RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

Почитувани,

Ве известуваме дека 33- та Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 17.04.2016 година во спортската сала Борис Трајковски со почеток во 11.00 часот во Скопје.

Повеќе информации со кликање на следниот линк: СОБРАНИЕ НА МРФ

Со почит,

ЗРСРК РИБАР 2011

Недела 10.01.2016 на Мавровско езеро прекрасно утро. Сонцево мирно подоцна почна малку ветер.
Езерото е многу големо, годинава ќе биде водостојот на максимум изгледа.
Локација на риболов пред Леуновска брана. Покрај убавите пејсажи имав и два удари, од кои еден беше реализиран.
Мамец: Vobler MEGABASS FX 6.6

Саботата 08.04.2016 год. беше среќен ден за рибарот Науме.
На 50м од мостот во с.Таш Маруништа м.в. Брод беше уловен редок пример на карас и тоа златен.
Усидрен покрај коритото на Црн дрим од тука каде што практично започнува и акумулацијата рибарот Науме успеа да го улови овој златен карас на глиста.
Останува предизвикот на сите Вас да дојдете на Глобочица и да си ја испробате среќата кој знае можеби и Вие ќе успеете да уловите златна рипка!

12932688 10209664800915934 6173189110195938862 n

Среда, 13 Април 2016 12:44

45 км .на едно тркало by Oki ribar

Риболов на наш начин, денешниот ден решивме да го поминеме на Дојранското езеро да видиме што се случува на него во еден убав, топол и сончев ден, времето како од бајка услови за риболов одлични па решивме да ловиме Караш риба која барем по мое мислење прави добар мерак на вадење од вода.
Како и секогаш малку сликовито за овој наш излет кој почна во раните утрински часови поточно во 01 часот по полноќ, и сега ќе се запрашате зошто стасавме во Дојран во 05 наутро, кога ке ги погледнете последните две фотографии се ке ви се разјасни. Од пред ..Удово.. ни се дупна левата гума на приколката од чамецот и како и обично ..не ..носиме резервна зошто државичкава ни е мала па можеме да поминеме ..45..км на ..ЕДНО ТРКАЛО..резултатот од гумата, само бандаш кој ..искри..како брусалка, среќа што патувавме по темница инаку ке имаше смеење за сите пари, не видоа само неколку минувачи кои секако се збунети, не е битно, сепак денот убаво си го поминавме имаше добар улов, ладна ..фрижидерка..добра салата и на крај една скара.

Еве и некоја фотка со прекрасно почнатиот риболовен ден на Дојранско, нешто од опремата и мамците и секако некоја рипка која ни го разубави денот, се разбира и одма заборавивме на гумата.

Направивме и едно кратко клипче за долго сеќавање на тој убав риболовен ден.

Солидни примероци на риба кои го виткаа врвот на трската и ни направија мерак при вадење.

Што да кажам освен ..ПАЛАЧИНКА..и сепак не се колебавме ,и нервиравме го свативме ова како зезање и Жацо машки извози 45 км на едно тркало, само ако те сопреа колегите ке имаше смеење и ден денес.

Се гледаме на вода поздрав Оки рибар, Горан жацо и Даце живели

БИСТРО

LOGO RIBKRADCI 233Ве известуваме дека по иницијатива на повеќето активни членови на форумот на (www.ribar.com.mk) со голем ентузијазам, големи замисли како да се променат некои работи во нашиот Македонски риболовен свет и со единствена цел да имаме уште една форма повеќе преку која би ги реализирале нашите цели, во декември 2011 година формиравме ново спортско-рекреативно риболовно здружение РИБАР 2011.

Здружението го формиравме со единствени заеднички цели: нашите дружби на интернет да се преточат во се почести дружби, натпревари и седенки покрај вода, борба против рибокрадството, зачувување на животната средина, собирање на средства за порибување, побогати реки и езера со риба, популаризација на риболовот како спорт во Република Македонија, поорганизирано настапување пред институциите на државата, влијание на политиките на Риболовната Федерација на Македонија и повеќе други цели кои можат да се прочитаат во Статутот на РИБАР 2011.

СТАТУТ НА ЗРСРК РИБАР 2011

Здружението Рибар 2011, функционира на целата територија на Република Македонија, братски соработува со сите наши здруженија кои имаат исти или слични цели и кои ревносно и посветено работат на остварување на истите.

За остварување на нашите цели, планираме да спроведеме повеќе акции во годините кои се пред нас.

ЗРСРК РИБАР 2011

Ги повикуваме сите риболовци кои сакаат да пристапат кон нашето здружение, да пополнат пристапница која можат да ја преземат на овој линк ПРИСТАПНИЦА, и да ја испратат на следната адреса:

Партизански одреди 42/4
1000 Скопје
Република Македонија
Членарината за 2016 година ќе биде 100 денари.

За нашите сегашни и идни членови ги нудиме следните опции:

Пакет 1. Членарина + легитимација - 500 денари

Пакет 2. Членарина + легитимација + маица РИБАР 2011 - 1000 денари

Уплатите се вршат на следната уплатница:

opsta uplatnica

Со почит,

ЗРСРК РИБАР 2011

П.С

Забрането за Рибокрадци

stop

Чест ни е и задоволство да ja објавиме по трет пат нашата традиционална крапска дружба која ќе се одржи на Езерото Мавровица, Св. Николе. Истата има за цел да го омасови крапскиот риболов во Македонија и да ги активира сите оние кои имаат желба да се натпреваруваат, дружат и истовремено да споделат искуства и доживеат прекрасни риболовни моменти. Масовноста е главен приоритет, па затоа се добредојдени сите крапски добронамерници без разлика на искуството и годините. Целта е да се внесе фузија помеѓу крапската младина и крапското искуство.

Во кратки црти – ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ СИТЕ!

ПРИЈАВУВАЊЕ

Пријавувањето за дружбата на „Рибар 2011“ се врши преку нашата ж-ска.
Предност ќе имаат екипите кој ќе бидат пријавени токму во оваа тема, а отпосле истата пријава ќе биде верификувана со уплата до 10.04.2016.

Максималниот број на пријавени екипи ќе биде лимитиран на 16, додека во игра ќе влезат 4 екипи како резервни. Истите по редослед ќе имаат предност за учество доколку некој од пријавените 16 екипи го откаже своето учество, односно не изврши уплата до наведениот рок.
Сумата за учество иснесува: 2.500 денари

- Секоја екипа треба да поседува легитимација за рекреативен риболов со маркица од 2016 год.
- Секоја екипа е составена од 2-ца натпреварувачи.
- Правилата се стандардни, односно важат правилата на ФИПС (правилник за натпревари во дисциплина „Крап“ во Република Македонија).
- Се лови со 4 (четири) риболовни стапови.

Време на пристигнување:

ПРОГРАМА – СААТНИЦА за КРАПСКА ДРУЖБА „РИБАР 2011“ – МАВРОВИЦА 2016

ПЕТОК: - 22.04.2016 година

до 08,00 часот - Пристигнување на екипите на езеро и пријавување
од 08,00 до 08,30 часот - Извлекување за редослед и стартни места
од 08,30 до 09,00 часот - Подготовка за пристап на патека
09,00 часот - Пристап на патека
11,00 часот - Почеток на ДРУЖБАТА

НЕДЕЛА: - 24.04.2016 година

12,00 часот - Последно мерење
13,00 часот - Крај на дружењето
14,00 часот - Соопштување на резултатите и доделување на наградите со закуска во ресторан во Св. Николе

НАГРАДИ

Наградите кои се доделуваат како пехари се предвидени да бидат врачени после натпреварот, односно за време на прогласувањето во ресторанот во Св. Николе за кој ќе бидете дополнително известени.

Пехари ќе има за првите 3 места и за уловена најголема риба.

1 место : 2 Пехари
2 место : 2 Пехари
3 место: 2 Пехари

Најголема риба : Пехар

Секоја пријавена екипа во дружбата, ќе добие по 2 уникатни (КРАПСКА ДРУЖБА РИБАР 2011 - ЕЗЕРО МАВРОВИЦА 2016 ) маици за спомен.

Ве очекуваме со пријави и се гледаме на езеро Mавровица на 22.04.2016 - БИСТРО!

Дополнување:

Досега пријавени екипи:

1. Астерикс и Обеликс - Рибар 2011
2. Карпманија - Јане и Оливер
3. Дрим Тим - Рибар 2011
4. ВИП - Рибар 2011
5. ХОКАЈ - Рибар 2011
6. Ц.Т. ОЗ - Мартин и Максим
7. Марјан и Деан - Виница
8. Роберт и Деан - Виница
9. Резервирано за екипа од Бугарија
10. Резервирано за екипа од Бугарија
11. Ултрас Карп - Трасул и Ѕвер
12. Карпологија/Октопус - Ицо и Даниел
13. Милчо и Жиле - Рибар 2011
14. Јоцо Комби експрес
15. Игл Карп тим - Кристијан и Влатко
16. Ефрем Карп - Велес

- рез 1 - Пепи и Мики - Скопје
- рез 2 - Фло Карп Флоре и Ристе - Битола
- рез 3 - Трајбал Карп Тони и Љупчо - Битола
- рез 4 - Резервирано за екипа од Бугарија
- рез 5 - Преспа карп хантерс
- рез 6 - Велијан и Марјан - Скопје
- рез 7 - Стефан и Младен - Скопје
- рез 8 - Кирца и Баже - Скопје

 

Вторник, 08 Март 2016 11:22

Сефте на Треска 1 и околијата

Викендов бев во Охрид, па решивме со Емил да отидеме до ревирот Треска 1 (Кичевски ревир), односно да го фатиме делот од мостот на патот кон Битола па нагоре по Треска.
Пристигнавме рано сабајлето, се беше смрзнато, реката беше бистра, ама доста голема и многу брза. Условите за риболов, многу слаби.
Потрошивме безуспешно едно 2-3 часа по Треска нагоре, нормално без успех. Сретнавме неколку риболовци од кои добивме информации: македонска пастрмка (поточара) многу слабо на овој дел, само ситни тук-там. Калифорниски се уште има останато од времето кога избегаа од рибниците, се фаќа по некоја и над кило, а има и помали примероци. Најчест и најловен мамец - црн црв. Ги боли уво, си ловеле сите на жив мамец :)
Откако конечно си се убедивме дека нема услови на Треска, го однесов Емил на “рекичето“, односно една притока на Треска од која направив репортажа пред неколку години. И рекичето беше многу надојдено и изменето, таму успеав да прелажам две калифорниски пастрмки на блинер кец. На истата локација каде што ги извадив пастрмчињата, претходно ловев со мухарицата на Емил и немав удар :)
Од рекичето отидовме на едно друго рекиче, Беличка или Белица, која тече паралелно со патот Кичево - Битола. Почетокот на реката ветуваше со изгледот, ама нагоре текот беше многу монотон :) На блинкер не даде ништо, а Емил извади две мали поточари во едно вирче на нимфа.
Од таму, седнавме да го пробаме јадењето во Мерак (чиста 5-ка), па отидовме на Сатеска над с. Песочан. Сатеска уште еднаш потврди дека е празна река. Не беше многу надојдена, ги имаше сите услови за риболов, само недостигаше риба. Ниту на блинкер, ниту на мушица.
Еве неколку фотки по редоследот на пишување.

Бистро!

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09 и 43/2014), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр. 02/2016 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во Рибарството и Аквакултурата за 2016 година.

КРАЈОТ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА Е 31.03.2016

Јавниот повик може да го преземете со кликање на линкот горе.

Понеделник, 29 Февруари 2016 12:20

Порибување во регионот на Струмица

Интегрално известување од Зоран Паниќ од Струмица:

Со средствата што ги доделивте како помош за порибување на Ловно Риболовно друштво „ЕЛЕН“ од Ново Село беше извршено порибување некаде во пролета на три локации, брана Иловица, брана Новоселка и реката Струмешница од потегот Ново Село - граница со Бугарија. Порибено беше со помладок на крап. Голема благодарност до Рибар 2011 Скопје, за укажаната помош и се надеваме дека и во иднина ќе соработуваме.
Ловно-риболовно друштво „ЕЛЕН“ од Ново Село

Петок, 26 Февруари 2016 12:33

Основи на риболовот на тапа

Еден од најпопуларните методи за риболов кај нас е риболовот на тапа. На тапа во Македонија најдобро се лови бојник, попадика, мрена, клен и кркушка по реките, како и караш, клен, црвеноперка, костреж и други риби по езерата. На тапа успешно се ловат и други риби, како крап и сом, но за тоа во друга прилика ќе напишеме повеќе.


1За риболовот на тапа ни е потребна трска, најчесто телескопска, со поголема должина. Може да се користи од 3 метри нагоре, но нашите риболовци преферираат да користат поголеми трски, од 5, 6, па и 7 метри, посебно кога се лови на поголеми реки (Вардар, Дрим, Црна река), поради полесно зафрлување на тапата и контрола над истата при “возењето“. Во последно време се почесто се користат карбонски трски, кои се полесни од старите графитни трски, но исто така и понежни. Трската кога ја купуваме може да биде со фабрички поставени проводници (окца) и држач, а може да биде и без истите. Доколку трската нема фабрички окца, барем кај нас во Македонија, најчесто се работи за директна трска за риболов од врв, но бидејќи таквите трски се полесни од класичните “болоњез“ трски со фабрички окца, нашите риболовци им поставуваат окца и добиваат лесни трски за целодневен риболов.

2Втора работа која ни е потребна е машинка, освен ако не ловиме со директна трска, односно трска без окца каде што на врвот врзуваме едно парче конец. Така може да се лови на помали реки каде што не е потребно зафрлување. Машинките кои ги користиме за риболов на тапа се обично помали, со помал капацитет на шпулната, но сосема доволно за риболов со тапа. Доволно е да има капацитет за 150 метри конец со димензија 0,16 – 0,18, тоа ќе ни ги покрие сите потреби при риболов со тапа.

 

3За риболов на тапа најчесто се користи монофилен конец (најлон), со најразлични димензии, во зависност од рибата која се лови целно, како и условите на водата. Некои риболовци преферираат да користат подебел конец (0,18 – 0,22), а најдолу да стават предвез од потенок конец (0,10 – 014) кој начесто го поврзуваат со основниот конец со помош на “осмица“ за да не дојде до увртување и заплеткување на конецот. Некои рибари воопшто не користат предвез туку јадицата ја врзуваат директно на основниот конец. Битна работа кај монофилните конци е дека се доста еластични, што помага при вадењето на уловената риба, но битно е да се напомене дека нивниот век е релативно краток и брзо се оштетуваат од надворешни влијанија (топло, ладно, сонце итн.), и затоа се препорачува конецот да се менува секоја сезона.

4Тапите кои ги користиме можат да бидат најразлични, но сепак има некои практични правила за тоа која тапа каде се користи. Тапите кои се подолгнавести се користат за езерски риболов и мирни води, а тапите кои имаат форма на солза, буренце, конус и сл, се подобри за речен риболов. Кај нас најпознати се речните тапи, т.н. “Вардарски“ тапи, кои најчесто се прават од плута, со многу краток стабилизатор. Инаку, тапите можат да бидат фиксни или подвижни, во зависност од тоа каде се лови. Фиксните тапи се користат на реки и помали длабини на мирни води, додека пак подвижните тапи се користат на поголеми длабини, најчесто за езерски риболов. Има и други видови на тапи, како на пример ваглери и сл, кои се користат за подалечни зафрлувања и поголеми длабини, но тие ќе бидат опфатени во друга тема. 

Подвижните тапи се ставаат на начин да можат слободно да се движат по најлонот, се додека не дојдат до таканаречениот “стопер“, односно граничникот кој сме го поставиле на одредена претпоставена длабина. На тој начин можеме мамецот да го спуштиме и на 20 метри длабина со користење на потешка тапа и соодветно потешко отежнување – олово.

За стопер се користи или готов силиконски стопер (види слика), или пак сами врзуваме конец кој ќе ни служи како стопер.

Силиконски стопери:

8

Чворови за правење на граничник:

9   10

 

11За отежнување на тапата користиме олово, со различни форми и големини. Постојат долгнавести олова, сачми итн. Најбитно кај отежнувањето е да биде добро балансирано, односно тапата да има голема осетливост при удар на риба – да се забележуваат дури и најситните удари бидејќи понекогаш и големите примероци знаат да “јадат“ ситно. Исто така, се препорачува да се користи помеко олово, за да се намали оштетувањето на конецот при ставање на оловото. Оловото може да се поставува на најразлични начини, групирано на 20-30 см над јадицата, одделено на 10 см помеѓу секое олово, во зависност од условите на терен.

12На крај на системот за риболов на тапа се наоѓа јадицата. Ги има во секакви форми и големини, се користат различни јадици во зависност од тоа која риба се лови. За помали риби се користат помали јадици, од 18 до 10, а за поголеми риби и грабливки поголеми јадици, од 8– 2. Поголемите јадици се користат за клен, пастрмка, крап , додека пак помалите најчесто се користат за црвеноперка, бојник (поради малата уста), попадика итн.

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija