Која цена доаѓа тој котур чичко Васил и како ја осеќаш ти разликата со шоклидерот?
Не се сеќавам Диме , мислам дека е околу десетина евра. Го користам само за сподот, нема чворови и бидејки е целиот конусен лета одлично.
Треба да разграничите користење на шок лидер кога е на спод трска и кога ловите.
Ако за спод користите монофил нека тој биде дебел околу 0,25 до 0,28мм со шок лидер конусен или од некој добар монофил 0,40 до 0,50мм не пократок од 10метра.
На шпулните каде имам намотано 0,28 ловам обавезно со шок лидер, нема како добро да зафрлам без да ризикувам кинење.
Сега примерно кога одам на Сарулешти ловам со 0,35 основно и 0,50 монофил за шок лидер но таму е друга приказна.
Предпрошла година ловев на 50 сантиметра од овостарник и оставив околу 300m. шок лидер.
И еден совет, коза прихранувате со ракета, користете кожен напрсток , ако немате малку ханзапласт намотан на показалецот ке заврши работа. Да не останете без дел од прстот