Беровско езеро

Беровско езеро

Беровското или Ратевското езеро е вештачко езеро кое се наоѓа во Малешевијата непосредно до селото Ратево, односно градчето Берово чии имиња ги носи напоредно. Езерото се наоѓа во непосредна близина на Берово, односно на 7 км од Берово и на 1000м надморска височина.

Ова македонско езеро и неговата околина е познато по прекрасната и недопрена природа и по одличната клима. Доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата кои во Македонија ги има во избилство, Беровско езеро е вистинската дестинација.

Клима

Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С. Овој предел го карактеризираат свежи лета и студени зими. Дождовите преовладуваат во текот на годината. Најврнежливи месеци се мај, јуни и ноември. Пријатната клима го прават овој крај идеално прибежиште во летните периоди.

Заради високата концентрација на кислород, многу посетители доаѓаат не само ‘да наполнат батерии’ туку и за рехабилитација. Во Малешевијата се приготвуваат многу традиционални лекови од природни состојки за лекување на разни болести. Од овој предел не може да си заминете без боровиот сируп или мед, лек за болести на дишните органи.

Поради изобилството на зеленило, ливади и пасишта како и чистиот воздух, беровското сирење е со врвен вкус.

Туризам

Поради поволната местоположба. чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Покрај познатите хотели, тука се наоѓаат и атрактивните излетнички места Албаница и Суви Лаки, кои се познати по прекрасната природа и одлично уредените викендички. Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организарани странски туристи.

Прегледано 11257 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija