Опуштено во Мариово

Опуштено во Мариово

После две три одлагања конечно успеавме да се склопиме да тргнеме накај Мариово. Знаевме дека не јаде како што јадело пред 2-3 недели, но слободното време не прашува кога да дојдам, а кога ќе дојде мора да се искористи, макар и само да бидеш покрај вода.

Се забравме накај 4 и фативме џенем накај Мариово, таму не пречека Сашо концесионерот на Црна Река во тој дел кој секогаш бил одличен домаќин, пред се поради тоа што е единствениот концесионер кој од кога ја зема концесијата изгради куќичка на сама река и човекот е постојано таму, контролира, работи, едноставно таму живее....е тоа е живот луѓе мои, постојано покрај река да го слушаш и гледаш движењето на реката, скоковите на рибата и целосно да уживаш во природата. Дополнително опушање таму е што тешко каде фаќа мрежа, така што мобилните се во аут, можеш слободно да се опуштиш од модерниот живот.

Стигнавме на река, си седнавме кај Сашо, по една ракиичка, по едно кафенце, добивме инфо дека не јаде поради високиот водостој изминатите денови, ама што е тука е, сме дошле, лабаво ќе се испробаме да го најдеме. Тргнавме да го чешламе теренот, на едно, на друго место, крма ваму, крма таму, бојникот го немаше никаде, нит да скокне, нит да удри. Но, затоа тука беше терасата на Сашо каде уз моабет, уз кафе, гравче, пивце можеше да ја следиме реката, рибарите што се трудеа да прелажат некоја риба и да гледаме дали ќе скокне некаде да му се пуштиме. Во меѓувреме дојде и Злате од Битола да се видиме, да си поседиме, па и да попецаме. Така лабаво и релаксирано, дур речеш кекс веќе не стемни, а од терасата се префрливме внатре во куќата. Внатре како што иде ...уздуш и попреку рибарски моабети на сите страни за бојниците, за мрените, сомовите и краповите, како што иде се фати многу риба :D уз мезето, мариовско сиренце, зимски туршии, селско месо, пивце и винце и така животот се продолжува :)

Сабајлето кој неможеше да стане, кој не му се стануваше поради неактивноста на рибата. Ние што му се пуштивме утрото видовме минимална активност каде од едно 20-тина рибари кој беа на потегот за цел ден се извадија неколку попадичиња, неколку бојничиња и еден клен. Генерално рибата како да ја немаше, односно се очекуваше да почне да работи кога ќе се стабилизира водата која паѓаше, а тоа беше за неколку дена од нашиот престој. Но тоа не беше причина за добра дружба и релаксиран престој покрај реката. Одлично поминати два дена до некое следно идење во прекрасниот Мариовски крај.

Фото и Видео поздрав од Акирибар


Медија

Прегледано 7843 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija