RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Четврток, 25 Февруари 2016 13:41

Воблери за сом

Колку е лесно да се пишува за ова толку е и неблагодарно. Лесно затоа што постојат воблери кои се фаворити за лов на сом, а неблагодарно затоа што сомот може да се фати на било кој воблер.
Сомот е нашата најголема риба. Колку што видот му е лош толку мирисот и осетот на движење (вибрација) му се развиени.
Најчесто се наоѓа при дното од реката или езерото, скриен или улежан во некои подлабоки вирови, но често и во дупки во приобалата.
Кога е во оваа состојба е тешко да се улови. Потребно е трпение и воблери кој ке му шетаат покрај носот, кои ќе прават јака вибрација и тропкаат.

Се со цел да се разбуди од таа негова летаргија, да го нападне воблерот заради тоа што е гладен или пак заради тоа што некое мало рипче му се шета пред нос и го нервира.
Бидејки се наоѓа во подлабоки дупки и вирови потребни ни се воблери кои одат подлабоко, кои имаат широка и голема пакта, и тука изборот е прилично голем.
Рапала има или поточно имаше неколку воблери кој одлично го ловеа и сеуште го ловат.
Го има сеуште Shad Rap-от.

Го имаше (за жал не се произведува повеќе) Ratlin Fat Rap-от.
DT Серијата која е одлична за сом, но мене лично не ми се допаѓа што окцето од пактата не оди низ телото на воблерот туку само е прицврстено на пактата.
И некои нови кои се страшно бучни бидејќи имаат метална тропка по ширина на целото тело од воблерот - clack.
Storm со Wiggle Wart и поголемиот брат Mag Wart-от.
Од поегзотичните Deep X 300 на Megabass, лупа, тропа, оди длабоко и вибрира страшно јако.
Скоро и да нема производител кој во својот асортиман нема по некој воблер за лов на сом. Salmo има неколку одлични модели Fatso crank, новиот Hornet од 9 cm.
Luhr Jensen Hot lipps.
DD 22 од Bill Norman.
Легендарниот стар и добро познат Sheakspeare Big S.
Одлично ловат и големите Ujka.
Grdo Pajce, Antax има еден добар, VB исто така, се наоѓаат и рачно изработени од мајсторите Крунџа, Мато, Вуњак, КЗВ...

Ова беа воблери кои се користат кога сомот е во длабоко и кога треба да се разбуди. Друга е приказната кога сомот е активен, лови, брка. Тука нема многу филозофија, ќе нападне скоро се што ке му пројде покрај него и што ќе му заличи на плен.

Меѓутоа она што се бара од воблерот за лов на сом не е само да тропа, оди длабоко и јако вибрира, потребни се јаки трокраки, јаки окца и копчи. Ретко кој воблер може да се пофали со такви па најчесто веднаш по купувањето треба да се заменат постоечките со нови, појаки и поостри. Сепак никогаш не знаеш кога ќе удри големата риба на твојот живот и штета би било да ја испуштиш заради тоа што се исправила трокраката или попуштила копчата.
А сомот знае да го направи и тоа.
Заради специфичноста на неговата уста (четките што му се на горната и долната страна на устата) често тешко се закачуваат и острите трокраки, знае дури и да ја ,, згужва,, трокраката и да го ,, плукне,, воблерот.
Најсигурно е доколку го има усисано воблерот и тој му е закачен во шкргите.
Во врска со водењето на воблерите и нивното одбирање би можело многу да се зборува, но воглавно се водат со правење на поголеми паузи и со полна концентрација.
Зошто со полна концетрација ?
Затоа што сомот многу често знае да го ,,застане,, воблерот. Во тој момент ако не се даде адекватна контра, толку беше муабетот. Бидејќи овие воблери одат длабоко чести се закачувањата на камен или гранки. Тука е потребно да се направи разликата помегу гранка или сом. Затоа контрирај подобро еднаш повеке него еднаш помалку.

Да се надеваме дека годинава ке биде поберикетна.

Четврток, 25 Февруари 2016 13:30

Трска за спининг

Како и за секој вид риболов, така и за спинингот, една од основните алатки за успешен риболов е самата трска, или спининг стапот.

Должина

Должината на самата спининг трска најчесто се движи од 2 до 3 метри, иако се наоѓаат и трски под 2 метри, како и над 3 метри. Самата должина на трската пред се зависи од местото и водата на која фаќаме.

Па така оние кои практикуваат спининг на реки со бујна вегетација, реки чиј брег е обраснат со многу дрва и грмушки, најчесто одбираат што помали спиниг трски со цел полесно да се движат во просторот, да влегуваат помеѓу грмушки, да не закачуваат со конецот на гранките на дрвата, со еден збор пократка трска значи полесно маневрирање во ситуации кога се зафрла мамката.

Сепак пократка трска си има и свои негативности. Прво - пократките трски имаат помал лак на зафрлање, поради што најчесто зафрлаат на помали далечини. Сепак, на вакви риболовни терени како што се помалите реки обично и не се бара далечни зафрлувања, туку пред се прецизни и пократки зафрлувања на мамецот. Воедно оваа негативна карактеристика на кратката трска во голема мерка се ублажува доколку риболовецот користи чизми, или комбилизон, со што може да оди низ реката, а со тоа и да зафра од почист терен и со поголема јачина, одколку кога би бил опкружен со грмушки и дрва. Воедно далежината на зафрлање во огромна мерка зависи и од квалитетот на машинката, квалитетот на окцата и квалитетот на конецот. Втора негативна карактеристика на кратката трска е фактот - колку е трската пократка, толку потешко се насочува рибата при вадење. Сепак и оваа негативност се ублажува доколку риболовецот користи чизми, или комбилизон, и има доволно простор за маневар и одбирање на место од каде што ќе ја извади рибата.

spinКако средна должина трски најчесто се земаат оние од 2.50 или 2.70, а како подолги оние од 3 и над 3 метри.

Подолгите трски можеби не се за терени каде што има бујна вегетација, но сепак доста се користени за езера и риболов од чамец. Со нив може да се постигнат подалечни зафрлања, а и подобро се контролира вадењето на рибата.

Акција - Тежина на зафрлање

Акција на спининг трската е запишана на секоја трска блиску до самата рачка на трската. Најчесто овие ознаки ќе ги најдете како 5-15 гр, 10-40 гр, 50-100 грама или други комбинации. Овие ознаки ви укажуваат колкава тежина на зафрлање трската издржува и генерално го ограничува видот на рибата која ја ловите. Па така, доколку фаќате со спининг трска со тежина на зафрлање од 5-15 грама, неможете да зафрлате со вештачки мамки кои се со поголема тежина, затоа што можете да ја скршите трската, или пак да зафрлате со помала далечина. Тежината на зафрлање обично е поврзана и со носивоста, односно големината на риби кои сметаме дека сакаме да ги уловиме. Па така, трските со носивост до 20 грама, најчесто се користат за лов на клен, костреж и не многу големи пастрмки. Оние кои имаат носивост до 40 грама се користат за лов на клен, пастрмка и до некаде штука и смуѓ. Сепак доколку сметаме дека на теренот на кој фаќаме има поголеми парчиња на пастрмка, поголеми штуки, поголеми смуѓови и до некаде помали сомови, најчесто се одбираат трски со носивост до 80 грама. Кога станува збор за тешкиот спининг кој најчесто се користи за сом, се користат спининг трски со носивост до 150, или 200 грама.

Мекост

Колку трската е мека, или тврда, или пак мека и крута, оштра. Овие карактеристики за спин трските не се однесуваат на тоа од каков материјал се направени, туку пред се на тежиштето на превиткување и способноста за враќање на трската во првобитната положба. Ова ќе го осетите кога ќе ја земете трската во рака, кога ќе ја протресете, кога ќе “сецнете“ со неа, како и на вода, при зафрлувања, при водење на вештачкиот мамец. Помеките трски полесно се виткаат, личат на поеластични и врвот не се смирува веднаш по сецкањето. Една од нивните подобри карактеристики е што со помека треска многу попрецизно се погодува со зафрањето на мамецот, се има поголемо чувство при зафрлањео, а тоа некогаш знае да биде пресудно, како за улов, така и да не ви се закачи мамецот на некое дрво, или грмушка. Пооштрите трски обично ги викаат и побрзи, затоа што даваат побрза контра, а даваат и подобар осет како се однесува воблерот, спинерот или друг вид на вештачка мамка под вода.

Четврток, 25 Февруари 2016 13:16

Воблерај

Историја на воблерајот

Значењето на зборот “wobble“ на англиски значи “нишање“, “клатење“, “тетеравење“. Воблерот е мамец кој буквално тоа и го прави, имитирајки при тоа ранета риба која претставува лесен и предизвикувачки плен за сите грабливки. Воблерите се тип на мамци кои се употребуваат највеќе и имаат широк спектар на бои, големини, форми, начини на работа, длабина на нуркање итн. Историјата на воблерите започнува во Финска. Во 1936 година, човекот кој е виновен што денес ловиме со воблери, Лаури Рапала, со желба наместо живи мамци за кои е потребно доста труд да се одржат во живот и брзо стануваат неупотребливи на удицата, да направи нешто што на грабливките ќе им изгледа на плен, а ќе може да се користи повеќе пати, земал во рацете нож и парче плута, и почнал да оформува рипче... Така бил создаден првиот воблер со сребрен сјај благодарение на фолијата од чоколадо. Тој модел е наречен “floating original“, кој и ден-денес се произведува во Rapala, која е една од најозбилните семејни производители со светско реноме во спинингот, а преоѓа од колено на колено во семејството Rapala.

Првиот модел на Rapala:

1

Mодел на Rapala floating original:

2

Што се воблери и какви воблери постојат

Воблерот се состои од:

1. Тело

2. Жица

3. Пакта

4. Алки со јадици

5. Отежнување

1. Телото на воблерот може да биде од разни материјали. Дрво (балза, липа итн.), пластика, полутврда пена, крута пена и сл. Обликот на телото може да биде издолжен (т.н. minnow), со сплескани страни и вретенест (т.н. shad), во форма на крушка или нешто сосема необично. Формата секогаш е хидродинамична и игра голема улога во однесувањето на воблерот при влечењето. Телото може да биде едноделно, дводелно или од повеќе сегменти. Материјалот на телото влијае на трајноста на воблерот, вообичаено воблерите од балза не се препорачуваат за риболов на грабливки со остри заби, за таквите пластиката е секогаш подобар избор.

3

2. Жицата која се користи за внатрешноста на воблерот мора да биде цврста, да има соодветна јачина и да не биде претешка (може да го поремети балансот на воблерот). Жицата треба да може да поднесе релативно големо оптеретување со оглед на големината на воблерот, посебно кога се во игра поголеми грабливки.

4

3. Пактата е дел на воблерот кој е најодговорен за неговата работа, динамика и правец на движење, прилагодена на типот и на текот на водата. Несоодветниот облик, големина, лошо поставување на пактата или лош материјал го прави воблерот неловен, дури и неупотреблив. Пактите воообичаено се прават од поликарбонат или од пластика со слични карактеристики, поретко од метал, а постојат и воблери кај кои телото е обликувано така да исечениот преден дел воедно има улога на пакта. Во зависност од положбата и обликот на пактата, како и нејзината големина, воблерите може да бидат плиткоронци, средноронци, длабокоронци или супер длабокоронци.

5

4. На воблерот може да има една, две или повеќе трокуки. Трокуките се исто така многу битни за задржување на уловот при вадењето, затоа секогаш треба да се обрне внимание на квалитетот на трокуките на воблерот, и по потреба истите да се заменат (доколку се неквалитетни, извиткани, отапени итн.) Дел од риболовците ги менуваат трокуките со двокуки (најчесто стомачните трокуки) за да го намалат процентот на закачување на воблерот на подводни препреки. Кај воблерите со 2 трокуки, обично стомачната е поголема од таа на опашката, и доколку се менуваат, потребно е да се стават исти такви трокуки и да се внимава тие да не се допираат и заплеткуваат.

67

5. Отежнувањето е различно кај воблерите, во зависност од типот на воблерот, што ќе биде појаснето подолу во текстот.

Должината на воблерите варира од минијатурни од околу еден сантиметар, па се до дваесетина сантиметарски воблери, а во некои екстремни случаи и поголеми. Односот на ширината, должината и типот на пактата во голема мера ја одредуваат работата, односно вибрацијата на воблерот. Постојат воблери со силна или слаба вибрација, а има и голем распон во работатата помеѓу овие два типа. Воблерот може да работите со страните, со опашот, може да полуротира околу својата подолжна оска, а може и воопшто да не “работи“, односно работата на воблерот да биде толку мала што речиси и нема да се приметува.

Со воблерите се трудиме да постигнеме разни длабини, во зависност од слоевите на водите што сакаме да ги испитаме. Постојат пливачки, тонечки и лебдечки (suspending) воблери. Сите тие можат да бидат плиткоронци, средноронци, длабокоронци, со еден или со повеќе делови, со тропалка (вградена кугличка) или без истата.

Пливачките воблери при зафрлањето пливаат на површината на водата, а откако ќе почне повлекувањето тие потонуваат (нуркаат) до одредена длабина, во зависност од тоа дали се плиткоронци или длабокоронци. Ако го попуштиме конецот и престанеме со намотување, овој тип на воблери ќе почнат да испливуваат на површина (побрзо или поспоро). Карактеристично за овие воблери е што се користат во услови кога сакаме да имаме целосна контрола над воблерот (плитка вода, непознат терен, бујна вегетација под површината итн.)

8

Тонечките воблери се одликуваат со поголема тежина на телото во истата должина споредена со пливачките, така да тие после зафрлувањето веднаш почнуваат да тонат, а по правило треба да задржат хоризонтална положба при тонењето, односно да не тонат со носот или со опашот надолу. Треба да почекаме да ја достигнат саканата или претпоставената длабина, па потоа да почнеме со повлекување, при што воблерот во длабината започнува да работи. Овие воблери обично се користат на води каде што нема доволно простор во фазата на повлекување да ја постигнеме саканата длабина или на стоечки води чија длабина не дозволува ефективно користење на пливачки модели (кога рибата се бара подлабоко, во близина на дното). Тука може да наведеме еден од моделите кој заслужено се стекна со светска слава, а кој се изработува во широк обем на големини и докри, а тоа е Rapala CD (CountDown – одбројување).

9

Лебдечките варијанти на воблерите се карактеризираат со тоа што кога при повлекувањето ќе достигнат одредена длабина, при опуштањето се задржуваат во слојот каде што се наоѓаат. Значи, ниту тонат ниту испливуваат. Овие варијатни стануваат се повеќе популарни и кај нас, бидејќи имаат широка примена, а може да се каже дека се речиси незаменливи кога сакаме воблерот да го задржуваме подолго време во зоната на очекуваниот напад.

10

Плиткоронци се оние воблери кои по правило нуркаат до 50-тина см под површината, и нив ги користиме кога грабливките се активни во површинскиот слој или на самата површина, или кога ловиме во плитки води (плитка обала на река, плитко езеро, канал и сл.), каде што не е препорачливо да користиме други воблери кои би удирале по камењата на дното и би се закачувале. Овој тип на воблери се исто така незаменливи кога ги бараме рибите во водениот слој над подводната вегетација. При повлекувањето овие воблери имаат мал агол на нуркање. Препознатливи се по малите пакти, кои со телото на воблерот затвораат голем агол, а можат да бидат и прекршени.

11

Средноронците нуркаат од 50 см до 1,5 метри, претставуваат премин помеѓу длабокоронците и плиткоронците, а се користат во слочаи кога се бара малку поголема длабина од плиткоронците, а повторно не сакаме да се мачиме да ги задржиме длабокоронците во меѓуслоеви.

11 12

Длабокороронците, како што кажува самото име, нуркаат длабоко. Можеме да ги препознаеме по големите, долги пакти кои скоро се како продолжеток на носот на воблерот и затвораат многу мал агол со надолжната оска на телото на воблерот. Го користиме кога рибата е на дното или во близина на дното, а често знаат да бидат корисни и за неактивната риба која се крие помеѓу камењата и разните пречки на дното. Овие воблери нуркаат под голем агол во однос на површината на водата, а длабината на нуркањето варира од 1,5-3 метри. Најчесто се користат за т.н. тропкање по дното, при кое благодарение на големиот агол на нуркање, врвот на пактата тропка по камењата на дното и на тој начин преку звукот дополнително го побудува инстинктот на грабливката за напад, или во случај на песочно дно, подига песочна прашина од дното, имитирајќи ситна риба која бара храна по дното.

12

Супер длабокоронците ги користиме која е неопходно воблерот да го пласираме на многу поголеми длабини, а имаме простор (должина на повлекување) за тоа да го постигнеме.

13

Воблерите може да бидат тивки или со тропалка, односно со празна комора во телото и челични куглички (лагери и сл) во комората кои при работата на воблерот прават дополнителни звуци на одредена фрекфенција која често влијае позитивно на активноста на грабливките.

Пресек на тивок воблер:

14

Пресек на воблер со тропалка:

15

Исто така разликуваме едноделни повеќеделни воблери. Повеќеделните воблери обично имаат посилна вибрација од едноделните и би можело да се каже дека се повеќе пополарни и ефективни во лов на одредени типови на грабливки.

За декорите на воблерите може да се пишува бескрајно. Често искусните риболовци тврдат дека декорот е најбитен во риболовот со воблери. Сепак има основни разлики во декорите на воблерите кои ни овозможуваат да препознаеме некои правила во однесувањето на рибите при разни услови. На пример, во најголем дел случаи во бистра вода нема да користиме дречливи декори на воблерите, бидејќи можат да ја одбијат грабливката. Затоа пак, кога водата е заматена или матна, ќе користиме воблери со најдречливи декори, за да бидат повеќе забележителни во услови на намалена видливост. Постојат декори на воблери кои верно имитираат одредени риби, како што се декорите на костреж, на пастрмка итн. Во природните декори спаѓаат и боите кои често се гледаат во водите, како сребрена, смеѓа, сива, маслинеста плава и комбинации од истите. Од друга страна дречливите декори се произволни, често имагинативни, што може да се заклучи и од нивните имиња како огнен тигар (fire tiger), црвен тигар (red tiger) итн.

Воблери со природен декор:

16

17

Воблери со неприродни (дречливи) декори:

18

19

Четврток, 25 Февруари 2016 12:39

Бојник

БОЈНИК (скобал, скобуст)

(Chondrostoma nasus)

Опис:

Бојникот има издолжено тело, посебно прилагодено за пливање во водените струи. Карактеристично за bojnikбојникот се неговите усни, кои се заоблени, дебели и тврди, односно прилагодливи за да се храни со стругање по камењата. Грбот на бојникот е темнозелен, грбната перка му е сива, а останатите перки му се помаранџести.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Бојникот е доста распространет во средна Европа, а го нема на северниот и јужниот дел од континентот, ниту пак на британското острово. Се развива и живее во ладни води, води со јаки струи, како и во таканаречените зони на липлјенот, мрената и пастрмката. Омилени му се карпести дна, песок и ситни камења кои неуморно ги превртува во perkaпотрага по храна. Исто така му одговара дно кое е прекриено со алги и трева, кои се основа на неговата искрана. Бојникот е риба која се движи во големи јата и се храни со алги, трева и муљ кој го вади од крупниот песок. Според ова, бојникот се карактеризира како голем вегетаријанец, а неговото фаќање на трева, едно од најпопуларните. Сепак, бојникот се храни и со подводни црвчиња, бели црви, полжавчиња, речни ракови, па дури и со јајцата од другите риби. Спрема овие показатели, може многу лесно да се одредат местата на кои се задржуваат крупните примероци на бојник. Кога водата е бистра, бојникот треба да го тражиме во главните водотеци, а кога водата ќе се замати, тогаш тој приоѓа и кон обалата.

Размножување:

Бојникот доживува полна зрелост измеѓу 3-тата и 4-тата година од својот живот, кога достигнува должина 15 – 17 сантиметри. Се размножува во пролет (април, мај) кога температурата на водата стига 6° до 8°. Во тој период на размножување, бојникот се групира во јата во плитките зони со песок или во зоните на брзаци. Секоја женка положува околу 50.000 – 100.000 јајца, кои мажјакот веднаш ги оплодува. Инкубацијата на јајцата трае десетина дена.

Животен век, големина на раст и тежина:

Просечниот животен век на бојникот е 10-15 години. За тоа време може да нарасне од 30 cm - 50cm, со тежина од 300 грама до 1.5 килограм, иако се забележани бојници кои биле со големина околу 2 килограми.

Четврток, 25 Февруари 2016 12:34

Крап

Крапот е риба која ја донеле Римјаните на подрачјето на Европа Денеска крапот е една од најпопуларните риби на нашите простори и тоа го знае секој рибар. Риба која за жал ја нема во изобилие во Македонија, а која поради големината на раст, начинот на фаќање и квалитетот на месото е една од најпопуларните, ако не и најпопуларна риба меѓу македонските рибари, но и пошироко.

Опис

Крапот е лесно препознатлива риба. Можеби најслична на нејзе е карашот, или амурот, но сепак крапот се препознава по доста специфичности. Телото на крапот е издолжено, заоблено и покриено со доста крлушка. Има силен опаш и долга и оштра грбна перка. На горната уста има два пара мали бркови. Бојата на телото му е жолтеникава, стомачниот дел му е nekolku vidoviпрљавожолтеникава, а кон грбот бојата станува потемна, кон сива, иако ова немора да биде правило затоа што бојата на телото на крапот зависи од местото на негово живеење. Крапот најчесто се дели на питом (езерски) и див крап (речен). Речниот крап им подолго тело, а помала висина, некаде во сразмер 1:4, додека речниот крап е пократок, но подебел, односно повисок, во сразмер 1:2 или 1:2,5. Сепак, поради долгогодишното одгледување на крапот во рибниците и порибување со ваков вид на крап и негово понатамошно парење со дивиот крап, довело до генетски мутации и нивно мешање и од овие причини се смета дека чисто див крап е поредок.

Денеска некои рибари го разликуваат и по крлушките, односно разликуваат крап со многу крлушки, крап со помалку крлушки и гол крап.

Крапот е доста вешта, јака и издржлива риба. Доста добро се снаоѓа кога ќе биде фатен, вешто се бори и наоѓа начини за да се ослободи. Доста долго може да издржи и без вода......

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Крапот е риба која живее во бавно проточни или непроточни води, така што претежно живее во долните текови на реките и во езерата. Таквите води (топли, со помало количество на кислород и побавно течение) се нарекуваат крапски или ципринидни води. Крапот ужива во тивки и длабоки води во реките и езерата. За време на големите вруќини се повлекува во поладно или пак се крие во сенки, или под некои водени растенија.krapce

Распространет е низ цела Европа и Азија. Кај нас го има во речиси сите поголеми езера и во поголемите реки. Особено се познати дојранскиот крап, преспанскиот крап и охридскиот крап.

Според начинот на исхрана краповите се сештојади. Храната ја собираат риејќи по дното, со подавање на устата и шмукање на храната. Се верува дека крапот си има свои места на хранење, тоа се места на кои крапот ја наоѓа храната и кои доста добро ги памети и често ги посетува. Се смета дека на местото на кое крапот има стекнато осет дека е безопасно и на кое ја наоѓа својата храна, тој ќе доаѓа секој ден.

Размножување

Крапот се размножува во пролет, од Април до Мај, а во зависност дали времето е ладно мрестото може и да се продолжи. Крапот е полово зрел за размножување со навршување на три години. При парењето возрасните единки патуваат до подрачјата погодни за мрестење и тоа е обично поплитка вода каде женката испушта голем број лепливи јајца (од 200.000 до 700.000) врз водната вегетација, кои пак се развиваат за околу 8 дена. Малите крапчиња брзо се развиваат и некаде на пролет достигнуваат 10-11 сантима должина.

Крапот како врвен десерт

Месото на крапот е доста квалитетно, иако понекогаш знае да биде доста масно или пак да има одреден мирис на тиња. Токму поради квалитетот на месото од крап, тој е доста баран и одгледуван на пазарот. Познати се разни специјалитети од крап, како што е “Крап на скара“, “Пијан крап“, “Крап во фолија“, Кременадли од крап“ и многу други смецијалитети.

Големина на раст и тежина

Во својата втора година крапчињата можат да тежат и до половина килограм, во третата до 1 килограм, за да во четвртата година можат да нараснат и до 3 килограми. Крапот може да нарасне и над 1 метар и преку 30 килограми во својот живот.

Четврток, 25 Февруари 2016 12:31

Бела мрена

Мрена (Barbus barbus)

Мрената е со сигурност една од најзначајните риби во нашите води и нејзиниот улов претставува голем предивик и големо задоволство. Мрената се одликува со мускулесто и вретенесто тело, со силни перки, совршено прилагодливи за пливање во брзи и силни водни струи. Нејзиното тело е прекриено со крлушки кои се забодени длабоко во нејзиното тело и богати со слуз. По грбот има сиво-маслинеста боја, која кон стомакот се претвора во сребреникава. На стомакот има густи и стини крлушки. Устата и е жилава и меснаста, украсена со два пара бркови и има мали очи. Расте до тежина од 10 килограми, иако такви примероци од поодамна не се сретнати. Најчести е примероците од 500 грама до 1 килограм, а примероците од 5 килограми се сметаат за капиталци од овој вид.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:golema mrena

Мрената живее во протечни и подлабоки води. Таа живее во јата и никогаш не е сама. Густината на јатото зависи од големината на рибите кои го формираат, колку се поголеми, толку помалку риби има во јатото и обратно. Може да се лови преку цела година, но есеноска се смета за најдобро време. Најмногу се задржува во средните токови на реките, на песочно и каменесто дно. Зимно време мрените се собираат во јата и мируваат на дното во мирните и длабоки9 делови на реките. Летно време се наоѓаат во брзите и поплитки делови на реките, во самите брзаци и на места каде на дното има крупни камења и помали карпи кои и овозможуваат брзо струење на водата. Добриот лов на мрена започнува во пролет кога во водите има повеќе храна и кога мрената е поактивна него земно време. Јаде леб, ларви, црви, школки, пченка, дудинки, а неретко и ситни риби. Во суштина, за мрената е интересно се што може да најде на дното на реката. Оваа брката и силна риба е одличен пливач и многу внимателна и паметна риба. Во понудата на мамци е поприлично пребирлива. Доколку ве здогледа, ќе побегне.

Размножување:

Мрената се мрести слично како и кленот, од крајот на Април до крајот на Јуни и во тоа време послабо ја зема понудената храна затоа што се храни со ларвите кои и ги носи водата или кои сама ги тражи под камењата. Полна зрелост мажјаците достигнуваат од 4-5 години, а женките од 5-6 години кога се долги од 30 – 40 сантиметри. Полагањето на јајцата се извршува во поплитките зони богати со кислород и прекриени со песок и камења. Може да снесе од 3000-8000 јајца крупна помаранџеста икра кои се развиваат за 14 денови. Млечта на мужјаците е црвенкаста. За развој на икрата е потребна температура од10-12° C. Икрата на мрената, после неколку дена, многу риболовци ја користат за примамување и риболов на бојник.

Животен век, големина на раст и тежина:

Просечниот животен век на мрената е од 12-20 години. За тоа време може да нарасне во просек од 50сантиметри до 100 сантиметри, со тежина од 3 килограми до 12 килограми.

Четврток, 25 Февруари 2016 12:27

Клен

Кленот има силно тело во вретенест облик, прилагодливо за пливање во појаки водени струи и прекриено со големи крлушки означени со црнкасти рабови. Главата му е масивна и силна и klen fatenзавршува со округла муцка која ја поклопува широката уста. Грбната перка му е широка и наресена, а стомачната перка му е поставена на исто место како грбната, само на стомакот. Бојата му се менува според бојата на водата во која живее. По правило стомачната зона му е бела, а перките се сивкасти, освен страничните перки и перките во аналната зона кои се помаранџесто-црвени. Во нашите води кленот знае да нарасне и преку 3 килограми.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:
Клен е риба на чистите води и средно брзите текови. Најчесто се наоѓа во средните водени текови, во средните и поплитки места, длабоките вирови и на премините од вир во вир. Со исклучоци на некои езера и бари каде што го нема, кленот може да се размножува и да живее во сите канали и езера, klen so pajceкои се на некој начин поврзани со некоја река. Го населува скоро цел европски континент, освен скандинавските простори, што ни говори дека е поприлично прилагодлива врста на риба. Сепак најчесто кленот ги населува протечните води со цврсто и каменито дно. Знае да преживее и во места каде многу други врсти на риби уназадиле или не преживеале. Зимно време, кленот се сместува во помирните зони блиску до водените струи, во шуплива обала и во спори но силни вртлози. На пролет ги поминува сите места каде што растат водните алги, како и во поплитките места и сите дриги места каде инсектите се во поголем број. Летно време се поставува во заседи на површината, најчесто во сенка и спремен е одеднаш да проголта секаква врста на храна. Во есен, вртлозите и водните препреки му овозможуваат поголем дел од времето да го помине прехранувајќи се без поголем напор. Кленот има широка лепеза на искрана: полжавчиња, ракчиња, пуноглавци, разни ларви, копнени и водени инсекти, растителни и отпадни остатоци, мов, алги и трева, разно овошје кое случајно му паѓа од дрвата, грозје и сл. И покрај сета оваа исхрана, кленот сепак е многу внимателна риба.

Размножување:

Кленот се мрести во Мај и Јуни. Женката може да положи од 50.000 – 200.000 јајца во песокливи или со трева обраснати плитки места, кога температурата на водата ќе достигне 15°C. Како млад кленот живее во јата и се храни со планктони и водни растенија. Сезоната на парење му е во пролет. Тогаш мажјаците добиваат пеги по телото, перките им стануваат црвени, добиваат поживи бои, односно добиваат таканаречено свадбарско руво. Инкубацијата трае седум дена и младите растат доста брзо.

Животен век, големина на раст и тежина:

Просечниот животен век на кленот е измеѓу 10-15 години. За тоа време тој може да нарасне во просек од 30 – 70 сантиметри со тежина од 500 грама до 6 килограми.

Четврток, 25 Февруари 2016 12:21

Поточна пастрмка

За поточната пастрмка се вели дека е кралица на дивите води. Се одликува со убаво, мускулесто и пропорционално тело и се вбројува помеѓу подобрите риби-пливачи. Има голема и јака глава со тапа муцка и голема уста со остри заби. Многубројните заби, всадени во челусната коска се усмерени кон внатрешноста на нејзината уста. Перките и се поприлично широки, заоблени и јаки. Целото тело и е прекриено со ситни, тенки и округли крлушки.

Бојата на телото на пастрмката зависи од местото на нејзиното живеење. Најчесто, грбот на пастрмката е темнозелен, темнокафеав, или темносив, а понекогаш и целосно сив. Лесно се распознава по црвените или црните точки кои завршуваат со светли рабови. по нејзиното тело. Во периодот на мрест, боите на пастрмката стануваат посилни и поубави. Токму по бојата која се оформува после втората година, можат да се разликуваат и младите од постарите пастрмки. Понекогаш се случува пастрмките во горниот тек на реката да се разликуваат од оние во долниот тек на реката. Во зависност од местото на живеење, дали се тоа брзи и плитки места, или подлабоки води, нејзиниото тело ја менува бојата од светла боја, се до црна боја, доколку живее во темни места и пештери.

Вкусот и квалитетот на нејзиното месо се смета за еден од најдобрите и најценетите.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Пастрмката живее и се размножува во исклучиво ладни, брзи, чисти и протечни води. Позната е како жител на планинските рекички бистри потоци со песочно дно кои се богати со кислород. Најчесто се движи во горните делови на реките. Посебно ги сака скриените делови на водотеците, , места кои се во близина на трева, како и обала со дупки. Најчесто се крие под камењата, корењата на дрвата и во шупливата обала. Оваа грабливка уште од најмлада возраст се храни со сите врсти на безрбетници, ларви, инсекти, ракчиња и полжавчиња. Како старее, така разните врсти на риби, вклучувајќи ги и малите пастрмчиња, преставуваат нејзина основна храна. Пастрмката исто така ги сака црвите и скакулците, а неретко можете да сретнете и рибари кои ја уловиле и на леб.

Размножување:

Пастрмката се мрести во зависност од климатските услови ( во зависност од температурата на водата и одалеченоста од мрестилиштето) од Октомври до крајот на Фебруари. Во тој период бара плитки места со песокливо дно во брзаците. Со главата и опашот женката копа дупка од околу 20 сантиметри во која положува од 500 до 3000 јајца, кои мажјакот одма ги оплодува. Јајцата имаат помаранџеста боја и се големи околу 5 милиметри. После оплодувањето, гнездото со икри пастрмката го покрива со слој од песок за да ги заштити од бројните непријатели. За околу два месеци од икрата ќе се изведат младите кои во првите месеци од својот живот се движат во близина на мрестилиштето. Најпрво се хранат со планктони, а покасно со одредени инсекти, жаби и риби. Женката постанува потполно зрела од 2-3 година од својот живот.

Животен век, големина на раст и тежина:

Просечниот животен век на пастрмката е измеѓу 5-10 години. За тоа време може да нарасне во просек од 30 до 60 сантиметри и тежина од 300 грама до 10 килограми. Најчесто нејзината големина musicaзависи од богатството на храна во нејзиното живеалиште. Во планинските потоци на пример каде што нема доволно храна пастрмката може да нарасне најмногу до 2 кг. Многу ретко можат да се сретнат и поголеми примероци, кои доколку ги закачиме на јадица остават многу силен впечаток кој се памти цел живот.

Мамци и прибор за лов:

Ловот на пастрмката е исклучително интересен и од риболовецот бара максимални напори, досетливост и искуство. Се лови со вештачки мушици и лесна трска. Кога ќе се закачи на јадица, пастрмката вешто се бори, моќно плива во спротивен правец на водните струи, скока над вода и пробува да отиде во гранки или друго место за криење. При нејзното извлекување надвор од водата треба да бидете посебно претпазливи. Ако не е голема, треба брзо и без мачење да ја извадите на суво. За мушичарење најдобро време е од месец Април до Јули и од крајот на Август до Октомври. Најдобри резултати се јавуваат при облачно време и после слаб летен дожд.

Четврток, 25 Февруари 2016 12:16

Македонска пастрмка - Salmo Macedonicus

Главата на македонската пастрмка и е прилично долга и зашилена, устата е длабоко всечена;.Горната вилица е тесна и достигнува до под задниот крај на окото. Има двоен ред заби. Бојата на телото е карактеристична. Црвените флеки, присутни кај повеке самониди, овде отсуствуваат. Наместо нив, овде има темно црвени петна, густо расфрлени по телото, освен по грбот, каде што воопшто ги нема. Достигнува маса и до 3кг.

Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:

Македонската пастрмка е распростанета во студените планински потоци и реки со чиста, бистра вода, богата со кислород. За живот Македонската пастрмка бара песокливо и каменесто дно. Ги населува горното течение на реката Вардар со притоките од горното течение, потоа горните текови на притоките од средното течение на Вардар, реките: Треска со притоките, Лепенец, Кадина Река, Пчиња со притоките, Тополка, Бабуна со притоките, Брегалница со притоките. Извесно е и нејзиното присуство и во реките Бошава и Дошница.

Се храни со риби (особено покрупните примероци пастрмки), мегу кои преовладуваат видови кои ги населуваат пастрмските води, потоа ларви од водени инсекти, инсекти кои паѓаат во водата и што летаат ниско над неа, икра од други риби, жаби, полноглавци, црви и.т.н. Најамногу се храни во предвечерие, ноќе и во рана зора.

Размножување:

Половата зрелост настапува во третата или четвртата година, кај машките може во втората. Плодноста изнесува 1000 до 2000 зрна икра по килограм телесна маса на женката. За време на периодот на мрестењето се јавува полов диморфизам. Машките добиваат поинтензивна боја, кај постарите примероци долната вилица се издолжува и куковидно се извива нагоре (навнатре), додека женските имаат силно набрекнат стомак, а околу половиот отвор се забележува надуеност и зацрвенување. Кај машките тој отвор е во вид на кон внатре вдлабната цепнатина.

Македонската пастрмка се мрести обично во периодот ноември-јануари, а зависно од термиката на водата (настапување на зимата), може да биде и порано, односно подоцна. Икрата ја исфрла на плитки места со силно струење на водата и на песочно-каменеста подлога, во која женката претходно со опашката неправилна длапка (гнездо) со димензии 20-30 цм ширина и 15 цм длабочина. Веднаш потоа машката риба ја прелива икрата со млеч и по оплодувањето обете риби ја покриваат оплодената икра со камчиња за да ја заштитат од однесување од водата и од изедување.