Мушичарска репортажа 1/2019 - Отворање на сезона на Радика
Во петокот беше прв дозволен ден за риболов на пастрмка, како кај нас на Треска, така и на Радика. Тие што беа во петокот на Радика поминале тапа, па повеќето што требаше да одат денес се откажаа, не јадело.
Јас и Цакуле решивме сепак да отидеме и да си ја пробаме среќата.
Радика бешее многу мала, како да е крај на август. Ладна и без никакви знаци за активност на риба. Сепак, уште од самиот почеток на денот се покажа дека ќе биде интересен денот. Мали риби воопшто немаше, се што удри беше над 300 грама. Извадив 3 поголеми и неколку помали, од кои најголемата беше 54 см. Изгубив и три убави риби на вадење. Со Цаки ловевме на мали нимфи #16 и #18, сите на барблес јадици.
Уживајте во убавините на Радика.
Зимски риболов во Бадар
Аки Рибар Fishing Mix
Мајсторите од Пчиња
Spinning fishing на Атлантски Океан, Африка
Локација, Африка, остров Биоко, во близина на Екваторот. По некоја случајност, се наоѓам тука, на ова место, со прекрасна природа, тропски остров опкружен со грандиозниот Атлантски океан.
Риболовот тука е примитивен, локалното население лови на “panula”, на жив мамец, модерните техники, вклучувајќи го и spinning риболовот речиси и се непознати овде.
Океанот изобилува со разновидна риба, капитални примероци на баракуди,red snapper, моруни се продаваат насекаде, на улица, обесени на дрвени рамки , висат и ја будат риболовната страст и фантазија кај мене, на локалниот рибен пазар, на импровизирани дрвени тезги/кутии, каде има и дел за чистење на рибата.Имено, неколку мажи на големи дрвени маси, со големи сатари, ножеви, импровизирани четки со клинци за чистење на крлушките за 10-ина евра ги чистат огромните риби, сечат на парчиња и пакуваат, спреми за готвење.
Бидејќи службено (специјален поздрав за Даре &) сум овде,
многу време за риболов и нема, а плус и општествениот систем и поредок
го забранува риболовот од историско-политички причини,
особено за представниците на белата раса.
Но, сепак, жедтта и страста кон риболовот мора да се “изгаснат” на вода.
Благодарени на Сашо Васков, успеав да донесам 4-делна спин трска, мамците и придружниот материјал во едно мало куферче, и правец, плажа Сипопо!
Пред самата плажа, постои комплекс-ресторан со док кој влегува во океанот, идеално за спин риболов.
По завршување на работните обврски, на брзина спакуван, се упатив кон местото.
Таму, речиси никој, на крајот од докот, само јас и еден темномурест “локалец”, Мустафа од Мароко.
На брзина ја распакував трската, опремата,
и зафрлив кон хоризонтот.
Бидејќи плетеницата беше нова и речиси излегуваше од шпулната на машинката, првото зафрлање го направив лесно, 20-30 метри, колку да се натопи плетеницата и да легне убаво на шпулната.
На второто зафрлање, само што почнав да мотам, брзо и агресивно, со ситни twich-ови, бам!
Страшен удар, трската се свитка во најубава парабола и почна шоуто.
Веднаш се осети дека е поголем примерок, почна да влече како луда, среќа drill-от на машинката беше подесен доволно за да извлекува онолку колку што треба. Времето сопре, рибата очајнички се бореше, се уште не знаев што имам закачено. Полека почнав да ја “пумпам” и одеднаш, сребрена долга сенка , рефлектираше на некој метар под површината. Баракуда! Голема е!
Како и во сите вакви ситуации, нели, Марфи, кеп немав. Имав еден метален трозабец кој го најдов на работа, но беше во таква состојба да залудно беше што го имам.
Почнав да се вртам лево-десно , по карпите, барајќи најзгодно место за да ја донесам рибата,
андреналинот отиде во опасни граници, но, ете го, Мустафа, од Мароко, рибарот што го делеше океанот со мене , притрча гледајќи ме како се обидувам да ја извадам рибата, да ми помогне.
Пред да ја донесам до карпите , на два пати, баракудата рипна над вода покажувајќи ја својата целосна убавина.
Само што се доближи до карпите, го даде најубавиот бег, најубавиот дрил во мојот живот, до тој момент. Azores-от почна да зуи и замина рибата едно 30-ина метри од мене.
Повторно почна борбата, но сега, за мал дел, со посмирен ум, полека,полека, ударите што ги даваше на трската беа страшни. Сета опрема што ја користев беше во прекрасна параболична синергија, обидите за да се ослободи од мамецот беа залудни.
Уште два пати ја донесов до карпите и пак иста приказна. Бег кон хоризонтот, удари, drill-ови,
но веќе беше доста. Мустафа спремен на карпите да ја прифати, ја донесов за последен пат, мало возење лево-десно околу карпите и Мустафа на брзина ја прифати прво за опашката,
а потоа за шкргите.
Надвор е!
Не можам да ви ја опишам возбудата во тој момент.
Ја тргнавме подалеку од водата, бидејќи го заборавив пеанот/клештите (Марфи),
со малите ножички некако успеав да ја извадам/искинам трокуката од воблерот,
се имаше закачено на последната,крајната трокука, воблерот изгризан, тетовиран од забите на баракаудата сведочеше за предаторот.
Откако , направив, пауза, неколку фотографии на брзина, повторно се вратив на риболовот.
Уште еден час ловев, менував мамци,техники, но немаше реализација.
Се поздравивме со Мустафа, на враќање поминав на работа, да ја измерам рибата.
110 см, 8кг.
Користена опрема:
Rod: Balzer Edition IM-12, 2,8 m , 15-75 g., 4 Pcs
Braid : Okuma Ceymar X8 braid 45lb 0,33mm
Reel : Okuma Azores Z 40S
Lure : Duo Tide Minnow Slim 140 Flyer Neo Pearl
Leader : Savage Gear 100% Soft FluoroCarbon 27lb,0,46mm
Атлантски океану, ти благодарам!
До следната авантура, поздрав и бистро!
Легитимација за рекреативен риболов за 2019
И во 2019 година, сајтот http://www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2019 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација.
Легитимацијата (Маркица за 2019 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари.
За оние кои веќе имаат извадено легитимација преку “Рибар 2011“ во претходните години, можат да уплатат 400 денари за маркица за 2019 година и со таа уплатница да си ја земат маркицата во канцеларијата на РИБАР 2011 во центар, карши Црвен Крст во високата кула некој од следните риболовни продавници низ Скопје: Рибоцентар во Тафталиџе 1, Рибарски приказни во Тафталиџе 2, Сара-Спорт на Битпазар, Мак Дам во Порта Влае или во Битола во продавницата Бистро Бт и кај Нико.
За сите останати, доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2019 година, преку мејл доставете ни ги подолу бараните информации и уплатете 400 денари во банка или пошта на следнава уплатница. Веднаш чим уплатите известете не преку мејл дека е уплатено, испратете ни слика од уплатницата и ние во најскоро време ќе Ви ја извадиме легитимацијата-маркицата и ќе ви ја доставиме лично, или испратиме по пошта да Ви стигне дома.
Уплатницата пополнете ја на следниот начин:
Сите оние кои веќе имале легитимација (било која година во периодот од 2008 до 2018), нема потреба да доставуваат слика. Сите оние кои за прв пат ќе извадат легитимација, потребно е да достават слика во дигитален формат преку мејл. (сликата може да биде било каква на кое се гледа лицето на оној кој вади легитимација)
Потребни документи
ЧЛЕНОВИ КОИ ИМАЛЕ ЛЕГИТИМАЦИЈА ВО ПЕРИОДОТ 2008 - 2018
- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- БРОЈ НА СТАРА ЛЕГИТИМАЦИЈА
ЧЛЕНОВИ КОИ ПРВ ПАТ ВАДАТ ЛЕГИТИМАЦИЈА ГОДИНАВА
- ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
- АДРЕСА
- ЕМБГ (Матичен број)
- БРОЈ НА ЛИЧНА КАРТА
- СЛИКА ВО ДИГИТАЛЕН ФОРМАТ (СЛИКАНА, СКЕНИРАНА, СЕМЕЈНА ФОТОГРАФИЈА НА КОЈА ЛИЦЕТО СЕ ГЛЕДА УБАВО)
Ве молиме податоците со потврдата за уплата и сликите да ги праќате на следниот е-маил:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со почит,
Рибар 2011
ЦЕНИ И ПУНКТОВИ ЗА ДОЗВОЛИ ЗА 2019 ГОДИНА
ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2019 ГОДИНА
1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:
(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)
- ГОДИШНА: 1800 ДЕНАРИ
- ПЕТНАЕСЕТДНЕВНА: 900 ДЕНАРИ
- СЕДУМДНЕВНА: 700 ДЕНАРИ
- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 1400 ДЕНАРИ)
2. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:
ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР)
2800 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)
ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 (СКОПСКИ ВАРДАР, ВЕЛЕШКИ ВАРДАР ДО СОСТАВ СО ЦРНА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЦРНА РЕКА ОД БРАНА ТИКВЕШ ДО СОСТАВ, БРЕГАЛНИЦА ОД С.УБОГО ДО СОСТАВ, БАБУНА И ТОПОЛКА)
2400 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)
ПУНКТОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2019
1. КАНЦЕЛАРИЈА НА РИБАР 2011 (СПРОТИ МРФ/ВАРДАР)
Работно време за издавање дозволи 09:00 – 14:00
2. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА САРА СПОРТ БИСТРО, (СПРОТИ БИТ-ПАЗАР КАЈ ПЕРО)
Работно време 09:00 – 17:00
3. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА РИБОЦЕНТАР ВО ТАФТАЛИЏЕ
Работно време 10:00 – 20:00
4. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА МАКДАМ ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 09:00 – 20:00
5. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА ФИШЕРМАН ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 10:00 – 18:00
6. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБ. ОПРЕМА БЛИНКЕР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Работно време 08:00 – 20:00 ; Контакт телефон 075 296 706
7. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА МИЛЕ ТАПА ВО МИЧУРИН, АЕРОДРОМ, Работно време 09:00 – 19:00
8. ЗСР ВАРДАР СКОПЈЕ, БУЛ.КОЧО РАЦИН БР.75, СКОПЈЕ
Работно време 08:00 – 16:00
9. Реон на Маџари/Сингелиќ – Вертиго Дизајн, преминот преку пруга со рампи кај Кванташки, најава/титка кај Давор на 070/57-70-20
10. Реон Илинден – договарање на 070/226-282 од понеделник до петок 08:00 – 16:00
Мавровско езеро 21.10.2018
Неколку часовен риболов на Мавровско езеро. Температурата 6 степени, но ветерот кој што дуваше даваше чувство дека е многу поладно. Локација кај Мавровска брана под рударот.
Додека се припремав за риболов во кутијата спремив три силиконски црви со флекси џиг глави од 5 грама.
За ветерот кој што беше прилично силен се покажа дека е малку па монтирав две глави од по 5 гр. за да може да се работи убаво со силиконот.
Додека не ги скинав сите три силикони имав удари откачувањаа па и едно кинењае на покрупен клен кој што скина најверојатно поради оштетен флуорокарбон од камењата и карпите на тој дел.
На крај удри и еден на кашика.
Второ порибување на Лепенец со бела риба
Во петокот (02.11) додека една група порибуваше со пастрмка, друга група со наши активисти отидоа на езерцето да ја извадат и преостанатата риба. Се извади целата риба од езерцето, искрено не изненади количината која останала вчера, а од таму отидовме на Лепенец, каде што се најдовме со групата од Lepenecki ribarski muabeti и го порибивме Лепенец со приближно 300 (триста) килограми риба која се состоеше од бојник, клен, попадика, костреж и по некое крапче.
Благодарност до нашите активисти кои овозможија Лепенец да се пориби со речиси 400-тини килограми бела риба во само два дена.
Рибар 2011 ќе продолжи и во иднина со слични акции за збогатување на нашиот ревир со риба.
Бистро и чесно на вода!
Порибување на Треска со 100 кг пастрмка
Во петокот (02.11) во соработка со Град Скопје и Македонска Риболовна Федерација, извршивме порибување на ревирот Вардар 3 - Скопски со 100 кг поголем подмладок и возрасни единки на македонска пастрмка. Дел од пастрмката е спремна и за мрест, па се надеваме дека зимово ќе се измрести за прв пат и во нашиот ревир.
Контролите ќе бидат постојани и зајакнати на порибените локации во наредниот период.
Продолжуваме со збогатување на риболовните води и подобрување на условите за риболов за сите нас.
Бистро и чесно на вода!