Дали боите се важни?

Дали боите се важни?

Прочитав одличен текст од Пјотр Пискорски за боите на вештачките мамки и нивното влијание на риболовот, на сајтот на Салмо:

http://salmo.atn.pl/page.php?id=351

Мислам дека е добро да го имаме на Македонски, па ке пробам да го преведам овде колку што можам подобро.

Дали боите се важни?
Веројатно не постои вараличар, кој не си го поставил ова прашање. Што се знаеме за тоа? Дали бојата на воблерот, дезенот користен од страна на производителот имплементиран со разни техники, влијае на ефикасноста на мамката? Ако е така, тогаш дали и до која мерка бојата влијае на бројот на ударите? Со други зборови – дали енормниот избор на бои на вештачките мамки во нашите риболовни продавници е само стапица за нашите пари или оправдана неопходност?

1

Сите вие драги пријатели веројатно сте ги слушнале приказните – во ова езеро штуките напаѓаат само златна лажица, на друго реагираат само на сребрена, а на оној потег на реката мамката мора да има плав грб и нема шанси таму да имаш добар клен на воблер со црн грб. Како производител на вештачки мамки јас често морам да ги слушам ваквите теории, и што е најлошо од мене се очекува да одговорам со професионални коментари. Исто така јас сум и ихтиолог, па би било најдобро да ги објаснам сите вакви теории во еден кредибилен научен манир. Научниците го истражуваат видот на рибите последните 100 години, а вараличарите често ги мотивираат со интересни информации од праксата. Сепак процесот на гледање кај рибите е само делумно испитан. Не можеме да предвидиме дали нашето знаење некогаш ке ни дозволи да разбереме какви слики се креираат во мозокот на штуката при погледот на вештачката мамка.
Што се случува со светлината кога продира низ течности

Сите знаеме дека белата светлина се состои од спектар на повеке бои, во кој спектар одредени бранови должини одговараат на одредена боја. Човечкото око ги регистрира следниве компоненти на белата светлина подредени од најкратките кон најдолгите бранови должини – црвена, портокалова, жолта, плава, индиго и виолетова.
Светлината продира различно низ вода и низ воздух. Може да се каже дека водата ја “филтрира светлината”. Првенствено треба да знаеме дека светлината продирајки подлабоко во водата ја губи својата енергија. Некои бранови должини се рефлектираат и дисперзираат уште на површината а исто така покасно биваат апсорбирани. Поединечните бои (бранови должини) се филтрирани (апсорбирани) како длабочината се зголемува. Топлите бои избледуваат и стануваат сиво-црни со продирањето низ водениот столб. Црвената избледува на длабочина од 3 метра, покасно портокаловата и жолтата почнуваат значајно да избледуваат. На длабочина одприближно 10 метри портокаловата не вејке видлива а жолтата едвај се гледа. На приближно 20 метри жолтата изгледа зелено-плава а само плавата, индиго и виолетовата остануваат непроменети за окото. Треба да запомниме дека овие проценки се валидни само за кристално чистите езера. Било какво заматување на водата, органски супспензии кои се јавуваат доста често дури и во најчистите води, исто како и разбрануваната површина на водата драстично ке ги променат бројките.

Вкупната енергија на светлината опаѓа како длабочината се зголемува. Иако на 10 метри сеуште ја гледаме жолтата боја како жолта, нејзиниот интензитет ке биде многу помал отколку на 3 метри длабочина. Во бистро езеро црвената ке биде видлива на 3 метри, но во заматена река ке се “претвори” во црна уште на половина метар под површината.

2
Дискусијата за тоа дали и до кој степен боите на вештачките мамки влијаат врз резултатите во риболовот треба да почне со кратка анализа на тоа што сме го осознале за видот на рибите. Многу пати сум слушал за сомнежот изразен од страна на вараличарите кога зборуваат за ефикасноста на некој вештачки мамец.

Дали рибите го гледаат светот окулу себе во боја?
Ако е познато, дека дури и кучињата имаат сериозни “проблеми” со разликувањето на боите (ги гледаат жолтата и сината најдобро) тогаш рибите, сместени подолу на скалата на еволуција веројатно не ги разликуваат боите воопшто. Всушност не е така. Ихтиолошките истражувања без сомнение докажале, дека повејкето видови на риби ги разликуваат сите бои видливи за луѓето, а некои можат да видат дури и повеќе! Постојат, сепак, големи разлики во способностите помеѓу различни видови на риби. Тие зависат од факторите на животната средина, како и (транспарентноста на вода и интензитет на осветлување). Окото на рибата е изградено слично како и окото на другите 'рбетници. Мрежницата игра клучна улога во процесот на гледање. Фотосензитивни рецептори се наоѓаат во неа. Постојат два вида на рецептори, т.н. стапчиња и чунчиња. Стапчињата регистрираат низок интензитет на светлина, а чунчињата работат кога осветлувањето е интензивно. Како и кај повисоките примати, чунчињата се одговорни за разликувањето на бои. Луѓето имаат 3 видови на чунчиња. Тие се одговорни за регистрирање на трите основни бои - црвена, зелена и сина боја. А мрежницата изградена на таков начин ни овозможува да се разликуваме над 300.000 нијанси на бои.
Градбата на мрежницата во очите на рибите зависи од условите во кои тие живеат, и нивните потреби. Дневните видови, кои имаат многу повеќе чунчиња во ретината, може да разликуваат многу подобро бои од ноќните видови. Рибите кои живеат во плитки и добро осветлени води имаат четири, па дури и пет видови на чунчиња (на пример пастрмката). Ова им овозможува да разликуваат повеќе бои од луѓето - на пример ултравиолетовата. Други риби имаат два вида на чунчиња, што ја ограничува нивната способност да разликуваат бои до одреден степен (на пр. смуѓот).
Од друга страна, рибите што живеат во слабо осветлена средина имаат само еден вид на чунчиња. Покрај тоа, нивната мрежница се карактеризира со голем број на мали стапчиња и мал број на чунчиња. На пример, кај Маничот (Lota Lota), односот на стапчиња спрема чунчиња е 200:1. Рибите од длабоките мориња, но исто така и некои видови познати на нашите риболовци (Сомот) немаат воопшто чунчиња. Очите на овие риби се многу чувствителни на светлина. Во исто време, тие имаат многу мали способности во однос на разликувањето на детали. Прагот на светлосна чувствителност на очите на рибата не зависи само од видот. Може да се појават разлики како резултат на прилагодување кон одредени услови (на пр живеење во темнина) помеѓу единки од еден ист вид.
Дали поседувањето на мамки во многу различни бои ги зголемува шансите за добар улов?

Базирано на истражувањата на биохемиските процеси кои се случуваат во мрежницата и експериментите со риби, можеме да замислиме како различните видови ги гледаат нашите вештачки мамки.

3
За предаторот да има шанса да ги забележи нашите напори да го залажеме со мамки во различни бои , мора прво да ја регистрира мамката. Секако, без сомнение, за мамката да биде регистрирана, мора да е во контраст во однос на позадината и опкружувањето. Ова е особено важно во услови на слаба осветленост.

На поголеми длабочини, каде само остатоци од светлината продираат, боја со поголем контраст од сината наспроти сино-зелената позадина би биле белата или сребрената. Користењето на призматична фолија (холографска), која ги рефлектира остатоците на светлина во различни насоки, може да даде добри резултати исто така.
Сепак сигурно дека одредена боја или комбинација на бои кои се совршено видливи во контраст со песочното дно, нема да бидат толку видливи наспроти темното дно или во длабочините.

Ова е веројатно клучот на успехот во одредувањето на мамката. - повеќето предатори откриваат присуство на потенцијална жртва во близина, кога ја регистрираат како контраст во однос на околината или животната средина. Нивото и видот на овој контраст зависи од голем број на фактори -време од денот, тип на дното, интензитетот на светлина која доаѓа од површината и така натаму.

Како што вејке заклучивме, бојата е знашаен фактор кој влијае на видливоста на мамката. Но дали е и најважен?
Да се потсетиме што зачи да се риболови со вештачки мамки. Ја имитираме храната на рибите користејки го нагонот за глад. Но дали е тоа единствена мотивација за напад? Еден познат Полски писател, пасиониран риболовец, еднаш напиша дека некои мамки се толку убави што рибите го искажуваат своето восхитување со гризење. Тие немаат раце - па "плескаат" со нивните усти!
одлуката на предаторот да ја нападне мамката или да се откаже е базирана на повеќе фактори. Рибата ја проценува големината, обликот, начинот на кој објектот се движи. Звукот кој го емитува мамката и миризбата се исто така важни, како и многу други фактори за кои и немаме претстава. Колку повејке од овие фактори предаторот ги забележува како “интересни”, толку е поголема можноста да направи одлука во корист на риболовецот.

Да се потсетиме на останатите сетила кои ги користат предаторите покрај видот. Најмногу од нив – штуката, кострежот, буцов, пастрмката – се потпираат на видот. Други- како сомот – користат други сетила за лов. Сепак кај сите нив, сетилото за движење во страничната линија е многу важно. Познато е дека штуката дури и во услови кога нема светлина, дури комплетно лишена од видот, може да се снајде многу добро во својата средина, фаќајки плен само со помош на овој многу осетливо сетило.

Без сомнение со користење на шарени мамки може да помогне да се измамат предаторите.

4
Во бистра вода

Бистра и добро осветлена вода претставува сериозен предизвик за риболовецот, кој сака да го измами предаторот со вештачка мамка. Бојата и изгледот на мамката стануваат најважни во вакви случаи.

Но дали прецизното копирање на боите е секогаш најдобриот рецепт? Еден Амерички риболовец опишува интересен случај необјаснива ефективност на бојата на оксидирано олово во бистрата вода на еден планински поток. Овој факт тој го открил случајно барајки објаснување. Се испоставило, дека поради некоја необјаснива причина, пастрмките од потокот ја гледаат многу подобро и ја напаѓаат бојата на оловото, која нам ни изгледа сива и не многу видлива, наместо на пример, сјајната боја на никел или полирано сребро. Можеби рибите ги гледаат овие бои сосема поинаку од луѓето. Затоа, производителите се соочуваат со сериозна задача. Тие мора да ја копираат бојата на оксидирано олово иако никој не е сигурен што точно таа треба да изгледа и претставува ...
И научните експерименти и спортската риболовна пракса ни укажуваат дека во бистра вода, белите и прозирните мамки работат добро. Деликатни, светкави модели, базирани на употребата на сјајна или холографска фолија се совршени.

Сината, исто така е добро видлива боја. Тогаш не би требало да биде изненадување, кога на балтичките води комбинација на светло-сина, сребрена и бела се смета како најефикасна за лов на предатори со години.
Можеби тоа е доволно за да се користат овие бои и нивните нијанси за да се лови во бистри води?
Ова прашање мнугу често сум го поставувал на многу риболовци. Многумина мислат, дека гладната штука (а тие се обично гладни) напаѓа се што се движи. Дали тогаш вреди да се посвети внимание на убаво нацртани крлушки, перки и точки специфични за видовите кои ги имитираме?

Се испоставува дека видовите со мрежница многу по комплексна од човечката, немаат проблем со забележувањето на најмалите детали и правењето разлика меѓу потенцијалните жртви, па затоа и нашите мамки исто така.
Во мрежницата на штуката на пример, има едно чунче наспроти 3-4 големи стапчиња. Ваквата конструкција го прави окото на овој предатор многу осетливо на светлина, но во исто време може да разликува детали перфектно.

5

Во мрежницата на штуката на пример, има едно чунче наспроти 3-4 големи стапчиња. Ваквата конструкција го прави окото на овој предатор многу осетливо на светлина, но во исто време може да разликува детали перфектно.
Експериментите извршени од страна на еден германски ихтиолог, кој храни штуки со мажјаци од мала тропски рибка докажува дека по многу кратко време предаторот го распознавал пленот со многу мала разлика во боја.
За возврат, ниската чувствителност на светлина не ги мачи штуките, бидејќи, како што знаеме, тие обично ловат додека е светло, од изгрејсонце до зајдисонце.

Пастрмката сепак, за разлика од нив има можност да ги види боите и најмалите детали на потенцијалниот плен многу подобро од луѓето, а исто така се способни да гледаат блиски и подалечни објекти во исто време, способни да прават јасна разлика во боите од различна далечина.
Затоа, како што риболовците на овие риби знаат, тие се многу тешки противници. Препорачливо е да се камуфлирате колку што е можно подобро. Секое невнимателно движење на брегот обично влијае негативно на уловот на тоа место.
Едноставни експерименти во пракса покажуваат дека рибите брзо можат да научат основни геометриски фигури. Покрај тоа, предаторите покажаа особен интерес кон некои графички дезени. Тоа се два концентрични круга на контрастни бои.

Најголемата активност, па дури и агресивност била предизвикана од моделот направен од два кругови, со внатрешниот потемен во контраст на надворешниот.Ова секако е еден типичен графички приказ на око! Се испоставило дека, за време на последниот момент пред нападот на предаторот, тој “цели” кон окото на жртвата. Тоа е обично поврзано со мало водење на нападот во правецот на окото на жртвата. Со други зборови предаторот предвидува во последните милисекунди дека жртвата ке се движи на страната каде се наоѓа окото. Некои риби ова го користат за да ги збунат напаѓачите со креирање на темна точка , во облик на “додатно око” на страните кај опашот . Затоа боењето на големи очи на вештачките мамки е дефинитивно оправдано.

Се разбира, ноќните риби - на пример сомот - немаат вакви способности.

Сепак вреди да се помачиме окулу боите и дезените на вештачките мамки.
Кога се ке стане сиво

Вкупниот интензитет на светлина во даден момент секако е многу важен. Боите избледуваат многу побрзо на облачен ден отколку на сончев. Во самракот, кога интензитетот на светлина рапидно опаѓаочите на рибите кои се хранат во тоа време се “префрлаат” на гледање со стапчињата. Боите ги гледаат како бледи сенки помеѓу бело и црно. Со цел да го привлечеме вниманието на предаторот најдобро е да се користи боја со најголема разлика во однос на површината на водата. Ако ние ловиме во самрак во бистра вода, црвената боја е одличен избор.

“Пред шест години бев на риболовот за штука со еден пријател во Шведска на Балтичко Море. Денот беше прекрасен и сончев. Во кристално бистрата вода ударите беа совршено видливи
Рибата јадеше добро. Предаторите ги напаѓаа нашите џеркови од голема далешина. Пријателот учеше да лови со Salmo Slider во тоа време, и често ги менуваше џерковите. Како резултат на тоа, на крајот на денот, јас имав многу повејке уловени риби.

Пред вечерта одлучивме да посетиме еден мал залив лоциран помеѓу три мали острови покриени со високи борови.Штуките беа тука, за кратко време уловив три со тежина помеѓу 2-3 кг.

6

Како и претходно ловев со Salmo Slider во Real Perch (Костреж) боја. Сонцето се сокри зад врвовите на високите борови кои растат на островот на крајот на денот и ударите престанаа. Пријателот во тој момент реши да користи црвен Slider (Red Tiger). Го водеше веднаш под површината на водата, усовршувајки ја техниката. За време на зајдисонцето само оваа боја беше видлива од далеку и дозволуваше на рибата да ја следи нејзината вибрација. Да не бев присатен како сведок веројатно немаше да поверувам што се случи тогаш. Во следните петнаесет минути пријателот имаше дузина удари и успеа да реализира 7 од нив, со тежина до 5 кг!!! Во исто време кај мене, ловејки со природна боја на Костреж немав ниту еден удар!!“

7

Рибите кои ловат на слаба светлина, ноќе, во матна вода, на големи длабочини, се прилагодени на тоа на различни начини.
Смуѓот има два вида на стапчиња во мрежницата. Поголемите одговорни за регистрирање на жолтата и портокаловата, а помалите за регистрирање на зелената. Секој кој ловел смуѓ може да ја потврди ефикасноста на овие бои. Интересно е дека чунчињата кај овој предатор се особено големи. Благодарение на тоа, тие станаа цел на истражување на физиолозите кој го проучуваат процесот на гледање, не само кај рибите. Додатна надградба на видот на смуѓот е рефлективниот гванински слој кој ја покрива внатрешноста на очното јаболко. Благодарение на ова светлината проаѓа низ чунчињата, двапати засилувајќи го сигналот пратен кон мозокот. Поради ова очите на смуѓот светат со сребренкаст сјај, дури и на најделикатнотото светло. Очите на некои ноќни животни функционираат на ист начин. Благодарение на ваквата конструкција на окото, видот на смуѓот е неверојатно осетлив. Тој може да гледа одлично кога другите риби или човекот неможат да видат буквално ништо! Риболовците треба да знаат дека во случајот на овој грабливец вреди да се даде внимание на деталите на мамката и најефикасна комбинација на бои би требало да бидат жолтата и зелената.

8

Пионерот во истражувањето на видот кај рибите Prof. Dwight Burkhardt од Универзитетот од Минесота. Истражувањата на мрежницата на смуѓот, кои почнаа пред повејке од 30 години, исто така го зголемија нашето знаење за процесот на гледање кај луѓето. Струјата креирана во чепчињата со светлосна стимулација беше испитувана. Чепчињата на смуѓот, иако се исклучително големи, имаат дијаметар пет пати помал од влакното коса на човекот. За да не се поремети нивната нормална функција моравме да користиме електроди со дијаметар од 0,0001 mm!

Мрежницата на сомот е сосема поинаку изградена. Тие воопшто немаат чепчиња во мрежницата. Користат само стапчиња, што прави појаката светлина да ја гледаат како бела додека недостатокот на светлина го регистрираат како сенки на сива боја. Сепак окото на сомот, во споредба со човечкото е изузетно осетливо на слаба светлина. На тамна облачна вечер сомот го гледа многу добро она што човекот има проблем да го види и на полна месечина! Но сите секако знаеме дека видот не е најважното сетило на овој грабливец. All catfish hunters know, of course, that sight isn't the most important sense of this predator. Живеејќи во многу матни и темни длабоки води, ловејки нокно време, овој грабливец ја користи страничната линија за ловење, исто како и сетилата за мирис и звук, повејке од видот. Затоа и полесно се лови со мирисни атрактори и звуци. Користење воблери со јака тропка (rattling wobbler) или попер кој плеска по површината на водата се потполно оправдани.
тоа не значи дека боите немаат влијание кај мамките наменети за сом. Во овој случај луминисцентните бои (светат во темнина) се одличен избор. This does not mean that colour has no importance for catfish lures. In such a case a luminescent colour - glowing in the darkness - is a perfect choice. Боите кои светат со зелена светлина се смета дека се најдобро видливи во темнина. При нормално светло вештачките мамки обоени на ваков начин се сиво-розеви и изгледаат многу незабележливи. Затоа многу често се запоставени од риболовците. Постојат многу современи бои од овој вид моментално достапни на пазарот. Буквално само десетина секунди изложеност на овие бои на јака светлина се доволни за мамката да ја ослободува светлината најмалку еден час. Покрај тоа, мамки и во други бои се појавија - сина, црвена, розова или жолта боја. Препорачливо е да се користат голем број на бои во овој случај, со цел да се создаде контрастна комбинација - на пример, зелено-црвена.

9

Помеѓу “специјалните”, флуоресцентните се многу по познати и популарни. Познато е дека користењето на овие бои ја зголемува привлечноста на вештачката мамка и една од најчесто продаваните бои е Green Tiger или Fire Tiger.

Магијата на флуоресценција?

На нормално светло флуоресцентните бои се разликуваат од нормалните со малку посветол сјај. Сепак тие ги добиваат посебните карактеристики на светлина со пократка бранова должина, посебно на ултра виолетова светлина. Тогаш тие изгледаат многу светли, дури може да ни изгледа, дека блескаат самите од себе. Под вода растојанието на кое тие се видливи е многу поголемо отколку кај другите бои. Вејке знаеме дека на долната граница на она што останува од светлината се само најдолгите УВ бранови. Заклучокот е очигледен. За големи длабочини вештачките мамки обоени со флуоресцентни бои треба да се користат. Истражувањата на видливоста на различни бои во чисти езера ни открива, дека некои флуоресцентни бои (жолта и розева) , се видливи и на преку 40 метри!
Сепак условите на слабо осветлување на се ограничени само на големи длабочини. Границата помеѓу денот и ноќта, темните облаци, дождот и брановите, како и природната заматеност на водата многу го редуцираат количеството на светлина со чија помош грабливецот може да ја забележи мамката. Затоа се препорачува да експериментирате со овие бои секогаш кога другите бои стануваат видливо “сивкасти”.

Никогаш нема да заборавам едно попладне крај езерото Вудс во Канада. Сите во групата имаа уловено прекрасни Маски (Северно Америчка штука) тој ден. Неколку часа порано познатиот Американски риболовец Jim Moynagh улови примерок долг 125см. Затоа после вечерата, кога повејкето од нашите пријатели седеа во барот, со намера да ги споделат импресиите покрај чаша со пиво, јас, со мојот партнер Џим отидовме крај езерото со намера да ги искористиме последните два часа пред залезот на сонцето. Ловевме со воблерот кој работеше најдобро тој ден - Salmo Skinner 15 cm во RGS боја.

Во првиот час ништо не се случи. Небото се наоблачи и темнината паѓаше многу брзо. Решив да ја променам бојата на мамката во Зелен Тигар (Green Tiger) Следните 60 минути имав три удари и успеав да извлечам две риби, вклучувајки го мојот рекорден маски, долг 131 см. Пријатели, при ловењето со RGS немав ниту еден удар! GT бојата во темната вода на езерото додатно заматена од органската суспензија од цветањето на алгата, беше полн погодок!

На светол сончев ден и секако навечер, кога практично нема светлина, нема потреба да се користат флуоресцентни бои.

Експериментално е докажано дека под вода најдалеку се забележуваат жолтата и зелената флуоресцентна боја. Тоа е така, затоа што во најголем број случаи водата има зеленикаво-жолта боја и флуо боите имаат малку подолга бранова должина од"нормалните" бои. Риболовците пак имаат забележано дека, во случај на интензивно хранење на грабливките со одреден вид на риба како жртва, фуоресцентно обоените мамки се инфериорни во однос на оние обоени со природни бои. Уште еден практичен заклучок може да изведеме од ова. За да го привлечете предаторот од голема далечина вреди да се користат флуоресцентно обоени мамки. Сепак, може да се случи грабливецот привлечен од голема далечина со жолтата флуоресцентна боја, несака да ја нападне мамката кога ке ја погледне од блиску? Најлесно решение е изгледа да се користат природни шари врз флуоресцентна основа. Затоа Hot Perch бојата е многу популарна без оглед на водата каде ке се користи.

Но дали знаеме зошто флуо боите ги привлекуваат грабливките? Сепак, тешко е да најдеме природен плен со такви бои. Можеби објаснување за ваквиот феномен е слабоста на човековото око. Како што рековме, луѓето гледаат многу помалку бои отколку повејкето грабливки. Флуоресцентна боја е пронајдена во крвта на 'рбетници те. тоа се користи на пример во криминологијата, кога избришаните дамки крв се пронаоѓаат со помош на ултра виолетова светилка. Познато е дека грабливките реагираат на траги од крв во нивната околина. Можеби не ги пронаоѓаат само по миризбата? Постои теорија која тврди дека тоа е објаснувањето за магнетните резултати на флуоресцентните бои.

Заклучоци

Треба да потврдиме дека бојата на мамките има значение. Битна е дури и во случаи кога ловиме риби кои не се толку селективни во тој поглед, или дури и кај оние кои што неможат воопшто да ги разликуваат боите. Дојдов до неколку заклучоци, кои се надевам, ке придонесат за подобар избор на боите на мамките и како резултат на тоа ваши подобри риболовни успеси, драги пријатели (форумџии)! :)

• Клучот на успехот е да го привлечете вниманието на грабливецот кон мамката.

• За мамката да биде регистрирана од поголема далечина, по битно е да отскокнува од околината (контрастот) отколку бојата.

• Повејкето грабливки ја набљудуваат површината на водата додека ловат. Многу е важно колку повејке контраст има помеѓу бојата на мамката и нејзината позадина.

• Користењето на контрастни бои помага во зголемувањето на контрастот – црно-бело, жолто-бело, црвенo –белo.

• Зголеми го контрастот на мамката во матни води а намали го (користи природни бои) во чисти води.

• Не заборавај на црната, која веројатно е нај контрастната боја, без оглед на условите.

• За ноќен риболов вреди да се користат мамки обоени со луминисцентни (светлечки) бои, кои ја акумулираат светлината и се видливи на сите длабочини.

За крај, последниот и најважниот заклучок. Запомнете дека најважниот фактор кој влијае на ефикасноста на мамката не се боите, туку нејзината коректна презентација, односно вашата работа пред (теоријата) и за време на риболовот.
За сите вас драги пријатели би сакал да се повтори успешноста на експериментите за ефикасноста на боите на вештачките мамки. Ако некој од вас има интересни забелешки и заклучоци на оваа тема, многу сум заинтересиран да ги искористам во мојата работа.

Piotr Piskorski
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Прегледано 7132 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija