Историја и основни податоци
Браната “Стрежево” е висока земјано - насипна преграда со централно глинено јадро и воздовно и низводно потпорно тело од чакал подигнта на реката Шемница, возводно, на 24 km од нејзиниот влив во Црна Река и на 1,5 km низводно од селото Стрежево. Со нејзината изградба се формира акумулационен простор, со корисен волумен кој овозможува: обезбедување на потребните количини на вода за наводнување на дел од Пелагонија (проектно предвидени 20.200 ha нето обработлива површина), делумно надополнување до потребните количина на непреработена вода за потребите на ЈП “Водовод” – Битола, Поглед на акумулацијатаобезбедување на дел од потребите од технолошка вода за дел од индустријата, заштита од поплавување на дел од Пелагонија итн.
Риби
Уште од саата изградба на браната во1984 езерото порибено со повеќе видови на риби а автохтона врста (староседелец) беше кленот, Мренката (на Битолски Кркушка) како и поточната пастрмка која порано во река Шемница (која го полни езерото) ја имаше во изобилство.
Од вештачкото порибување во текот на овие години имало порибување со:
Крап - уловени примероци од 22 кгр, 17,18 се редовни (неофицијално пред неколку години со мрежа бил изваден Крап од 27 кгр. Најдобар за ловење е периодот од 1ви Мај до средината на Јуни и доцна есен. Се лови: -на пролет на црн црв (градинарски) и боила, а на есен стара домашна варена пченка и боила.Чести се ударите на капитални примероци на Крап, кај рибарите кои ловат бела риба на варена пченица.
Тостолобик - Пред 2 години 2009 беше уловен примерок од 27,5 кгр на ВОБЛЕР !!!
Сом - којшто се покажа како многу добро приспособлив за мрест на оваа вода и зема голем замав за ловење меѓу рибарите кои го посетуваат ова езеро. Како мамци може да употребите цел асортиман за лов на Сом, најповеќе жива риба. Примероците што се изловуваат се со тежина од strezevo5 кгр па нагоре.
Клен - Се лови на се и сешто, со мала напомена дека на Стрежево напролет најдобро е да се лови на ларва од планински комарец, меѓу рибарите е познат како мамец -Специјалец-
Плашица -активна скоро цела година а најповеќе се лови почетокот на Јуни до.....првиот снег. Мамец за плашката како најдобар се покажа белиот црв, а добро оди и на лепче.
Црвеноперката е риба која исто како и Сомот последните години завзема доста добар дел од популацијата меѓу рибниот фонд во езерото. Атрактивна за ловење бидејки не ретко се јавуваат примероци од 0.300 грама па нагоре.
Костреж - како мамец може да се користи се што е од животинско потекло.
Јагула -Најинтересно е тоа што со јагула не е порибено веќе добри 4-5 години, а симптоматично е тоа што скоро секоја година случајно на трска доаѓаат мали примероци од по 200, 300 грама па нагоре. Во однос на количина на Јагула во самото езеро неа ја нема во голем број, но ете се ловат примероци од по 2,3 кгр.
Караш го има во изобилство за тој што знае да го лови. Со оваа риба езерото се порибува секоја година (минимални количества што се пуштаат се од 5 тона па нагоре во примероци не поголеми од 30 грама.) и достигнува тежина- на уловени примероци до 1,5 кгр. Како храна за Сомот е одличен и затоа секој уловен примерок не е помал од 250 грама.
Корисни рибарски информации за езерото
ВОДОСТОЈОТ варира значително брзо, опаќа и се крева во зависност од тоа колку вода се пушта низ електраната. Тоа придонесува за големо мигрирање на рибата од поплитки кон подлабоки води и обратно. Често се случува рибарите кога денес ловат на еден дел на езерото во еден ден да поминат одлично со уловена риба , а веќе наредниот ден на тој дел да не се појави ама баш ништо.Препорачливо место за ловење е самото устие на река Шемница каде што и се задржуваат најголем дел од рибарите и каде што дава најповеќе резултати. Ноќниот риболов беше забранет пред 3 години но сега е дозволен поради зголеменото присуство на езерото од рибари и намален број на рибокрадци. За време на ловостој, забрана ДОЗВОЛЕНО е рибарење само со една трска со конец не подебел од 0.18 за бела риба. Сите уловени примероци освен бела риба (црвеноперка, плашица, карас ) се враќаат назад.
Локација и пристигање на езеро
На езерото се стига преку 3 пристапни патишта и тоа:
1- Битола-Ресен, се исклучувате на клучката Ротино и после тоа одите во правец на селата Рамна и после Лера.
2-Битола-Д.Хисар се исклучувате лево по патот за село Црнеец (има знак на сам пат-БРАНА СТРЕЖЕВО)
3-Битола-Д.Хисар се исклучувате лево на сам пат (тргнувате по патот за Смилево) пред село Лопатица и во влезот на село Обедник ке запрашате кое патче оди за Езерото! Патот не е препорачлив за понова и луксузна кола.