со неговото познато рибарско болоњезе. :D

Имавме на 2-3 км продавница каде си набавуваме ладна вода и ладно пиво. :D
Мора да се наздрави во име на куварот. Бугарска бирка после вакво јадење легнува перфектно!
Тафта веќе најаден, чека удар.

Се уште беше мирно, без значителна активност. Времето ПЕКОЛ, просто не се дишеше.
Верувале или не, за 72 часа испивме/искористивме преку 100 литри течност! :crazy:
Не посети и сопственикот Марио, екстра човек – вистински крапар. Кажуваше за авантури,
некој совет за подобра ефикасност и си направивме муабет за буквално се околу крапскиот риболов.
Искрено да имаше некој овде ваков, ќе беше БОГ И БАТИНЕ меѓу нас. Секоја му чест. :lepi:

Со него носеше од романските карбонски кобри кој само што му пристигнале и не ја пропуштивме шансата да ги тестираме.

Стивна малце времето, а со тоа се зголеми и активноста...
Акција насекаде, грото крапчиња до 4 кг. И повторно по некој амур. Но сеуште немаше 10+....

Така беше се ноќта до 2 часот по полноќ каде се појави и бабачкото кој го чекавме од минатиот ден.
Овој нешто помал, но добро е ...почнува да се јавува.

Тафта со уловот од 10.500 кг.

Морам да напоменам дека за прв пат, после незнам колку обиди да уловам на Копенс, дојде и тој ден.
Удираше и на 2 пелети, а и на комбинација ваква...

Дојде и ново утро, Рино беше тука со нас цело време. Сите боили ги тестираше успешно.

Каква екипа... не ги мењам ни за Тери Едмондс и Марк Хатчинсон

Утрото повторно акција, крап – амур и обратно...почнаа и поголеми амури и крапови до кај 6 кг.

До кај 9 часот беше удари на 3 трски насекаде, но потоа проработе жолтата боила кај Ховиц. :D

РАН НЕЗАБОРАВЕН, УШТЕ МИ ЗВОНИ У ГЛАВА!!! :crazy:
Тафта КАКО СЕРГЕЈ БУБКА со 125кг, СКОКНА и само што се свртев го гледам веќе почиња да дрила....:D

Уживајте во видеото со вадењето на КРАП 14.100кг.

Фотосесија неизбежна, Tafta's personal best. :D

Нормално и Ховиц на кадро, заслужи...ја сработе жолтата ПЕРФЕКТНО!

Го погаливме, го истинтравме и назад во вода. Лицата насмеани и среќни. :D

Само што решив да одморам, им тргна на овие 2-ца. Удар за удар. Жолта, па црвена и обратно...Салата.

Ховиц имаше риба живота на трска, но за жал и откачувањето е составен дел од риболовот. Совршено нема.
Но, од вакви работи се учи. Секоја изгубена риба е школо.
Држеше 15+ сигурно..штета!

Но одиме понатака, нема разочарување. Што е, тука е... ќе си дојде тој.
Но набрзо ги орасположи и едно мало сомче кое му се јадело јаглехидрати, Ховиц тргна по крап - но улови и сом...еехеееј. :D

Во најжешкото пак, имаше таков ран што сигнализаторите мислам дека ќе експлодираат. :o
Тафта под сенка кулирајќи се штрека и така му се здаде да трча, што мислам дека ќе го
извадеше надвор со едно повлекување. :lol:

После кратка борба од 5-6 мин. и овој се прости со нас.

Голема риба, но за жал и ова не беше наше.... :(

Видео од откачувањето на Тафта...

Но тоа е тоа, разочарувањето поминува одма при следниот удар.
Ховиц како најактивен повторно позитивно изненади и со оваа риба...

Додека бевме со Тафта до селото да набавиме ладна вода и други намирници, Ховиц сам го извадил, го укепал и го ставил во сак за сликање...БРАВО!

Крап 5,700 кг.

Но, само што се сликаше и го врати назад...Ховиц повторно во акција.... :D

Амур 5-кг.

Тоа е тоа, задоволството е уникатно и впрочем затоа сме забегани по сето ова.
Затоа го сакаме и затоа со толку голема страст се пристапува.
Почна да замрачува, а од тука и по некој облак се појави.
Се спремаше невреме, електрични празнења, грмотевици го осветлуваа езерото.
Се прибравме под бунгаловот, со спремивме за невреме и оставивме работите сами да се одвиваат.

Престанавме со крмење, удривме по некоја со добро мезе и некаде кај 23:00 веќе имаше убав ран.
Се пуштив шпринт по дождот и излезе еден крап од 6,200кг.
Некако фалеа тие до кај 7-8кг.

Застана активноста после ова, па некаде кај 01:00 така јако сите 3-ца пецнати се екнавме у кревет.
НОКАУТ до сабајлето до 6 часот!

Станувам таков кафе да правам, коа загледав кај мојот сет, гледам еден свингер паднат.
Одам, кревам...ОПААА, брате па ово нема ни у БЕОГРАДУ. :D
Наспан, одморен, станувам а веќе риба ме чека.

Како го возам накај мене, така се повеќе отпор ми дава…осетив дека е нешто поголемо и повнимателен бев со оглед на фактот дека незнаев колку време стоел закачен, па екстра претпазливо го донесов до брег. Укепан и изваган. 12.100 кг.

Застана активноста после ова, па некаде кај 01:00 така јако сите 3-ца пецнати се екнавме у кревет.
НОКАУТ до сабајлето до 6 часот!

Станувам таков кафе да правам, коа загледав кај мојот сет, гледам еден свингер паднат.
Одам, кревам...ОПААА, брате па ово нема ни у БЕОГРАДУ. :D
Наспан, одморен, станувам а веќе риба ме чека.

Како го возам накај мене, така се повеќе отпор ми дава…осетив дека е нешто поголемо и повнимателен бев со оглед на фактот дека незнаев колку време стоел закачен, па екстра претпазливо го донесов до брег. Укепан и изваган. 12.100 кг.

Полека се спакувавме, се поздравивме со Марио, се сликавме за спомен и истовремено му честитам на храброст и
енергијата која ја има за да одржува една ваква вода.

У кола и правец Софија кај чичко Васил. Нормално, неможе да биде едно вакво крапско задоволсто
комплетно ако не влезеш во некој од софиските продавници и малку поужуваш во излозите и нормално
збичкаш некој лев. Овој пат “При Мајсторите”...

Еве некој фотка...

Одма спраштивме накај Паланка на ручек кај кумашинот на Тафта, удривме некое пиво, апнавме и правец накај Скопје.

А, сликава е доказ дека целава кампања била успешна.

Да беше обратно имаше да биде сочна дискусија до Скопје! :D

Но, да сумирам...
Се извадија преку 30 риби, се фаќаше на предвези 20 см, 4-ки јадици FOX KURO, Наша боила 10 кг,
Сквид + Шелфиш+Белашан, 10кг. ТОП банана 50/50 – СА Мурбери + Ананас, Копенс Халибут пелети 1кг (само на влакно и ПВА).
35-ка конци, се фаќаше на 90 и 110м.
Пченка не се фрли ниту едно зрно, се работеше само со кобра и пва.

Фрливме боила 16кг. (благодарност до Милчо за помошта за ролање и варење)
За да не собере во џипот (благодарност до Кременадла за тулето и помошта при монтажа)
За да ни се договори се на Агов Дол (благодарност до чичко Васил ).

Шаранскo Шосе - Агов Дол или во превод Крапска улица – Агов Дол.

Бистро на сите до следната авантура, каде се надевам дека ќе има и 20+.

Вторник, 06 Септември 2016 09:11

Незавршена приказна-бранцин

После подолго време и јас да ставам една репортажа.
Не дека не сме имале и други риболови е не дека не сме фатиле ама оваа треба да остане забележана.
Иста ,, шема ,, на летен риболов во Грција на море, тргнување од Скопје на попладне, за да се фати попладнето и да се риболови до кој колку може касно во вечерта, малку одмор и пробување да се отспие и повторно пред изгрејсонце, уште една рунда на риболов.
Собирање кога веќе запекло сонцето, снемало удари, болат раце и нозе, чешаат убодите од комарци...
Местото на риболов овојпат е Алики

Неколку км. под уливот на Бистрица во море, всушност е марина за чување на рибарски чамци но пред неа има два долги заштитни докови.
Од страните се плитки песочни плажи.
Всушност идеално место за риболов на бранцин бидејки има и камен има и песок, не е длабоко а има и вегетација во водата. Веднаш се осеќа дека ова место држи риба а и се гледа по тоа што има прилично рибари кој ловат најчесто на дубинки.

Срган набрзо по пристигнувањето ја закачи првата риба, мала стрелка ( Bluefish) додека уште беше дење.
Очекувавме дека со доаѓањето на вечерта ке снемува стрелки но ке се појавуваат бранцини. ТАка и беше бидејки ова беше и единствената стрелка што ја уловивме.
Но со сигурност тврдиме дека има и други и тоа многу поголеми.

Имаше бегање на риби и напади како од филм а пред самите наши нозе беше преполовено ова кутро кефалче.
Стрелката е чудовиште.
Досега сум имал среќа да фатам стрелка до два кг. и за среќа удирале на долги минноњ облици на воблери па не го имаат дофатено и конецот, инаку нема конец или ФК што би можел да го издрѓи овој угриз.
Како со ласер пресечено.

Како што се стемнуваше така почна и бранцинот да се покажува дека е тука.
Имаше неколку нереализирани удари, Срган извади еден помал и потоа удри овој

Убаво парче од 2 кг.

Удри на Daiwa од 9 cм Current master

Одличен воблер кој за својата големина и тежина одлично се зафрлува благодарение на оловниот трансфер систем кој сто го има во себе.
Како се стемнуваше имаше се повеке удари, откачувања но и неколку уловени бранцини.

Овој удри на силиконец Nomura ( Проспорт ) на 20 гр. глава од Savage Gear.
Се редеа уловените главно на силиконци ( така и треба навечер се тие фаворити )
Топло ги препорачувам силиконците на Savage Gear - Sand Eel i Black Minnow нa Fiiish.
Уште не беше вистински зазорило го имав мојот најголем бранцин на трска.
Прекрасно чувство на борба со вистински противник.
За жал немаме слики од самата борба туку само откога беше изваден на сигурно, знаевме уште кога удри дека е голема риба и бевме насочени кон тоа да ја извадиме а не да сликаме нешто што не ни знаеме колкаво е.
Како што се појави сонцето толку беше од риболов на силиконци, се вратија воблерите во игра.
Но и тие за кратко време бидејки како што затоплуваше се намали и активноста на бранцинот.
Толку беше.
Вака изгледаше целата лепеза од риби уловена тој ден.
Најголемиот беше 71 цм и 4,4 кг.

Следуваше најтешкиот дел, враќањето дома.
Некој мораше и да вози назад а некој друг беше многу уморен
Репортажава ја крстив незавршена приказна, затоа што за мене овој вид на риболов е како една приказна која нема крај и која се надевам ке има уште делови....

Вторник, 06 Септември 2016 09:08

Штуки ...серија 1

Прекрасно јулско утро , измислено за риболов :D :D :D
малку ни требаше да договориме риболов на Агитис . Веќе на полноќ бевме товарени и спремнио за поход :)

Не пречека убава глетка ... изгрејсонце кое може само да се посака

Стигнавме на локација , трските спремни за една минута , договор кој со каков мамец ке почне и забавата можеше да почне .
Имавме прекрасни удари , се редеа и се откачуваа убави штуки, кленови и по некој буцов

Неколку слики од уловите и се разбира ... уловот на денот , мастер Никола Танчев Кољо со уловот за личен рекорд , штука од 120 сантиметри и 7,1 килограми

Бистро до следната репортажа

Вторник, 06 Септември 2016 09:02

Мушичарска репортажа 3

Вчера повторно бевме на Радика. Од Скопје тргнавме јас, Пепи и Цакуле, а од Охрид Емил и Јулио. Имавме информации од Тврдко кој беше таму во саботата дека реката се заматила од дождот кај Нистрово, ама се надевавме дека ќе се избистри до неделата.
Сабајлето се најдовме во 05:30 кај Скудриње, се распоредивме кој каде ќе лови и тргнавме кон реката. Реката за жал беше утре доста матна, кафеава. Се разочаравме тотално. Но, после второ фрлање имав удар од убава пастрмка, која ми се откачи на вадење. Брзо после тоа извадив уште 2 парчиња. Рибата беше расположена за јадење :yahoo:
Со Пепи и Цакуле го делкавме делот над Бошков мост до Скудриње, а Јулио и Емил отидоа прво кај Скудриње, ама ја виделе водата многу матна и продолжиле нагоре над Жировница.
Ловевме во прва смена до кај 14:00 кога стигнавме на зборно место кај Музо во Скудриње, до тој момент имавме фатено по 10-15 парчиња секој. Нe се сликавме многу, само инцидентно кога некој од нас одмараше, а тој до него ќе уловеше риба. Заборавивме дека треба да направиме репортажа, ама кога видов дека Јане пак ставил, мораше и ние да ископаме сликите од телефоните и да направиме една. Нема смисла да има нова крапска после викенд, а да нема мушичарска. Секако од спин и тапа одамна не сме виделе ;)
Рибата работеше убаво, ама поголеми парчиња не се јавија. Околу 11 почна да се бистри реката, до 14-15 беше веќе бистра. Сите удари во прва смена беа на принц нимфа, освен 2-3 случаи кога удри по некоја риба и на црвен фазан, ама тоа откако се избристри реката, претходно удираше само на принц, не сакаше на ништо друго.
Инаку, интересен момент беше сабајлето кога се спуштавме кон Радика од Маврово и Цакуле во кола рече “еј, абе јас сум ја заборавил трската дома“ :)
Среќа, носев резервна па имаше со што да лови дента.

После прва смена, седнавме кај Музо во кафана. Тврдко ни се придружи и како вистински “домаќин“ од Радика, не послужи со свеж јагнешки џигер плус по некоја кобасица и плескавица. Мислел човекот на нас, дека ќе дојдеме гладни и изморени :) Поседевме 2 саата во кафана, во меѓувреме се појавија облаци, па почна да врне, па да истура, па пак да врне и околу 16:30 отидовме по позиции да ловиме на сува. Во меѓувреме се случи уште еден пех, Пепи поради невнимание при расклопување, го распука спојот на едниот дел од трската :( Попладнето не гледаше мене и Цакуле и по малку фрлаше со нашите трски, улови и тој некоја риба иако беше без трска.

Ние тројца отидовме околу Бошков да ловиме, а охриѓаниве отидоа едно 500-600 метри над нас. За жал тие слабо поминале на сува, извадиле по 1-2 рипчиња и имале по неколку промашувања. Водата повторно се замати малку, ама тоа изгледа не и пречеше на рибата. За разлика од кај охриѓаните, кај нас рибата збудале, иако немаше големи парчиња, освен што јас и Цакуле откачивме по една голема (ловевме на суви мушици на многу мали јадици), сепак извадивме по 10-15 парчиња на сува. За жал, не сакаше големи мушици, па ловевме на 16, 18 и 20-ки, затоа имавме и многу промашувања и откачувања, можда по 30-40 :mrgreen: Не сликавме пошо збрлавевме :) Единствена слика направи Цакуле кога се сменија со Пепи.

Од едукативниот дел на репортажата, ќе ги издвојам мушиците кои дента беа ловни.

Тргнав спремен со повеќе нијанси на фазани, копери и принцови.. Дента беа ловни исклучиво принцовите

Јас ловев исклучиво на суви ЦДЦ еднодневки направени на #18 јадици

Цакуле и Пепи ловеа прво на ред таг, па после почнаа и тие на ЦДЦ еднодневки на 18 и 20

Бистро на сите до следната мушичарска репортажа

Вторник, 06 Септември 2016 09:00

Мушичарска репортажа 2

Летово со Емил бевме неколку пати на Радика. Претходната репортажа се случи пред балканското на Тара, а оваа репортажа е од крајот на јули, кога рибата стануваше се помалку активна поради топлото време.

Теренот познат, најубавиот крај во Македонија, риболовна техника мушичарење :) Се ловеше со нимфи во текот на денот, фаворити беа фазан и копер џон, а на стемнување на сува, иако беше послабо од претходно, со оглед на минималното роење на инсекти на стемнување.

Неколку фотографии од теренот и уловот, Радика е рај за очи :)

Понеделник, 29 Август 2016 08:16

Пирани во Дојранско езеро

Повеќе рибари кои ловат во Дојранското Езеро велат дека биле каснати од непозната риба, за која се уверени дека е озлогласената пирана, опасна риба која живее во јужноамериканските реки.

Рибарите се во паника, а според нив на еден нивен колега дури и му бил откинат прстот. За друг пак, тврдат дека бил каснат од пирана на раката, кога сакал да ја отплетка невообичаената риба од рибарската мрежа.

На форумот на ribar.com.mk се појавија фотографии од уловените пирани, како и тврдења дека и претходно се случило колеги рибари да извадат. Најверојатно се работи за аквариумски пирани кои се пуштени од некој несовесен човек.

Тимот на РИБАР направи истражување за овие пирани, наречени "Red-bellied piranha", односно пирана со црвен стомак. Овие пирани се хранат со инсекти, црви и риби. Не живеат во многу големи групи и немаат напаѓачки инстинкт како некои други нивни “роднини“. Познати се случаи кога имаат нападнато нутрии или чапљи, но не и луѓе. Инаку се доста популарни како аквариумски риби.

 

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija