На југот од Македонија, поточно на р.Луда Мара, на 3,5km возводно од Богданци, изградена e земјано-насипна брана. Браната е лоцирана на 41о12’N и 22о37’E, возводно за 9 km од влив на р.Луда Мара во р.Вардар, при што е оформена акумулација позната како Акумулација Паљурци. Висината на браната изнесува 21,1m, а должината при круната изнесува 386m. Акумулацијата има должина од 1,2km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 650m. Езерото при кота од 124,80masl зафаќа површина од 0,33km2, и има вкупна зафатнина од 2,90*106m3. Оваа акумулација формира акумулационен простор, со корисен волумен од 2,80*106m3, кој овозможува преку систем за наводнување обезбедување на вода за наводнување на дел од полето околу и низводно од Богданци.
Вид на риба
Минимална големина
Крап 40 см
Белвица (плашица) 12 см
Клен 30 см
Црвеноперка 20 см
Писа 20 см
Лињак 25 см
Костреш 20 см
Сом 70 см
Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.
Сите уловени риби под определената големина, потребно е внимателно да се откачат од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.
За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, кои се помалку значајни од аспект на рекреативен риболов, видови на риби кои ги има во поголема количина во риболовната вода или се во групата на непожелни видови риби, не се предвидува заштитна мерка “најмала дозволена големина под која несмеат да се ловат”, што значи дека може да
се ловат на сите големини.
Период на забрана за риболов на определени видови на риби.
Крап Од 05 мај до 15 јуни
Клен Од 05 мај до 1 јуни
Лињак посебен третман зависно од усовите
Попадика Од 05 мај до 1 јуни
Црвеноперка Од 05 мај до 1 јуни
Костреш Од 01 април до 30 април
Писа Од 05 мај до 1 јуни
Сом Од 01 март до 15 мај
Сите случајно уловени примероци од наведените видови, во периодот на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.
Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во секакови или чуварки за чување риба.
На акумулацијата Паљурци како „природно плодиште” се определува делот од вливот на Луда Мара во акумулацијата па 500 м од едната и 500 м од другата страна кон браната. На тој дел се воведува целосна забрана на рекреативен риболов.
Дозволениот дневен улов по видови на риби се ограничува на:
Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за рекреативната зона „акумулација Паљурци“ е вкупно до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, и др.).
За видовите “сребрен карас” и “сончаница” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должини и во неограничени количини.
Во дозволен риболовен прибор за рекреативен риболов спаѓаат: риболовни трски, риболовни машинки (орши) и разни видови на природни и вештачки мамки.
Во дозволена риболовна опрена припаѓа и пловен објект-чамец, со или без мотор.
При вршењето рекреативен риболов на рекреативната зона „акумулација Паљурци“, на сите видови риби, дозволена е употреба на максимум две риболовни трски со по три јадици на трска или максимум три риболовни трски со по една јадица на трска, со или без машинка (орша) и употреба на сите видови природни и вештачки мамки.
Дозволена е употреба на пловно средство при вршењето на рекреативен риболов на акумулацијата Паљурци.