Почитувани колеги риболовци,
Со задоволство Ве известуваме дека од утре почнуваме со ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ за нашиот ревир Вардар 3 - Скопски, а од петок и со комбинирани дозволи за повеќе ревири.
Дозволите може да ги купите во следните риболовни продавници:
1. Сара Спорт Бистро (кај Перо) карши Бит-пазар
2. Рибоцентар во Тафталиџе
3. МакДам во Порта Влае
4. Марија Спорт во Драчево
Како и на останатите пунктови за дозволи:
1. Перална за возила МИА, на крајот на булеварот во Ново Лисиче
2. ЗСР Вардар – Скопје
Оние кои гравитираат кон Маџари/Сингелич, може да се обратат на 070/57-70-20 кај Давор и да земат дозвола кај раскрсницата према Кванташки (кај пругата).
Аеродромци може да земат дозволи во перална Миа во Н.Лисиче или да се јават на 071/232-188.
Цените се следните:
1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:
(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)
- ГОДИШНА: 1100 ДЕНАРИ
- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 900 ДЕНАРИ)
2. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:
- ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР): 1800 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 1600 ДЕНАРИ)
- ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 (СКОПСКИ ВАРДАР, ВЕЛЕШКИ ВАРДАР ДО СОСТАВ СО ЦРНА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЦРНА РЕКА ОД БРАНА ТИКВЕШ ДО СОСТАВ, БРЕГАЛНИЦА ОД С.УБОГО ДО СОСТАВ, БАБУНА И ТОПОЛКА): 1900 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 1700 ДЕНАРИ)
- ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 + ЕЗЕРО МЛАДОСТ (ВЕЛЕШКО):2200 ДЕНАРИ
(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)