Сефте на Треска 1 и околијата

Сефте на Треска 1 и околијата

Викендов бев во Охрид, па решивме со Емил да отидеме до ревирот Треска 1 (Кичевски ревир), односно да го фатиме делот од мостот на патот кон Битола па нагоре по Треска.
Пристигнавме рано сабајлето, се беше смрзнато, реката беше бистра, ама доста голема и многу брза. Условите за риболов, многу слаби.
Потрошивме безуспешно едно 2-3 часа по Треска нагоре, нормално без успех. Сретнавме неколку риболовци од кои добивме информации: македонска пастрмка (поточара) многу слабо на овој дел, само ситни тук-там. Калифорниски се уште има останато од времето кога избегаа од рибниците, се фаќа по некоја и над кило, а има и помали примероци. Најчест и најловен мамец - црн црв. Ги боли уво, си ловеле сите на жив мамец :)
Откако конечно си се убедивме дека нема услови на Треска, го однесов Емил на “рекичето“, односно една притока на Треска од која направив репортажа пред неколку години. И рекичето беше многу надојдено и изменето, таму успеав да прелажам две калифорниски пастрмки на блинер кец. На истата локација каде што ги извадив пастрмчињата, претходно ловев со мухарицата на Емил и немав удар :)
Од рекичето отидовме на едно друго рекиче, Беличка или Белица, која тече паралелно со патот Кичево - Битола. Почетокот на реката ветуваше со изгледот, ама нагоре текот беше многу монотон :) На блинкер не даде ништо, а Емил извади две мали поточари во едно вирче на нимфа.
Од таму, седнавме да го пробаме јадењето во Мерак (чиста 5-ка), па отидовме на Сатеска над с. Песочан. Сатеска уште еднаш потврди дека е празна река. Не беше многу надојдена, ги имаше сите услови за риболов, само недостигаше риба. Ниту на блинкер, ниту на мушица.
Еве неколку фотки по редоследот на пишување.

Бистро!

Прегледано 5206 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija