RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Среда, 15 Август 2018 07:41

Мавровско езеро 11.08.2018 (C&R)

САБОТНО УТРО НА МАВРОВСКО ЕЗЕРО

Пристигнав рано околу 5 часот.
Опремата спремна и познат мамец кашика АБУ ТОБИ 10 гр.
Неколку удари и неколку извадени кленови, едно откачување на клен над 3 кг.
По него дојде и најголемиот клен над 2 кг (по слободна проценка не е мерен).

https://youtu.be/1_bF6gsx9WE

https://youtu.be/9XDak64AIDc

Вторник, 14 Август 2018 10:00

72 часа Берсин

Повторување на минатогодишната 72 часа кампања на Берсин, овој пат побогата со риба и со збогатено друштво
Видео креирано од Матеј Крап Симјановски... :)

Уживајте и бистро!

Понеделник, 13 Август 2018 08:23

Паљурци и полната месечина

По долги најави и договарања со мојот пријател и домаќин Митко Прошев се решивме да го посетиме преубавото езеро во Богданци, кое едноставно не остави без зборови. Петокот после работа спремна колата све во 15:00 часот бевме на езеро, немавме многу време за размислување што како каде со мали консултации со Митката одбравме место неловено со обрасната трева до колена. Набрзина го склопивме чамецот спремивме маркери и бојлите со нас во чамес го спремивме местото.
Мојот пријател Јане беше десно од мене на едно 100метри но дента немав можност да го посетам, не стемни ние репетирани ко пушки чекаме удар. Полна месечина тој ден некое преклопување на месечината имаше идеален ден за удари. Домакините одма не посетија се запознавме со нив со Трајче си извадивме карти и забавата може да започне. Околу 9 часот веке го имавме првиот удар крап од 3кг див небележан. Кобрење малце за 10 минути иде уште една 3ка дива. Викам оваа нок нема спиење, дојдоа домакините ги поканивме на ракија салата муабет седнаа муабети вака така одлична вечер , па седевме некаде до 3;30 часот. Откако тие не напуштија легнавме да се оптегнеме на креветите, и се стиши све мирно кога наеднаш десна трска го запали сигнализаторот, да закасневме малце отиде во вода цела. На трска се осека не е 4-5 ка овде е веке нешто посериозно закачено прав дивјак со јака борба. Јас вадам сите трски од вода плашејки се да не го допрам конецот, а машината зуе ли зуе не се сопира рибава зима конец. Борба едно 20 минути на чист терен јас влезен до пупак во вода конечно го кепнавме крапот беше преку едно метро. Прав палјурски убавев бисер без ниту една рана на него едноставно светеше.
Одма комшиите дојдоа откако го извадивме преубавиот крап ни честитаа за борбата, така возбудени адреналин до коска напукани не ни можевме да заспиеме таа ноќ. Предремавме по пола саат и повторно се фативме за работа. Префрлање крмење утринско и кафенце се разбира. Кога околу 9 часот кај комшиите даде страшен ран и побара помош за кепање одма дотрчав помогнав и тамо добра бобра еден крап од 4 кг. И тие вечерта имале јака борба со 7кг крап. Дојде време да ги вратиме убавците каде што припаѓаат, и Јане како добар фотограф ни направи екстра фотографии за успомен.
Сега видеото следи крапот здрав жив вратен во преубавото Палјурци.
https://www.youtube.com/watch?v=AZ9ItMabZjc&feature=youtu.be

Потоа следеа доста удари од 3-4кг на алкирани крапови секако фатени и вратени веднаш во вода, а удираше и доста подмладок од езерото по пола кг. Околу 4 часот на истата трска повротно јак удар и повротно акција. Јака риба беше за жал не знаевме дали е крап или сом но доста голем примерок беше. Се заглави пред нас на едно 30м па колегата набрзина испаничен скокна во чамец без кеп без ништо следеше доста голема борба со рибата едно 15 мин едноставно го возеше по езерото без никаков проблем.
Испаничен и немокен во чамецот незнаејки што е со рака го гати конецот и го измкна чист немаше ништо на него. Но со совети со крапчии колеги , викаат ако било сом ке имало лига на предвезот, тоа го немаше на него. Значи може и бил некој дивјак 20+ кој беше страшно мокен.
Прекрасна вода што во иднина со вакво чување на рибата на риболовното друштво КОСТРЕЖ гарантира за 2-3 години езеро Пелагичево. Се надевам доста од нашите членови ке ја посетат оваа вода, а и јас повторно штом ми се укаже шанса. Се надевам ви се допадна репортажата па се гледаме до нареден богат риболов Бистро до сите членови.

Во петокот со Емил отидовме на Радика, да ги пробаме мушиците и новата трска на Емил :)
Почнавме сабајлето, активност многу слаба, по некое рипче и толку. Како затоплуваше, почнуваше да се зголемува активноста. И после 10-11 ги заредивме, рибата јадеше многу убаво, фативме многу пастрмки. Извадивме по 4-5 големи и по неколку големи ни се откачија.
Последната што ја извади Емил беше капиталецот на денот, радичка пастрмка над 2 кг, која ја вадеше 10-тина минути (се гледа на клипот, ама споен е од повеќе клипови со прекини) и при чие вадење испланинари едно 70-80 метри карпи :)
Другите риби кои ги добивавме дента (дел од нив се сликани, дел не) беа од околу 400-500 грама до кило, кило и двеста/триста, од 30-58 см.
Одличен ден на Радика, одамна немало ваков продуктивен ден со големи примероци на риби.

Бистро и уживајте во фотките

ЦЕНИ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2018 ГОДИНА

1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)

- ГОДИШНА: 1100 ДЕНАРИ

- ПЕТНАЕСЕТДНЕВНА: 700 ДЕНАРИ

- СЕДУМДНЕВНА: 500 ДЕНАРИ

- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 900 ДЕНАРИ)

2. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:

ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР)

1800 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 1600 ДЕНАРИ)

ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 (СКОПСКИ ВАРДАР, ВЕЛЕШКИ ВАРДАР ДО СОСТАВ СО ЦРНА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЦРНА РЕКА ОД БРАНА ТИКВЕШ ДО СОСТАВ, БРЕГАЛНИЦА ОД С.УБОГО ДО СОСТАВ, БАБУНА И ТОПОЛКА)
1900 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 1700 ДЕНАРИ)

ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 + ЕЗЕРО МЛАДОСТ (ВЕЛЕШКО)

2200 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)


ПУНКТОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ ЗА 2018

1. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА САРА СПОРТ БИСТРО, (СПРОТИ БИТ-ПАЗАР КАЈ ПЕРО)
Работно време 09:00 – 17:00

2. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА РИБОЦЕНТАР ВО ТАФТАЛИЏЕ
Работно време 10:00 – 20:00

3. ПРОДАВНИЦА ЗА РИБОЛОВНА ОПРЕМА МАКДАМ ВО ПОРТА ВЛАЕ
Работно време 09:00 – 20:00 (во периодот од 09.07 – 14.07.2018 од 11:00 – 19:00)

4. ПЕРАЛНА МИА, ВО НОВО ЛИСИЧЕ (започнува со работа од 17.07.2018). Најава на 078/448-580

5. ЗСР ВАРДАР СКОПЈЕ, БУЛ.КОЧО РАЦИН БР.75, СКОПЈЕ
Работно време 08:00 – 16:00

6. Реон на Маџари/Сингелиќ – Вертиго Дизајн, преминот преку пруга со рампи кај Кванташки, најава/титка кај Давор на 070/57-70-20

7. Реон Аеродром – договарање на 071/232-188, достава кај треба, од понеделник до петок попладне

8. Реон Драчево – Продавница за риболовна опрема Марија Спорт. Работно време 09:00 – 19:00. По потреба контакт на 072/443-770

9. Продавница за риболовна опрема ФИШЕРМАН – Порта Влае. Работно време 10:00 – 17:00

10. Продавница за риболовна опрема БЛИНКЕР – Ѓорче Петров. Работно време 10:00 – 18:00. Контакт телефон 075 296 706

11. Реон Илинден – договарање на 070/226-282 од понеделник до петок 08:00 – 16:00

Среда, 11 Јули 2018 07:45

Мавровско езеро фати-пушти

Неделно попладне на Мавровско езеро. Леунска брана 16 часот. Времето променливо малку ветер малку сонце и повеќе дожд.
Но упорноста се исплатеше. По некое време удар два па ништо, повторно и пак ништо.
Но по 19 часот се заредија ударите и почнаа да искачаат кленови и тоа убави главучи.
Сите кленови беа вратени назад.
Опрема со која што ловев
Трска CTS AFFINITY X 9 FT #14
Машинка DAIWA CERTATE 2500 R
Плетеница J-BRAID PE#0.8
Флуокарбон DAIWA TOURNAMENT 0.28
Воблери YO-ZURI 3DS MINNOW 70 SP. MARIA FAKE BAITS 70F. DUO SPEARHEAD RYUKI 70S I DUO SPEARHEAD RYUKI 80S

Почитувани колеги риболовци,

Со задоволство Ве известуваме дека од утре почнуваме со ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ за нашиот ревир Вардар 3 - Скопски, а од петок и со комбинирани дозволи за повеќе ревири.
Дозволите може да ги купите во следните риболовни продавници:

1. Сара Спорт Бистро (кај Перо) карши Бит-пазар
2. Рибоцентар во Тафталиџе
3. МакДам во Порта Влае
4. Марија Спорт во Драчево

Како и на останатите пунктови за дозволи:
1. Перална за возила МИА, на крајот на булеварот во Ново Лисиче
2. ЗСР Вардар – Скопје

Оние кои гравитираат кон Маџари/Сингелич, може да се обратат на 070/57-70-20 кај Давор и да земат дозвола кај раскрсницата према Кванташки (кај пругата).

Аеродромци може да земат дозволи во перална Миа во Н.Лисиче или да се јават на 071/232-188.

Цените се следните:

1. РЕВИР ВАРДАР 3 – СКОПСКИ:

(ВАРДАР ОД РАДУША ДО СОСТАВ СО ПЧИЊА, ТРЕСКА ОД МАТКА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, ЛЕПЕНЕЦ ОД ГРАНИЦА ДО СОСТАВ СО ВАРДАР, КАДИНА РЕКА, МАРКОВА РЕКА)

- ГОДИШНА: 1100 ДЕНАРИ
- ДНЕВНА: 300 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – ГОДИШНА 900 ДЕНАРИ)

2. ГОДИШНИ КОМБИНИРАНИ ДОЗВОЛИ:

- ВАРДАР 3 + ПЧИЊА 2 (СКОПСКИ ВАРДАР, ПЧИЊА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЕЗЕРЦА БАДАР): 1800 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 1600 ДЕНАРИ)

- ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 (СКОПСКИ ВАРДАР, ВЕЛЕШКИ ВАРДАР ДО СОСТАВ СО ЦРНА, ЛЕПЕНЕЦ, ТРЕСКА, КАДИНА, ЦРНА РЕКА ОД БРАНА ТИКВЕШ ДО СОСТАВ, БРЕГАЛНИЦА ОД С.УБОГО ДО СОСТАВ, БАБУНА И ТОПОЛКА): 1900 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 1700 ДЕНАРИ)

- ВАРДАР 3 + ВАРДАР 4 + ЕЗЕРО МЛАДОСТ (ВЕЛЕШКО):2200 ДЕНАРИ

(ЗА НАД 65 ГОДИНИ СТАРОСТ – 2000 ДЕНАРИ)

После лига, ЈПК, спинот т.е. неколку потрошени викенди, конечно дојде време да се тркне до Радика.
Јас и Емил од Струга, Цакуле од Скопје, се најдовме на Радика. Надолу Радика се уште е доста брза и големка и нема услови за одење како што знаеме да ја “шетаме“. Сабајлето со Емил пофрлавме малку доле, фативме по неколку рипчиња, па се префрливме во горниот дел каде што се најдовме со Цакуле и таму ловевме до ручек. Излегоа доста парчиња, по 20-30 од човек, меѓутоа горе се генерално све поситни. Најголемите што излегоа беа 30-35 см. Како ќе се намалува водата, ќе се лови надолу каде што се поголемите примероци. Убаво беше што на реката немаше многу луѓе и ги немаше редовните штеточини што собираат маломерни риби.
Попладнето почна да врне, пофаќавме малку и на дожд надолу, Емил откачи една убава, па почна да врне посилно и бевме приморани да напуштиме терен.
Здравје, следниот викенд со нови сили. Бистро!

Среда, 30 Мај 2018 12:08

СОТ на Борец

На 16-ти бевме во Скопје, големата внука матурантка, прославивме како е редот и на 17-ти назад за Софија. Многу ретко со син ми може да ни се совпаднат викендите за да можеме да одиме заедно по риба, овој пат се се подреди како што треба, се приклучи Станимир, Андреј и Иван колеги на син ми од работа и соседот на Андреј.
Бидејќи овој викенд нешто многу натпревари по езерава во БГ па решивме да отидеме на Борец, езеро во близина на Пловдив.
Се јавив на сопственикот да ни запази доволно широко место да може сите да се собереме, немавме некои поголеми информации за водата, никој од нас не ловел таму досега.
Од тоа што успеав да разберам масовниот број на крапови биле од 4 до осум килограми и доста риби со тежина и до 19 килограма.
Како и да е и покрај лошата временска прогноза за петок спрема сабота , во петокот во девет сабајле веќе бевме на излез од Софија, патувањето протече пријатно, езерото не пречека во сонце, сопственикот не смести како што доликува на вистински стопанственик и си замина.
Пред нас имаше острово, канал од некои 180м, проверивме длабочина, 2,5 до 3,5 метра, малку прихрана и трските веќе беа во вода.
Потоа го средивме кампот и седнавме малку да се освежиме, па и ние душа имаме
Многу муабети, шали, зезање и по некоја риба
Вкупно фативме шест риби, рибите се многу борбени , за тоа колку се убави треба секој да се увери лично. Ударите беа преку ноќ, фото сесија и враќање на краповите назад
Малку снимки да ви ја доловам атмосферата.

Редовно , како и секоја година , Рибар 2011 традиционално организира крапски куп за своите членови и пријатели . Како и минатата година и оваа година повторно решивме купот да се оддржи надвор од Македонија . Оваа година извор падна на езерото Бистрица покрај Софија .
Беа поканети членови и пријатели на Рибар 2011 и секако колеги од Бугарија кои го збогатуваат овој наш куп со своето присуство веќе со години . Организацијата беше одлична како и секоја година , колегите задоволни и конечно магичната бројка од 1000 килограми беше достапна .
14 дуа ги извлекоа своите позиции и купот можеше да почне .
Јас натпреварував со син ми Матеј за кого ова беше прво поозбилно крштевање од натпреварувачки карактер , прв поозбилен куп каде што требаше да се искалеми за крапски риболовец и натпреварувач . Меѓу натпреварувачите имаше доста познати имиња во крапскиот риболов како од Македонија така и од соседството . Имаше што и од кого да се научи и види .
Извлековме позиција број 2 ... веднаш до ресторанот од левата страна . Комшии до нас на позиција 1 беа веќе докажаните и искусни стари крапџии Роби и Запа заедно со Слободан . Екипа која со своето искуство во кругот на најдобрите крапџии во Македонија .
За натпреварот бевме спремни ... имавме спремена топива бојла ( 20мм ) комбинација на миксови од Мелег ( јагода и банана ) + помешан со домашен неутрал микс во размер 50/50 . Ароми неа користени исто од програмата на Мелег и тоа 10мл јагода , 5мл банана , 3мл скопекс , 3мл Cram Dream од Пролоџик и 3мл бела чоколада на Мелег . 100мл Natural Attract исто на Мелег и 50мл Catcher liquid Мелег .
Втора бојла која ја користев беше обична 16мм комбинација на Мелег микс бело чоколадо со банана , нетопива бојла со арома на бело чоколадо и скопекс и Catcher liquid бело чоколадо Мелег .
Како одминуваше натпреварот , колегите кои беа на другата страна од езерото веќе ги имаа и првите риби . Ветерот беше поволен за нив и кој знаеше тоа да го искористи веке имаше по неколку риби за мерење . Позициите околу нас мируваа , сигнализаторите молчеа но сепак беше само почеток на натпреварот . Првата риба ја добивме околу 18Ч00 и едвај беше во мерка ... 1,030 кг како за упис и прва риба не беше ни така лошо . Вечерта ветерот се смири , звездите го прошараа небото и сигнализаторите пуштија глас . Најпрво кај комшиите на позиција 1 околу 10Ч00 се појави првиот крап од 7-8 кг а потоа и кај нас на 2ка се пробудија сигнализаторите . Акцијата не изостана и на другите боксови но дојдоа и нашите 5 минути . Успеавме да извадиме 4 убави риби од 7 до 13 килограми што ни даде дополнителен мотив и желба за натпревар .
По интересната вечер , следуваше мирно утро за мерење на уловот и секако фото сесија .
Убави здрави риби , борбени и јаки кои го кренаа адреналинот . Сликање , мерење сумирање резултати , раскажување кој што како ... се што е дел од убава дружба .
Дневна дружба со комшиите , виничко кафе , по некоја салата и многу муабети , помина и вториот ден од натпреварот . Прошетка по патеката и посета на колегите по другите боксови , рибарски муабети и гачки во секој бокс . Убавината на куповите е токму во овие дружења , насмеани лица задоволни од постигнатиот успех и од убавата дружба . Постари помлади , искусни помалку искусни ... сите на едно место со истата болка . Крапски риболов ...
Дојде и крајот , свирна и последниот сигнал , прибирање на опрема и секако најпосакуваниот дел од натпреварот . Сумирање на резултатите и прогласување на победниците .
Јас и Матеј бевме на скромното 11то место но сепак задоволни бидејки го освоивме пехарот за најголема риба . Рибата од 13,150 кг ни ја донесе наградата за најголема риба за која Матеј беше пресреќен . Прв пехар , прва награда ... среќата немаше крај .