RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

Колку пати сме биле на риболов, а рибата воопшто да не сака да ни го погледне воблерот ?
Констатацијата ,, денес не и е ден ,, не смее да ,, држи вода,,.
Наместо неа треба да се запрашаме ,, правам ли нешто погрешнo,, ?
Лошо го презентирам воблерот, да не ми е копчата преголема, водата е бистра а јас можеби имам предебел конец па рибата го гледа ?
ЕЕЕ да имав невидлив конец или постои ли такво нешто ?
Постои нешто што се нарекува флуорокарбон. а што е тоа всушност во теоријата и праксата ќе видиме во следниов текст пренесен од еден риболовен часопис.
Далечната 1938 најлонот се појавува како потполно нов материјал и тоа како дел од четкичката за заби, создадено од американската фирма DuPont.

Скоро 30 годими подоцна, 1966, во Јапонија извесен г-дин Ishii, хемичар и г-дин Yoshido, риболовец утврдиле дека материјалот каков што е флуорокарбонот со извесни адаптации може одлично да послужи во риболовната индустрија. После три години експериментирање патентиран е fluocarbon или FC како сосема нова врста на конец во риболовниот свет. Сето тоа се случувало под закрилата на јапонската фирма Kureha која не само што ја започнала ерата на флуорокарбонот туку и ден денес е водечка во оваа сфера на риболовната индустрија.

Monofilament Fluorocarbon Fly Fishing Leader and Tippet

Се наметнува прашањето, зошто да го менувам обичниот монофил со флуорокарбон ?
Сите знаеме дека обичниот монофил има извесни мани.
Поприлично е растеглив додека ФК има осетно помала растегливост и од најкрутиот монофил.
Монофилот има помала специфична густина од ФК, па плива на водата додека ФК тоне. Ова има смисла при риболов со воблери кој пливаат или тонат или при риболов со лесни џигови или стримери а поготово кај мушичарењето со нимфи, мокри мушици, стримери.
Монофилот, колку и да не пие вода, ФК пие помалку. При некој истражувања, монофилот со време ослабнува и до 30 % баш заради неговото својство да впива вода. Тука треба да се спомене и мрзнењето на монофилот во зима додека кај ФК тоа е незначително.
Сигурно сме се запрашале дали монофилот што сме го купиле е ,, тазе ,, ? Тука ФК е во голема предност. Потполно е отпорен на УВ зраци, флуоросцентна или било каква друга светлина, како и на хемиски влијанија, што кај монофилите знаат да направат значителен недостаток.
Меѓутоа една од двете главни предности на ФК над монофилот е неговата отпорност на абразија, триење или абење. Многу потешко се оштетува при провлекување и триење од камења, низ потонати гранки, остри ивици па и заби од риба.. Тука треба да се спомене и неговата примена во спин риболовот како идеална комбинација на плетеница и предвез од флуокарбон.
Втората главна предност е неговата невидливост во вода. Овде би сакал јасно да кажам дека ФК не е целосно невидлив меѓутоа ,, скоро ,, е невидлив. Тука главната улога ја игра индексот на светлосното прекршување. Овој индекс на водата е 1,33, кај ФК е 1,42 а кај монофилот е 1,62. Не е целосно невидлив но далеку помалку се гледа од монофилот.

800.Tippet.P1020856
Како и секогаш, ништо не совршено, па така и ФК има мани.
ФК е покрут од монофилот. Оваа особина поред предностите што ги носи со себе ја има и маната на пократко зафрлување заради неговата крутост.
Исто така треба да се напомене дека носивоста на чворот кај ФК е помала него кај монофилот со иста дебелина. Но треба да се напомене и дека самите производители се свесни за ова па постојат ФК како ,, leader ,, (предвез) и ФК како ,, main line ,, ( главен конец ).
Основно е дека ФК како предвез е прилагоден за риболов на позахтевни терени, со потопени препреки. Се продаваат на калеми од 10, 25 или 50 м. Од друга страна ФК како главен конец е помек, има помалку меморија, има поголема носивост на чвор но и помала отпорност на абење. Се наоѓаат на калеми од 50 до 3.000 м.
На пазарот нема премногу од овој конец ( тука не мислам на нашиов пазар каде тешко или воопшто не се наоѓа).
туку и на светскиот. Најголема застапеност сепак има во Јапонија, како земја каде е и создаден и УСА како риболовци кој секогаш сакаат да пробаат се што е ново на пазарот и имаат голема финансиска моќ.
Поред веќе спомнатата Kureha ( првиот производител на ФК ) или на американскиот пазар позната како Seaguar, се повеќе брендови произведуваат ФК. Тука се американските Berkley, Sufix, Stren, па јапонските Toray, Varivas, Sunline, YGK, Yo-Zuri, Daiwa ..... а од европските. германските Maxima i Stroft.
Сега малку за цената.
Процесот на производство на ФК не е воопшто евтин, ни самите состојки од кој се прави не се евтини а уште помалку разните смоли како додатоци, па така и цената на ФК се движи од 10 па до 40 евра за калем од 100-150 м. меѓутоа треба да се земе предвид и дека ФК е мнаогу потраен од монофилот и поотпорен на надворешните услови без разлика дали се наоѓа намотан на шпулна или стои на некој рафт во продавница.
Едно треба да е јасно, ФК пружа перформанси кој монофилот не може ни да ги замисли, меѓутоа секој си е во можност сам да избира па според тоа и да решава кој и каков конец ќе намота на шпулната или ќе стави како предвез.

Вторник, 23 Февруари 2016 12:34

Општо за примамата

Рибата својата храна ја наоѓа со помош на три сетила, видот, сетило за мирис и чувство за осеќај (странично). При матна вода треба да се користат упадливи нијанси, а кога е бистра не мора да бидат току упадливи.З а студена вода се користат состојки во силен и остар мирис, а во топла вода со помек мирис на примама.. Исто така во матна вода примамата треба да биде покрупна, а некогаш е подобро да се додаде жив мамец за да се зголеми можноста за наоѓање на мамката со помош на страничното чувство, додека при бистра вода не е потребно.
Храната за примамување може да се подели во тешка храна или се храна на самото дно, и лесна храна во средните слоеви на водата. Тешката храна или храната на дно тешко се разлага и останува цело време при дното додека лесната примама многу лесно се разлага и може да исплива на површината.

Состојките за храна-примама можат да бидат за поделени во три групи: 1) основна 2) билни додатоци со силен вкус и мирис, 3) животински додатоци.
Основната храна се состои од брашно и други материи кои не изразуваат вкус или мирис, и го зголемува количеството и обемот на храна-примама ... тие се претежно пченкарно брашно,презла или несто друго. Основните состојки сочинуваат околу 50% од миксот за примама.
Билните состојки се видови на храна - растенија со силен мирис, и често се многу маслени , што лесно може да обезбеди проток на вода и привлекување на рибата. Овој дел од храната е околу 20% до 30%, и најчесто се користи: соја, кикирики, сончоглед, коноп, грашок, анасон, како и многу други ...
Третата група ја сочинуваат животински додатоци, исто така, некои 20 % со остар мирис и ја привлекува рибата од поголема далечина провоцирајќи ја и ја задржуваат долго време на местото на риболов. Овие се најчесто: млеко во прав, рибено брашно и други, а и често може да се додадат и живи мамци.
Во прилог на овие основни состојки можат да се користат и разни ароми, како што се ванила, мед и други ... Исто така можат да се користат супстанции за поврзување на разновидна примама која ке добие одредена моќ или некои други карактеристики ...
Друга работа во врска со примамата е да се рапостели на одреденото место за риболов.. Се разбира, ова не е проблем ако рибариш на 2, 3 или 4 метри од брегот, но ако местото е поодалечено ке ни требаат соодветни алатки. Најчесто се користи: чатал, кобра, ракета и други методи.

Ракетата своето име го добила по изгледот се исфрла со помош на трска-дубинка и е одлична за примама. Најголема мана и е нејзината отпорност при вадење од вода. Одлична е за хранење со зрнести- грануларни мамки (пченка, пченица, коноп ...) и други.

raketa

Kобра е крива цевка со дупка во горната третина. Тоа се прави на различни димензии (должина и дијаметар) во зависност од големината на боилата се користи само за хранење со боили. Таа е многу прецизна и може да достигне далечина прку 70 метри.

kobra

Чаталот не е потребно да се опише бидејќи е просто невозможно дека било кој од нас не знае како тој изгледа. Одличен е за сите видови на примама има сигурно и точно зафрлување на 30 - 40 метри од брегот.

catal

Вторник, 23 Февруари 2016 12:22

Во борба против комарците

Со зголемување на температурата се зголемува активноста на инсектите и таму спаѓаат комарците. Ние рибарите сме луѓе кои повеќе време поминуваме во природа и нај важно покрај вода каде што највеќе ги има комарците на некои од нас не ни многу сметаат комарците на некои им сметат али треба од нив да се заштитиме бидејќи тие шират разни болести.
Сигурно ви здодеало секоја вечер да не можете да заспиете од здодевните комарци кои летаат и ве демнат. Сигурно не сакате секој ден да имате црвени убоди по телото и да се чешате постојано.
Еве неколку совети како да уживате во топлите летни денови вез здодевните комарци.

МЛЕКО

Изгорениците од сонцето и убодите од инсекти се смируваат со мешање на млеко, сол и вода. Се што треба да направите е да го намачкате тој дел каде сте изгорени или ве каснал некој инсект и да го триете местото со направената смеса. Млекото ќе го неутрализира отровот од инсектите.

СОЛ

Водата со сол исто така ги неутрализира отровите од инсектите. Откако ќе ги измиете деловите каде сте каснати, намачкајте се со растително масло.

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

За да ги бркате комарците и останатите инсекти кои немилосрдно ве касаат, секој ден пијте по 3 кафени лажици јаболков оцет.

КОРА ОД ЦИТРУСИ

Портокалот и лимонот имаат пријатен мирис за човекот, но не и за комарците. Во лосионот за тело, ставете една кора од лимон или портокал и оставете да стои извесно време. Потоа мачкајте го телото, а мирисот кој го испушта кората ќе се впие во кожата и ќе ги брка инсектите.

МАСЛИНОВО МАСЛО

Доколку комарците постојано ве касаат, додека се бањате, во топлата вода додајте неколку капки маслиново масло. Така со сигурност ќе ги бркате комарците од вас.

ЛУК

Ако планирате да патувате во природа, најдобро решение за ослободување од комарците е лукот. Неколку дена пред да патувате, јадете лук. Комарците ќе го осетат лукот преку вашата кожа и нема да ви се приближат затоа што се чувствителни на тој мирис.

КРОМИД

Покрај лукот, и црвениот кромид одлично делува во борбата против комарци и други инсекти. Затоа и него додајте го во вашето мени за исхрана.

ВАНИЛА

Мирисот од ванила го подигнува расположението кај луѓето, но не и кај комарците. Нанесете неколку капки ванила во обична вода и таа смеса нанесете ја на кожата. сега сте спремни за уживање во летните денови без здодевни инсекти.

Само женските комарци не каснуваат нас луѓето и ја цицаат крвта. Машките комарци се многу поголеми од женските, но не се опасни за луѓето. Женските комарци ја користат крвта за јајца бидејќи им се потребни одредени протеини за репродукција. Всушност комарците во принцип се хранат со нектар, освен се разбира женските. Сепак, комарците од родот Toxorhynchites не цицаат крв.Усните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но во целост се развиени само кај женките. Со тоа рило женките бодат различни животни, но и луѓе и ја цицаат нивната крв. Меѓутоа, мажјаците не се хранат со крв, туку со растителни сокови. Тие умираат веднаш по парењето, а женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места. Од јајцата изчегуваат ларви кои немаат крилја и по некое време се преобразуваат во возрасни, крилати комарци. Комарците се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде низ светот , до вода. Познати се дури 3100 видови, а многу од нив пренесуваат причинители на маларија, тропска треска, воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза. Во најголемиот дел од светот маларијата е сузбиена со уништување на комарците, а тоа вршено и со сушење мочуришта и употреба на инсектициди кои ги убиваат.

Вторник, 23 Февруари 2016 12:16

За слухот кај рибите

Рибите, за разлика од другите сувоземни крлушни животни, немаат надворешно и средно уво, туку само внатрешно уво. Тоа е така затоа што густината на водата е поголема од густината на воздухот и на тој начин целото тело на рибата ги осеќа подводните вибрации.

Кај рибите слухот се состои од внатрешно уво и надворешни црти кои имаат и друга функција. Спрема истражувањата, увото кај рибите им служи пред се за орентација во просторот, па кај некои врсти (крапот и сомот) увото е сврзано со меурот, кој е поголем орган за ориентација. Доказ за ова е тоа што доколку се повреди увото кај рибата, таа започнува да се движи во круг. Спрема тоа, увото кај рибите осеќа само јаки потреси и звучни тонови.

Друго сетило е страничната црта кај рибата која реагира и на непознати вибрации во водата. Страничната црта кај рибите е по страната на рибата од главата па се до опашот. Видлива е како точкаста и шупликава црта кај некои видови. Кај некои видови таа воопшто не се гледа. Страничната црта ја имаат поголемиот дел од рибите па и некои други видови на водоземци. Тоа се посебни нерви кои реагираат на сето она што се движи во водата. Преку страничната црта рибата знае од која страна доаѓаат вибрациите, како и има претстава за големината на предметот кој ги создава. Со помош на овие свои сетила, во матната вода и ноќе рибата ги осеќа препреките, движењето на другите риби и евентуалните опасности кои произлегуваат од вибрации кои се создаваат во водата.

stranicna crta

За добриот рибар од исклучително значење е да не го занемари фактот дека рибите се многу осетливи и при најмалиот шум и звук. Токму затоа, препораката е кога сте покрај водата да останете што потивки. Викањето, смеењето, чукањето, сечењето на дрва, превртувањето на камења, или фрлањето на предмети во водата, во близина на местото каде што фаќаме многу негативно може да се одрази врз риболовните резултати/ Кога газите во водата претпазливоста треба да биде уште поголема. Кога газиме во водата секое превртување на камењата, лизгање или плискање, рибата го осеќа и тоа може да биде основен фактор поради кој кога убаво ќе се сместиме и ќе почнеме да фрламе, исто како да фрламе во “мрво море“. После извесно време рибата може да се врати, но може и да не се врати, затоа што рибите памтат каде било местото каде тие осетиле опасност.

Вторник, 23 Февруари 2016 12:13

За мирисот кај рибите

Рибите имаат развиено добар осет за мирис. Научникот Фриш прв докажал дека рибите можат да ги намирисаат и со вкус да ги осетат стварите. Според тоа рибите можат да намирисат и да вкусат одредени ствари во водата, заклучок кој ние рибарите од многу поодамна го познаваме.

Меѓутоа доколку една риба привлечена од мирисот тргне кон некој мамец и кога ќе стигне до него утврди дека тоа не е нејзиниот типичен вкус на исхрана си заминува без да го допре мамецот. Ваквото однесување ни укажува дека сетилото за мирис кај рибите е всушност сетило за далечина, кој на рибите им сигнализира дека некаде во далечината постои некој извор на храна. Истото треба да ни биде добар сигнализатор да не го мешаме сетилото за мирис со сетилото за вкус кај рибите.

Рибите мирисаат преку ноздрвите кои се наоѓаат над устата, а под очите на рибите. Со својот мирис рибите доста често ја пронаоѓаат и храната. Покрај ова, сетилото за мирис има и други значајни функции кај рибите. Тоа има важна улога воопшто во осетот за ориентација кај јагулите и лососите , има голема улога при парењето кај рибите, за да ги осетат рибите од својот вид, а кај одредени врсти им служи и да ги намирисаат далечните води во кои се родени.

Исто така мирисот е важен и за да се намириса и непријателот. Тоа е веќе докажано кај некои врсти на риби кои на пример можат да ја намирисаат штуката. Сетилото за мирис е многу посетливо од сетилото за вкус. Со оглед на ова, сетилото за мирис делува на рибите на многу поголемa одалеченост.

За рибарите е добро да знаат кои видови риби имаат подобар осет за мирис, а кој послаб. Познато е дека кај рибите кои имаат добро развиени и поголеми очи, сетилото за вид е многу силно, а сетилото за мирис многу послабо, додека кај рибите кои живеат во длабочина сетилото за вид е слабо развиено и тие имаат исклучително развиено сетило за мирис. Така на пример штуката има многу слаб осет за мирис, а сомот има одличен мирис и осет низводно на поголема далечина да намириса смрдлив мамец. Токму aditiviзатоа сомот треба доста често да го тражиме на мамци кои имаат тешка миризба. Доста често сомџиите прават и свои специјалитети, кои не ретко се одредени меса, оставени за да се усмрдат. Таков мамец е усмрдената кокошка. Исто така за сомот се користат и усмрдениот пилешки џигер, расипани виршли, најлошата конзерва на риба и сл. Знаејќи го сето ова ќе сватите дека понекогаш токму она што намераваме да го фрлиме може да бде нејдобриот мамец.

Друга риба која исто така е препознатлива по осетот за мирис е крапот. За крапот и не треба многу да се говори затоа што широко е познато дека на крап не се иде без примама, а за крапската примама може многу да се говори, меѓутоа доста често се користат доста адитиви, течности и мириси, со цел да го привлечеме крапот поблиску до нашите јадици.

Генерално и многу други риби реагираат на дразбата од одреден мирис. Токму затоа доста често се носат и фрлаат крми (примама) кои во зависност од рибата, (крма за крап, попадика, плашка, црвеноперка и сл.) годишното времето во кое ја фрламе и мамецот на кој што ќе ловиме, имаат разни мириси, кои доколку ги погодиме, можеме да собереме поголемо јато риби кои ќе ни го направат денот поубав.

Вторник, 23 Февруари 2016 12:10

Како гледаат рибите?

Познавањето на карактеристиките на рибата која намераваме да ја ловиме е од исклучителна важност за секој добар риболовец.

Во оваа насока, најуспешни рибари ќе бидат оние кои познаваат што погоем број на карактеристики на рибата, а секако дел од тие карактеристики, покрај оние основните на каква спрема, во кое време, на кое место и на каков мамец јаде рибата, се и самите поедини карактеристики на рибите.

Видот кај рибите е една од овие карактеристики кои пожено е да се познаваат.

Дел од поискусните рибари се сосема свесни за потребата да се знае која риба колку гледа, затоа што од овој податок доста често зависи и начинот на риболов, начинот на однесување покрај водата на која ловиме, каква боја облека ќе носиме, каква боја на мамец ќе поставиме и сл.

Рибното око има необичната градба и е така градено за рибата да може да гледа во вода. Ваквото гледање е многу поразлично од гледањето на копно и воздух. Водата ја прекршува и гуши светлоста многу повеќе од воздухот. Токму поради ова добриот вид и не е пресуден за рибите и повеќето риби се кратковиди. За разлика од очите кај луѓето и копнените животни кои генерално ја акомодираат и изоштруваат сликата на близина, рибното око тоа го прави на далечина. За активно подесување на далечината, силниот мускул на окото на рибата се повлекува наназад во насока на очната мрежница.

Различните видови риби имаат и различно развиено сетило за вид. За разлика од голем број на риби кои се препознатливи по добро развиениот орган за мирис и допир, постојат и голем број риби кои имаат добро развиен орган за вид. Тоа пред се се рибите грабливци кои имаат строго контролирани движења со очите и кои најчесто гледаат во иста паралела, водорамно. Видното поле на поголемиот број на риби е поприлично големо. Ако се земе во предвид и движењето на окото кај рибите, нивното видно поле достигнува и до 170 степени во хоризонтала и 150 степени во вертикала (рибари мислете му ја кога ќе се криете).

За разлика од рибите кои во приквечерието и ноќта не гледаат многу, или пак воопшто не гледаат ништо и на кои очите им се слабо развиени и мали, рибите кои живеат во површинските словеи имаат добро развиен орган за вид. Притоа, многубројните експерименти докажале дека рибите ги разликуваат и боите, но осет за боја имаат само оние риби кои се активна преку ден и најчесто ги разликуваат црвената и жолтата боја.

За разлика од овие риби, на пример рибите кои пливаат во длабочините на морето не ги разпознаваат боите.

Според видот рибите можат да се поделат во три групи:

Прва група на риби: Површински риби од горните и површински слоеви на водата кои гледаат најдалеку и кои распознаваат бои. Типичен преставник на оваа група на риби е пастрмката.

Втора група на риби: Риби-грабливци и риби од малку подлабоките слоеви на водата. Во оваа група на риби спаѓаат штуката, смуѓот, езерската пастрмка и некои други врсти на риби. Преставниците од оваа група добро го гледаат одблесокот на светлоста (воблерите и блинкерите) и движењето на предметите, а имаат стереоскопски вид во агол од околу 45 степени.

Трета група на риби: Риби кои најчесто живеат во длабочините и на дното на водата каде што е најмрачно. Типични преставници на оваа врста се крапот и сомот. Кај оваа група на риби видот е најслабо развиен и тие најмалку го користат. Кај оваа група на риби, за сметка на сетилото за вид, особено се развиени другите сетила, како што е сетилото за мирис и допир, кои тие најчесто го користат.
Познавањето на ваквите податоци е од особено значење, затоа што тие ни објаснуваат зошто пастрмката не се лови на дно, или пак зошто крапот и сомот не се ловат на мушица или блинкер.

Воедно ваквите информации се особено битни за правилно движење на риболовецот, секако доколку сакаме да останеме незабележани. Со глед на тоа што светлоста се крши проаѓајќи од поретка во погуста средина на водата, рибата пред се ќе го забележи риболовецот кој стои, одколку оној кој седи. Сепак, за која и да е врста на риба, една од основните препораки за секој риболовец е при риболов да биде што помалку воочлив, да не носи дречлива облека и да биде што поскриен во околината на местото каде што лови.

Како и секоја година, така и изминатата 2015 година здружението Рибар 2011 доброволно и со сопствено собрани средства пориби неколку води во Република Македонија. Последните две порибувања со вредност од 32.000 денари беа на Мавровица и Велешко езеро со околу 100 крапови со тежина во просек од 1,5 килограми.

Понеделник, 16 Јануари 2017 10:28

Државна дозвола за рекреативен риболов

LOGO RIBKRADCI 233

Почитувани колеги риболовци,

Започнати се процедури и може да се аплицира и за годишната државна дозвола. Цената е 7.000 денари и важи на сите риболовни ревири и рекреативни зони (реки и езера) каде што е доделена концесија.

Ако некој сака да извади државна дозвола, истото може да го стори и преку РИБАР 2011

Постапката е следната:

1. Поседувате или ќе извадите легитимација/маркица за 2017 година (ако имате - ни доставувате копија)

2. Ги уплаќате уплатниците наведени подолу

3. Ни ги доставувате уплатниците, ние поднесуваме барање за вас, ви ја изработуваат дозволата и ние ви ја доставуваме

Дозволата важи за сите реки и езера во Р. Македонија кои имаат концесионери и може слободно да ловите насекаде, без да трчате да уплаќате повеќе годишни дозволи за различни ревири, или пред секое одење на риболов да го барате пунктот за наплата, или да уплаќате дневна дозвола на жиро сметка кај концесионерот.

Уплатница 1:

uplatnica drzavna 1 2017

Уплатница 2:

uplatnica drzavna 2 2017

 

И во 2017 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2017 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.

Легитимацијата (Маркица за 2017 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.

За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2017 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во некој од следните риболовни продавници низ Скопје: Рибарски Приказни во Тафталиџе, Сара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.

За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2017 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.

Уплатницата пополнете ја на следниот начин:

uplatnica2017

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2016), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)

Потребни документи

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2016

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

И во 2017 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2017 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.

Легитимацијата (Маркица за 2017 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.

За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2017 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во некој од следните риболовни продавници низ Скопје: Рибарски Приказни во Тафталиџе, Сара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.

За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2017 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.

Уплатницата пополнете ја на следниот начин:

uplatnica2017

Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2016), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)

Потребни документи

ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2016

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА

ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА

- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)

Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Со почит,

Рибар 2011

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija