... а зашто да не е како шо е сега!? Годинава концесиите се дадоја на крај лето и сега ај да платиме од сега па натака, а до сега што сме ловеле кој ќе го платит? Се знајт дека секој треба да си платит Дозвола на почеток од годината и цела година си е мирен и да не се замарат
До вчера проблем беше што голем дел од водите во МК немаа концесии - се реши тој проблем, ама до сега се правеше проблем за да се извади дозвола таму кај што имаше концесии, а сега ќе се преави проблем секаде.
Проблем беше цената на државната дозвола - се реши и тој проблем ама речиси никој не извади таква дозвола.
Сега проблем е што дозволата важи за календарска година.
Доколку се реши и тој проблем, ме интересира што ќе биде следно ?!?!?
Можеби некој ќе посака дозволата да му важи за 365 дена, односно за 365 излегувања на вода па макар тоа да го искористи и за 10 години.
Луѓе мора да сватиме дека за да има ред во риболовот МОРА ДА СЕ ПЛАТИ.
А кој да плати ако не ние самите?