Одбери ја вистинската мушичка

Одбери ја вистинската мушичка

Да се одбере вистинска мушичка, денес кога изборот е огромен, е прав предизвик. Прашањето кое го поставува секој почетник е: што е тоа што ја прави оваа мушичка подобра од другата?
Пред да се почне со риболов со одреден вид на мушичка, потребно е да се размислува за следните фактори:

• Годишно време
• Состојба на водата (матна, бистра)
• Вид на риба која ќе се лови
• На која река или езеро ќе се лови (разни води, разни инсекти, разни услови)
• Твојата локација на водата (брегови со трева, длабоки брзи базени, плитки мирни површини)
• Период од денот (утро, пладне, приквечер)

Секогаш треба да се набљудува кои инсекти се ројат во текот на денот додека мушичариме. Пастрмката го приспособува своето хранење според дневното роењето на инсектите. Со набљудувањето може да се утврди дали рибата зема од површина или се храни со нимфи.
Во зимскиот период не треба да се лови со големи имитации, бидејќи тогаш нема роење на такви инсекти. Преку зима, водните инсекти се мали, па спрема тоа се користат мали имитации како што се: Blue Wing Olives, Midges, и мали Stoneflies.

Во пролет мајските мушички се ројат прогресивно, така да во овој период од годината се користат имитациите: Hendrickson, March Brown и Quill Gordon.
Како што доаѓа средината на пролетта инсектите се поголеми и со појаки бои. Имитациите кои одговараат на овој период се: Green Drakes, Light Cahills, Sulphurs, Olive Elk Hair Caddis и др.

За време на летниот период рибата е заинтересирана за земјените инсекти (Бумбари, Оси, Мравки и др.). Ваквата заинтересираност би требало да потрае преку цело лето. Исто така во овој период не треба да се заборави и употреба на поголеми имитации на Stonefly Nyмphs.
Image
Како што се приближува Октомври, така треба да се вратиме на употреба на помалите имитации.

Изгледот и условите на водата исто така играат голема улога во избирањето на имитации. Доклоку водата е матна, пробајте со поголема и пошарена нимфа. Тука би одговарала- Prince nymph, Black Wooly Bugger. Треба да се внимава дека рибата има добар вид дури и во вакви услови на водата.

Кристално чистите води се сосема друг предизвик, каде рибите ги гледаат сите детали од имитацијата. Во овој случај пожелно е да се употребуваат пореалистични мушички. Мала имитација, деликатно презентирана, е клучот за успех во вакви услови.

Прегледано 6461 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija