Дебарска есенска спин дружба-тренинг за спин куп

Овој пат есента буквално ја дочекавме во Дебарскиот крај.Повод-спининг; Причина - спининг. Се собравме тројца спинерџии, Гони , Пирати, ЦТС-клен, и по направена детална анализа се решивме да го посетиме Дебарско езеро и обидеме да прелаземе некој кленко. Во игра беше и Мавровско, ама за…

Берсин ... тренинг со Јане

Берсин ... прекрасна вода на само 150 км од Скопје .Вода во која никој не знае што се крие, вода полна со природна храна .Бидејки се пријавивме на Купот на Берсин од 21-24 Септември, решивме со Јане да направиме еден тренинг риболов и да пробаме…

Бојничиња на улив на Радика во Дебарско езеро

Eднодневна рибарска авантура решивме да ја поминеме на Дебарското езеро на состав со река Радика.Имавме информации дека многу рибари идат и дека многу бојник се вади.Со таа мисла и ние тргнавме во риболов на бојник.Секогаш атрактивниот состав не пречека рано изутрина како што го замислувавме…

Favorite Moravica КУП - Алексинац, Србија 2017

На поканата од Давор - leunovo за да го дружам на натпревар во ловење пастрмка со вештачки мамци-спин техника на река Моравица, во Алексинац, Србија не ми требаше многу убедување. Решивме, ќе одиме, иако и двајцата прв пат учествуваме на ваков натпревар, немавме речиси никакви…

Мушичарска репортажа 7 - Радика во лето

Во саботата со Цакуле отидовме на Радика. Јас и тој од горе, Емил, Јулио и Јане од долу. Времето беше одлично, не толку топло како во Скопје, рибата беше релативно активна. Сабајлето почнавме со повеќе откачувања, како поминуваше денот излегуваа повеќе пастрмки, дел сликавме/снимавме, дел…

Мушичарска репортажа 6 - Градац у мом срцу

Веднаш после затворањето и прогласувањето на победниците на купот на Гацка, тргнавме назад. По пат смисливме план, “како ублажити бол“. Решение, посета на реката Градац во Србија :)Од Хрватска право за Ваљево, каде што некаде околу 00:30 најдовме соба во еден мотел, на поткровје под…

Мушичарска репортажа 5 - Гацка у мом срцу

Заврши Јадранско-подунавскиот куп во мушичарење на реката Гацка во Хрватска. Вчера се прибравме дома, со убави впечатоци од целиот натпревар и се останато поврзано со тоа местенце.Тргнавме во четвртокот сабајле, со паузи патувавме 12 часа. Стигнавме приквечер во Оточац, кај хотелот до самата река. Пред…

Кастинг прво коло крапска лига 2017

Како што гласи и насловот неделата се одржа првото коло од крапската лига 2017.Во нејзе земаа учество 7 дуа и првиот напревар беше во фрлање во далечина или кастонг.Како што е правилникот првин се влечеше за редослед на влечење па после тоа за кое дуо…

Мушичарска репортажа 4 - Радика, Емил и пастрмката

Продолжен викенд, петок како создаден за по риба. Со Емил тргаме во 04:30 од Струга (доцниме, во 05 е веќе дење).Стигаме на Радика и веднаш се симнуваме на истите позиции каде што го одржавме првото коло од мушичарскиот куп, да провериме што нудат позициите на…

Државен мушичарски куп Радика 2017

Вчера се одржа државниот мушичарски куп на река Радика. Резултатите се следни:

Спин дружба Маврово 2017

07 Мај , 2017, денот кога се одржа спин дружењето/натпреварот на преубавото Мавровско езеро. Околу 15-ина колеги се собравме на Црн Камен утрото. Инаку, ова дружење оваа година има комеморативно значење, во сеќавање на нашиот покоен драг колега Владо МКД.Со самото пристигнување на езерото благодарение…

Мушичарска репортажа 2 - 2017

За празнициве по обичај тркнав до Охрид и од таму со Емил по риба. Како дестинација ја одбравме реката Треска. Времето генерално не послужи, освен ненадејниот пљусак кој ја направи водата ораница за 5 минути и бевме приморани да си отидеме порано, па на крај…

Голем Петок на река Треска

Со добра екипа,добра природа,добра риба и малку желба лесно е да се направи и добра рибарска репортажаКако секогаш имале чест форумџиите да гледаат први така и овој пат ексклузивно за вас нашиот прекрасно поминат ден склопен во прекрасно 10 минутно видео...Кој не идел на овој…

Голем Петок во Маврово

После краткотрајно размислување, дали денес (голем празник )да одам на рибарење, опремата у кола и правец Маврово.5,40h веке сум на местото кое го планирав,ако не е зафатено.Почнав со кашики,Мепс,Балзер и секако по препорака на веке добитната Абу Тоби.Потегот од каналот па до брана полека се…

Априлили или...

Повеќе од половина година пауза во спининг риболовот. Што заради лични причини, што заради зимата(иако годишното време и не е никакво оправдание, нели?), и ете, се случи една убава дружба, повторно. На покана од Давор - leunovo, а знаејќи дека Petrakki веќе е во Маврово,…

Сефте годинава на Дебарско

Како што напоменав и пред некој ден, планирано беше да се посети Дебарско Езеро и да проба да се улови некој клен.Од Скопје појдовме спремни ко да ќе вршиме инвазија над Нормандија :DНа пристигање не пречекаа бранови кои потоа ги снема.Цел ден езерото беше мирно…

Дивите дојрански крапови 2017

Зетот искажа желба да сме иделе заедно на риболов до Дојран, а зет како мед имам и не се одбиваСобирање некое инфо од вечерта,на брзина пакување и правец Дојран кај алекс плажата.Наслушнавме дека јадел крапот и само на него и се фокусиравме.Риболовевме во трските и…

Мавровска пегава убавица и мавровски кленови

Понеделникот службено бев во Белград па отидов прво до МГ сервис да земам некои работи за Сашо и Даре кои беа оставени на сервис. Влегуваш внатре и незнаеш што попрво да гледаш и да пробаш.Провртев неколку машинки, продрмав неколку трски и набргу се решив да…

Мушичарска репортажа 1 - 2017

После неколку одења на Радика годинава, да ја направам првата репортажа :) За жал, немаше ниту еден позначаен улов во овие неколку риболови, пред се поради водата која варира и е снежна поради топењето на снегот и мразот на Кораб и Дешат, односно на водата…

Ангитис - за различни типови болка

Хахах, да...идам на тоа Ангитис да се потсетам на времињата коа пецав спин, но пред се чисто да смениме малце. Декември месец, а крапот веќе си ја отпеа песната за 2016-та. Моравме да си ја ублажиме некако болката рибарска. Инаку милина е бе ова спинот,…

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo           IMG 20240901 123322   pastrmka          bistroinspekcija