Затворање сезона 2017

Затворање сезона 2017

Се заврши таму каде што и почна ... на Берсин.
По кратко наговарање од страна на син ми, решивме викендот да го поминеме не Берсин и да ја затвориме и оваа сезона за крап .
Веќе спакувани и спремно од петокот, во раните утрински часови во саботата веке бевме на Берсин. Не се брзавме бидејки понеделникот беше неработен ден и секако имавме продожен викенд пред нас.
На Берсин веке имаше неколку екипи на колеги од Бугарија и секако незаменливиот Људмил Димов кој веке беше наместен на позиција 17.
Јас ја резервирав 16ка бидејки таа беше слободна на тој дел од езерото. На 15ка исто така имаше колеги од Софија кои беа одлични комшии за кафе муабет.
Возбудата на Син ми немаше крај. Прв пат на крапски рибилов надвор од Македонија и тоа на 3 дена. Неможеше да дочека да се наместиме и да почнеме. Полека го средивме кампот, ја наместивме позицијата и риболовот можеше да почне.
Наместив 6 трски од кои на 3 монтирав џелихоптер монтаж... бев решен да ја пробам бидејки оддамна планирав да ја пробам но не ми се укажа шанса. Користевме бојли од Мелег, Plum Selfish и Red Herring, 16 мм Robin Red пелети од Dynamite Baits и тигров орев. Тоа беше арсеналот на мамци за ловење. Ловевме на 70 - 90 метри одалеченост на длабочина од 7 до 10 метри. Рибата беше активна во подлабоките делови и ударите почнаа да се редат.
Беше прекрасен сончев но студен ден, дневните температури се качуваа и до 18 степени ни ноките беа и те како ладни. Рибата работеше дење но покрупните примероци удираа во вечерните часови и на изгрејсонце. Извадивме 47 риби од 800 грама до 4,550 кг најголемата. Имавме неколку изгубени риби но ништо покрупно...
Радува фактот што на Берсин се појави голема количина на риба од 1 килограм, која за следната сезона ке биде доста интересна за риболов и натпревари.

Бистро до следната репортажа...

Прегледано 3747 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija