Бела мрена

Бела мрена

Мрена (Barbus barbus)

Мрената е со сигурност една од најзначајните риби во нашите води и нејзиниот улов претставува голем предивик и големо задоволство. Мрената се одликува со мускулесто и вретенесто тело, со силни перки, совршено прилагодливи за пливање во брзи и силни водни струи. Нејзиното тело е прекриено со крлушки кои се забодени длабоко во нејзиното тело и богати со слуз. По грбот има сиво-маслинеста боја, која кон стомакот се претвора во сребреникава. На стомакот има густи и стини крлушки. Устата и е жилава и меснаста, украсена со два пара бркови и има мали очи. Расте до тежина од 10 килограми, иако такви примероци од поодамна не се сретнати. Најчести е примероците од 500 грама до 1 килограм, а примероците од 5 килограми се сметаат за капиталци од овој вид.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:golema mrena

Мрената живее во протечни и подлабоки води. Таа живее во јата и никогаш не е сама. Густината на јатото зависи од големината на рибите кои го формираат, колку се поголеми, толку помалку риби има во јатото и обратно. Може да се лови преку цела година, но есеноска се смета за најдобро време. Најмногу се задржува во средните токови на реките, на песочно и каменесто дно. Зимно време мрените се собираат во јата и мируваат на дното во мирните и длабоки9 делови на реките. Летно време се наоѓаат во брзите и поплитки делови на реките, во самите брзаци и на места каде на дното има крупни камења и помали карпи кои и овозможуваат брзо струење на водата. Добриот лов на мрена започнува во пролет кога во водите има повеќе храна и кога мрената е поактивна него земно време. Јаде леб, ларви, црви, школки, пченка, дудинки, а неретко и ситни риби. Во суштина, за мрената е интересно се што може да најде на дното на реката. Оваа брката и силна риба е одличен пливач и многу внимателна и паметна риба. Во понудата на мамци е поприлично пребирлива. Доколку ве здогледа, ќе побегне.

Размножување:

Мрената се мрести слично како и кленот, од крајот на Април до крајот на Јуни и во тоа време послабо ја зема понудената храна затоа што се храни со ларвите кои и ги носи водата или кои сама ги тражи под камењата. Полна зрелост мажјаците достигнуваат од 4-5 години, а женките од 5-6 години кога се долги од 30 – 40 сантиметри. Полагањето на јајцата се извршува во поплитките зони богати со кислород и прекриени со песок и камења. Може да снесе од 3000-8000 јајца крупна помаранџеста икра кои се развиваат за 14 денови. Млечта на мужјаците е црвенкаста. За развој на икрата е потребна температура од10-12° C. Икрата на мрената, после неколку дена, многу риболовци ја користат за примамување и риболов на бојник.

Животен век, големина на раст и тежина:

Просечниот животен век на мрената е од 12-20 години. За тоа време може да нарасне во просек од 50сантиметри до 100 сантиметри, со тежина од 3 килограми до 12 килограми.

Прегледано 10824 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija