Козјак

Козјак

Акумулацијата "Козјак" е најголемо вештачко езеро по површина, длабочина и по должина во нашата Република, а пред се по вкупното количество вода во него. Браната која ја има е со висина од 126.1 м и со која е пресечено течението на реката Треска, е почната со изградба во 1994 год., а завршена е и пуштена во употреба во 2004 год. Освен по својата природна убавина езерото е познато и по богатиот рибен фонд.

Основни податоци и географија

Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнасува 400 метри. Се наоѓа на надморска височина од неполни 300 метри. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. Вкупниот бруто волумен на акумулацијата изнесува 550 милиони м3 вода, а има корисен волумен од 260 милиони м3. Се наоѓа на надморска височина од 471 м.

Езерото се наоѓа на околу 25 км. низводно од вливот на реката Треска во реката Вардар. Водата од акумулацијата се користи првенствено за хидроенергетски цели, но претставува и регулирана вода за низводните хидроцентрали како и вода за наводнување на Скопско Поле.

Во акумулацијата Козјак ихтиофауната е составена од поголем број на видови кои припаѓаат на поголем број на фамилии.

Од видовите на риби се среќаваат:

- Поточна пастрмка

- Крап

- Виножитна пастрмка

- Клен

- Бојник/Скобуст

- Мрена

- Попадика

- Плашка

- Караш

- Гомнушка

- Кркушка

- Јагула

Не е исклучено во акумулацијата да се среќаваат и други видови на риби кои се спорадично ,или инцидентно уловени. Според согледувањето на теренот акумулацијата Козјак овозможува поголем број на искористување на незиниот ихтиолошки потенцијал.

На акумулацијата Козјак е можен рекреативен риболов преку целата година на цела површина на акумулацијата. Акумулацијата Козјак преставува атрактивна зона за сите рекреативни риболовци.

На акумулацијата Козјак е можно и организирање на спортски риболов преку целата година.

За успешна реализација на физичката заштита на рибниот фонд од акумулацијата Козјак има рибочувари.

Посебни мерки за заштита на природните плодишта на крапот, кленот, скобустот, мрената и поточната пастрмка се состојат во нивно одржување, а особено е нивната физичка заштита од рибокрадци за време на интензивниот мрест постојано се следи состојбата на автохтоните рибни популации како би се овозможило навремено порибување исклучиво со автохтонен рибен подмладок а се во согласност на законските прописи.куќарка на вода

Доколку во наредниот период се овозможи успешно одвивање на природниот мрест на сите економски значајни риби би можело да се одржува во оптимални рамки и со сопствениот мрест. Со темпото на растење на поедини видови на риба, возрасната и половата структура на нивните популации во акумулацијата Козјак во текот на наредните 6 години од акумулацијата може да се изловат 90-120 тони риба од сите видови.

Големина на риби под која не смеат да се ловат

Поточна пастрмка 25см

Крап 35см

Виножитна пастрмка /

Клен 25см

Скобуст 25см

Мрена 25см

Вардарка /

Попадика 15см

Боцкалка /

Се забранува ловење на одредени видови на риба во акумулацијата Козјак:

- пастрмка од 01. Октомври до 15 Февруари

- крап од 01. Април до 30. Јуни

- клен од 01. Мај до 31. Мај

- скобуст од 01. Април до 31. Мај

- мрена од 01. Мај до 30. Јуни

- попадика од 01. Мај до 30. Јуни

На акумулацијата Козјак е дозволен рекреативен риболов. За пастрмката се дозволува рекреативен риболов - блинкер со влечење, со ограничување на 12 ловни дена во годината. За останатиот рекреативен риболов се дозволуваат две риболовни трски со по три јадици на трска или три риболовни трски со по една јадица (со или без машинка). Дозволен дневен улов изнесува: поточна пастрмка до 4 примероци, виножитна пастрмка неограничено, крап до 2 примероци, клен и скобуст до 5 кг мрена и попадика до 3 кг.

 

Прегледано 14910 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija