RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk

Откако го преседовме дома претходниот викенд поради лошите хидролошки услови на Радика, во петокот отидовме со Цакуле да ја отвориме сезоната.
Радика не пречека зголемена, но релативно бистра, со одлични услови за риболов. Времето во петокот беше сончево и не врнеше што беше најбитно.
Ловевме на горниот дел, од составот на Радика со Рибница па нагоре се до мостот што води кон Стрезимир. Пастрмката беше активна после 10 часот, дента извадивме околу 50-тина парчиња вкупно, најголемата беше околу 30 см. Јадеше на фазан, обичен и црвен, како и на полски фазан. Пробавме и на некои други нимфи, но на овие имавме највеќе успех. Повеќето пастрмки беа слаби после мрестот.
Бистро до следната репортажа.

Три лица заработија кривични пријави поради незаконит риблолов во водите на Охридското Езеро.

Лицата С.С. (54) од Охрид, А.С. (62) од Пештани и Ѓ.К. (64) од Љубаништа, на 9 јануари годинава биле пријавени дека вршат незаконит рибилов во езерото, на потегот кај месноста Лагадин.

Според полициското соопштение, тие биле затекнати од страна на полициски службеници при обид бесправниот улов да го пренесат во хотелско-угостителски објект, инаку сопственост на пријавениот С.С. Кај нив биле пронајдени шеесет и седум парчиња охридска пастрмка, белвица и друга разновидна риба.

По насоки од Јавен обвинител, за случајот биле известени судија на претходна постапка, како и Државен инспектор за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата, по што бил извршен увид на местото на настанот, како и претрес во хотелот сопственост на пријавениот С.С. Уловената риба и риболовниот алат се запленети.

Почитувани колеги риболовци,

Во прилог може да го преземете Решението од МЗШВ за висина на одобрени цени на дозволи по риболовни ревири и рекреативни зони за 2018.

Со почит,

РИБАР 2011

LOGO RIBKRADCI 233

Почитувани колеги риболовци,

Започнати се процедури и може да се аплицира и за годишната државна дозвола. Цената е 7.000 денари и важи на сите риболовни ревири и рекреативни зони (реки и езера) каде што е доделена концесија.

Ако некој сака да извади државна дозвола, истото може да го стори и преку РИБАР 2011

Постапката е следната:

1. Поседувате или ќе извадите легитимација/маркица за 2022 година (ако имате - ни доставувате копија)

2. Ги уплаќате уплатниците наведени подолу

3. Ни ги доставувате уплатниците, ние поднесуваме барање за вас, ви ја изработуваат дозволата и ние ви ја доставуваме

Дозволата важи за сите реки и езера во Р. Македонија кои имаат концесионери и може слободно да ловите насекаде,без да трчате да уплаќате повеќе годишни дозволи за различни ревири, или пред секое одење на риболов да го барате пунктот за наплата, или да уплаќате дневна дозвола на жиро сметка кај концесионерот.

Уплатница 1:

uplatnica drzavna 1 2017

Уплатница 2:

uplatnica drzavna 2 2017

 

Недела, 31 Декември 2017 18:52

Среќна Нова 2018

Среќна Нова 2018 година ви посaкува тимот на Рибар 2011!
Многу здравје, среќа и слободно време за риболов во новата година!
Бистро

Почитувани,

Ве известуваме дека Македонска Риболовна Федерација ке одржи работна средба за сите заинтересирани спортски риболовци кои ќе учествуваат во лига натпреварите при организација на МРФ, дисциплина Крап во 2018 година. Средбата ќе се одржи на 23.12.2017 година во Институтот за сточарство со почеток во 11:00 часот.

Скопје, 20.12.2017 година

Македонска Риболовна Федерација

Местото на малите риби им е во реките и езерата, не во вашата чинија!
Да им помогнеме на риболовците да се информираат и да ги почитуваат законите, а рибите да пораснат...

Местото на малите риби им е во реките и езерата, не во вашата чинија!
Да им помогнеме на риболовците да се информираат и да ги почитуваат законите, а рибите да пораснат...

Во просториите на Информативниот туристички центар при Националниот парк Маврово се одржа работна средба помеѓу претставници од Националниот парк Маврово предводени од Директорот Самир Ајдини и претставници на Здружението на риболовци – Спортско рекреативен клуб Рибар 2011 претставени од Сашо Васков Претседател на здружението и член на УО на МРФ, Филип Серафимовиќ секретар на здружението и член на УО на МРФ и Давор Јакимовски член на УО на здружението.

Претставниците на здружението го истакнаа потенцијалот на НП Маврово за развој и унапредување на спортскиот риболов при што ги истакнаа своите видувања и забелешки за истиот и исто така понудија и предлози како да се унапреди заштитата на рибниот фонд во Мавровското езеро и р. Радика со што би се зголемил интересот за спортскиот риболов на водите во НП Мавово, понудувајќи помош при реализација на сите активности кои ќе ги реализира паркот. Директорот на паркот ја истакна важноста на заштитата на рибниот фонд во водите на НП Маврово и нагласи дека паркот во рамките на своите надлежности врши редовни порибувања на водите, и исто така појасни дека понудената помош е добредојдена и дека во наредниот период двете страни ке останат во контакт за можно потпишување на меморандум за соработка со што би се унапредила соработката со цел заштита на рибниот фонд и унапредување на спортскиот риболов како важна гранка на одржливиот туризам и негова промоција.

Понеделник, 04 Декември 2017 09:26

Еднодневен ноемвриски излет до Пињос

Да не останат за џабе убавите фотки, еве една кратка репортажа од еден од ноемвриските излети на Пињос. Екипата беше јас, Сашо и Влатче, а таму ни се приклучи и Џони.

Регулар си стигнавме пред разденување, уливот стандард нападнат по што моравме да менуваме страна на пристап. Рибаришта куп никој ништо не вади, ги знаевме тие информации и не дека очекувавме нешто ама кога веќе дојдовме зошто да не се опробаме.

Се расфрлавме на сите страни, со чат пат некоја пауза за рибарски лав моабет.

Времето беше солидно, но рибата генерално не ни беше наклонета тој ден, имавме неколку откачувања на зубатици и само две риби извадени. Сашо беше најрасположен за фотосесија и затоа 5 поени одат кај него и секако оваа репортажа.

Генерално убав сончев ден, минимална акција и многу свеж морски воздух во нашите гради.

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija