Акумулацијата Глобочица ја создава брана со камено-насипно и глинено јадро која е изградена на околу 20 км северозападно од Струга на реката Црни Дрим, градена е од 1960 до 1965 година. Браната е и е висока 90 м од темелот и 82,5 метри од страна на речното корито.Во основата е долга 270 метри, должината во круната изнесува 202 м. и е широка 6 м, се наоѓа на кота од 692 м. надморска височина. Езерото е долго 12 км, најголема широчина е 350 м, најголема длабочина е 110 м. има површина од 2,7 км. квадратни а акумулира вода од 58,4 милиони м. кубни. Акумулацијава е рај за рекреативните риболовци . Може да се ловат капитални примероци на крап на боили , тесто или пченка, клен на скакулци, леб, млада, пченка , рипче, полноглавец , дренка , кленот се лови и на мушици и воблери . скобустот –бојникот се лови на леб и калифорниски црви. Грунецот и моранецот на црн црв и парче пијавица. Плашицата на бел црв и леб. А сребрениот карас на пченка , леб и црн црв. На акумулацијата во ноќниот период освен крапот се лови и јагулата.
Големина на риби по видови под која не смеат да се ловат
Пастрмка 40 см
Крап 40 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Писа 20 см
Црна мрена 20 см
Јагула 60 см
Карас – без ограничување
Утврдување на периодот на природен мрест по видови
Природниот мрест на рибните популации е променлив секоја година и зависи пред се од температурата на водата во акумулацијата. Но сепак постојат одредени сознанија за евентуалниот почеток на мрестот и неговото времетраење за сите видови на риби. Се забранува ловење на одредени видови на риба во акумулацијата Глобочица.
- пастрмка од 1 Октомври до 28 Февруари
- крап од 5 Мај до 15 Јуни
- клен од 5 Мај до 15 Јуни
- скобуст од 15 Април до 15 Мај
- црна мрена од 15 Мај до 15 Јули
- писа од 1 Април до 31 Мај
За рекреативен риболов се дозволува:
Две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица (со или без машинка). За пастрмката се дозволува лов со еден блинкер, еден воблер или три вештачки мушички. Забранета е употреба на природни мамци.
Дозволениот дневен улов би изнесувал : пастрмка (охридска и мавровска) до 3 примероци, крап и јагула до 2 примероци, клен, плашица и скобуст до 5 кг, останатите видови на риба до 3 кг и карасот неограничено.
Забрането е влечење на мамци (тролинг).
Дозволен е риболов од чамец до 100 метри од браната.