www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 11:27 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS56789ELLIPSIS11»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 29, 2013 10:35 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
од мое долгогоџдишно искуство
риболовците едвам чекаат да се групира некоја врста на риба и да се изнафатат
е сега рибата се групира или се бери во јата на два начини
- за време на мрест
- со храна

првиот начин им е нај омилен и нај лесен да се дојде до улов на 90% од ,,рибарите,,

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 29, 2013 10:36 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
Bobi_Brada НапишиCOLON
КОНТРОЛИ :?: :?: :?:
Абе ај Лепи не за....ј.
Се мрестела риба па ке ја чуваат.
Абе ги викаш да дојдат и видат на лице место како се краде и убива риба, а тие
како за инает на супротен крај на ревирот (ако и тамо воопшто отидат) :crazy: :crazy: :crazy:
:mrgreen: не само шо ќе отидат на супротен крај на ревирот, туку некој од нив вечерта ќе го делат пленот со рибокрадците :twisted:

Јас појќе пати имам напомнато дека тотална забрана за риболов е погрешен чекор, заради тоа што на терен немат рекреативни Риболовци и рибокрадците можат слободно да си рибокрадат пошто и контролорите не се на терен.

Али мислам и се надевам дека постепено ќе се сменат некои работи како кај риболовците така и во законската регулатива :lepi:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 29, 2013 10:51 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Апсолутно се слагам со тебе Лепи :shake_hand:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 30, 2013 1:20 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Сеп 21, 2012 2:25 am
МислењаCOLON1322
ЛокацијаCOLONПрилеп
Lepi НапишиCOLON
:mrgreen: не само шо ќе отидат на супротен крај на ревирот, туку некој од нив вечерта ќе го делат пленот со рибокрадците :twisted:

Јас појќе пати имам напомнато дека тотална забрана за риболов е погрешен чекор, заради тоа што на терен немат рекреативни Риболовци и рибокрадците можат слободно да си рибокрадат пошто и контролорите не се на терен.

Али мислам и се надевам дека постепено ќе се сменат некои работи како кај риболовците така и во законската регулатива :lepi:
:~~ :thumbs_up:

_________________
---> ИмАмЕ цРвИ, АуТотО нИ ШибА, дЕнЕс СитЕ оДиМе дА ЛоВИмЕ РибА <---
Мувата е НајМакедонскиот инсект! Ем јаде л@јна, ем трие раце во стилот „ добро е, добро е !!! “...

Постои само една солуција - РЕВОЛУЦИЈА !!!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 14, 2014 12:13 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
до сите риболовци :!:

како што знаете во овие два наредни месеци нај големиот дел од слатководните риби ке го започнуваат својот мрест а со тоа и ке стапат во сила и забраните за понесување на уловен примерок од таа врста на риба која е во тој временски период

АПЕЛИРАМЕ

да секој оној кој ке има таков улов, тој примерок да биде вратен назад. Законски кај оној кој ке се пронајде риба во мрест е КАЗНИВ. Затоа добро прочитајте ги прирачниците кои ви ги даваат со вадењето на годишните дозволи - за секој ревир/рекреативна зона посебно. Обратете внимание на датумите затоа што не секаде е истиот временски период за одредена врста на риба

бенефитите од не ловење/враќање на таа риба мислам дека нема потреба да ви ги опишуваме. Поопширно и за секој оној кој сака повеке да дознае ипрочита имаме пишано на сајтот на рибар :arrow: http://ribar.com.mk/index.php?option=co ... Itemid=225

па колеги нека ви е БИСТРО ! и секој оној кој има нештода праша во врска со оваа тема слободно може да пише, ке се потрудиме да му биде одговорено на неговото прашање

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aпр 14, 2014 1:24 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Мислам дека за некои видови риби на Вардар мрестот е веќе завршен.
Годинава не е по буквар. Немавме речиси зима. Ова задно заладување
ако некако воспостави синхронизација помеѓу природата и календарот.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 23, 2014 5:59 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Втора половина на Април, но посебно Мај и Јуни се месеци на мрест во кој ние рибарите треба да знаеме да се воздржиме од одење по риба и особено треба да се воздржиме од зимање на риби кои се во мрест.

На многу води низ Македонија има концесионери кои по редот на нештата треба да се грижат за поуспешно мрестење на рибите. Некои се грижат, некои помалку, некои воопшто. Има и води кои што немаат концесија и на кои е забранет риболов, но сепак некои риболовци ризикуваат големи казни и ги напаѓаат и овие води. Оние кои треба да водат грижа во најголем дел се концесионерите, чуварите, инспекторите и полицијата. Но се чини дека најголем чувар на идниот подмладок од риба низ Македонија е свеста на луѓето. Токму затоа треба да бидеме свесни дека: во овој период од втора половина на Април, но посебно Мај и Јуни се мрестат Црвеноперката, Лињакот, Кркушката, Крапот, Кленот, Сомот, Бојникот, Мрената, Попадиката, Кострежот, Смуѓот и други видови риби (освен Пастрмката и Штуката чиј мрест е веќе поминат)

За тоа колку е битен мрестот на рибите во овој период говорат бројките кои ќе ги видите подоле, кои говорат колку од прилика јајца (идни рипчиња) може да снесе полово зрела женка од некоја од видовите риби.

Крап од 200.000 - 700.000 јајца (икра)
Клен од 50.000 – 200.000 јајца (икра)
Бојник од 50.000 – 100.000 јајца (икра)
Мрена од 3000-8000 јајца (икра)
Сом може да снесе до 500.000 јајца (икра)
Попадика 80 000 - 200 000 јајца (икра)
Костреж положува и до 200.000 јајца (икра)


Ваквите бројки укажуваат дека ниту едно порибување неможе да даде допринос за богатството на риби во македонските води колку што е успешниот мрест на рибите. Но, во исто време, овие бројки укажуваат дека и штетите по рибниот фонд од рибокрадците и риболовците со слаби етички и морални вредности, во овој период се огромни.

Токму затоа, во овој период рибите треба да се остават на мира да си ја завршат својата природна функција и треба воздржување од риболов. Но и да се најдете во овој период на некоја вода, имајте совест и размислувајте за иднината. Сетете се на овие бројки во секој момент кога ќе помислите да земете 5 кркушки, 3 клена, 2 мрени, 2 крапа, еден сом, или по две три кила црвенпоерка, или попадика. Сетете се дека не зимате само неколку риби, туку уништувате милиони риби. Кога ќе ви текне да спремате, или ќе ви понудат чорба од икра, или плескавици од икра, сетете се дека таа чорба или плескавица е напрвена од илјадници рипчиња кои не дошле на овој свет поради некој кретен. Можеби вашиот стомак и стомакот на вашите пријатели ќе биде полн после 2-3 гезмиња, но водата од каде што сте ги земале рибите ќе биде посиромашна за неколку милиони риби подмладок. Рибите, или чорбата, или плескавицата, која сте ја изеле ќе ги исфрлите во некоја шоља после еден ден, а водата од каде што сте ги земале рибите во мрест ќе биде посиромашна за милиони рипчиња во сите идни години. Размислете дали вреди !

Можеби сте правеле вакви работи во изминатите години, никој не е безгрешен, но секогаш има момент кога можеме да се поравиме. Секој човек учи, созрева и еволуира. Оваа година нека преовлада разумот.

И не само лично да размислите, туку имајте активен пристап и подучете ги вашите пријатели, комшии и роднини. Ако не разбираат што е мрест и колку е важен за Риболовот во Македонија, укажете им, подучете ги, пробајте да ги одвратите од мислата да тргнат на риболов на риба која се мрести. Ако веќе неможете да ги одвратите и се најдете со нив на терен, пробајте да ги разубедите да не земаат све, да не земаат риби полни со икра, укажете им на штетите кои ги прават.

Во исто време, помогнете им на риболовните здруженија, концесионерите, инспекторите и полицијата, да се зајакнат контролите во овој период на мрест на рибите. Да се зајакнат контролите, да се зголемат акциите и да се удри ЈАКО по рибокрадците.

Ова е период кога рибокрадците трљаат раце, затоа што рибите доаѓаат и се мрестат близу обалата, голем дел од рибите се зашамутени и целосно препуштени на љубовната игра, или пак не бегаат за да си го бранат потомството и во такви ситуации настапуваат мрежарите, настапуваат вилите, харпуните, динамитот и други средства за масовно истребување на рибите. Рибокрадците пунат вреќи, кошеви, трактори и цели сандаци со риба која не е измрестена и на тој начин уништуваат цели генерации на риби. На овој начин рибокрадците крадат од државата, крадат од природното богатство, но и од нас рибарите. Тоа е главната причина поради која на многупати во годината вистинските рибари неможат рипче да фатат на некои води. Рибокрадците го крадат нашето задоволство ! Токму затоа треба да се даде целосна поддршка и да се одвратат многу луѓе кои ги познавате, а кои се бават со ваков криминал. Казните се големи и достигнуваат до неколку илјади евра. Ако неможете да ги разубедите, не им помагајте, не ги кријте, на тој начин и Вие сте соучесник во масакарот што го прават.

Пријавете ги и секој да се најде пред лицето на правдата !

Пријавете го или кај концесионерот, или во Инспекторатот за земјоделие на бесплатниот број 0800 11 000

БИДИ СОВЕСЕН, НЕ ЗИМАЈ РИБА КОЈА СЕ МРЕСТИ, ВКЛУЧИ СЕ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РИБОКРАДЦИТЕ и ЗАШТИТИ ГО МРЕСТОТ !
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 23, 2014 10:46 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
:~~ :~~ :~~
celosno ke pocituvam

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 23, 2014 11:07 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
и оваа година исто како и предходната - ке се потрудам максимално да им го испочитувам мрестот на автохтоните риби и сите оние кои се опфатени со забрани по Риболовните основи

- тоа нема да важи само за карасот- оној Сребрениот што некој го вештачки увезил да напраави инвазија и штети на сите автохтони видови

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 24, 2014 11:17 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Најдов едно интересно видео од мрест на река Дошница


_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS56789ELLIPSIS11»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 3 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum