Позајмено интервју со Patrick Sebile
прашање: Патрик, познат си по шетање и риболов низ светот и како голем експерт за мамаци. Имаш ловено на страшно многу различни води и имаш уловено купишта егзотични видови на риби. Но како воопшто си станал риболовец ?
Patrick Sebile: Од риболовниот вирус се инфицирав кога имав пет години. Еден од моите вујковци поседуваше парче земја на кое се наоѓаа две мали езерца кој се користеа за напојување на стоката. Еден ден, вујко ми ја понесе и неговата трска со себе и проба да фати риба во едно од езерцата. Јас само го гледав. Кога тапата потона и после неколку минути во мрежичката се најде еден три килограми тежок крап, за мене се беше јасно. Одтогаш се околу мене се врти околу риболовот. Отпочеток ловев се, но со одминување на времето се специјализирав за риболов на грабливки со вештачки мамки.
прашање: Кога започна да размислуваш за конструкцијата на вештачките мамци ?
Patrick Sebile: Кога имав осум години, чепкав на пактата на еден Rapala воблер. И функционираше. Мојот ,, преправен ,, воблер веднаш ми донесе неколку убави штуки. Бев многу горд самиот на себе. По некое време ловев на една вода која имаше многу потопени дрва и постојано гледав големи кострежи кој не можев да ги фатам заради немање на адекватен мамец кој ќе го спуштам помеѓу потопените препреки. Седнав и почнав да размислувам, па ставив една трокрака јадица на крајот од конецот, над неа прикачив олово а веднаш над оловото еден силиконски твистер кој малку го разресив. Сето тоа заедно со една подолга трска ми овозможи да дојдам до местата каде беа големите кострежи кој беа полудени по лесните вибрации на силиконскиот твистер. Тоа беше мојот прв самостојно направен мамец.
прашање: А како дојде до тамо да основаш и своја фирма за производство на вештачки мамци ?
Patrick Sebile: Пред да ја основам Sebile во 2005 година, долги години бев активен во риболовната бранжа. Конципирав трски за француската фирма Sert , работев на развој на нови мамци кај фирмата Mepps, работев како риболовен водич во Африка, пишував книги и брошури за риболовот во разни списанија дури снимав и филмови. Но отсекогаш сум го имал сонот да создавам мамци кој целосно ќе ја отсликуваат мојата слика за идеален мамец. Така и се одлучив самостојно да исфрлам на пазарот сопствен бренд и сопствени мамци.
прашање: Каква филозофија стои позади Sebile мамците ?
Patrick Sebile: Иновативен риболов е мислата која ме води при создавањето на сите мој вештачки мамци. Мене не ми е дојдено дотамо да направам воблер на кој ќе стои моето име. Мојата цел е да направам нешто иновативно што на риболовецот ќе му помогне во одредени ситуации подобро да риболови.
прашање: Твојот пробив го направи на најважниот риболовен пазар во светот, пазарот во САД, како успеа во тоа ?
Patrick Sebile: САД е најважниот но и најтешкиот пазар на светот. Заради тоа од самиот почеток се концетрирав да успеам на овој пазар. Откако победниците на два важни Bass турнири победија со моите воблери, сите почнаа да зборуваат за нив. Во 2007 година победиме на најважниот Bassmaster турнир и оттокаш за моите воблери сите имаат добро мислење.
прашање: Твојот D&S Crank е еден многу интересен воблер. Не само што нема две трокраки јадици туку има само една еднокрака. За овој воблер имаш добиено и награда за иновација. Што размислуваше кога го правеше овој воблер ?
Patrick Sebile: Се работи за еден Crankbait ( крушкица ) кој оди длабоко. Кај оваа група на воблери кој одат длабоко мора многу да се рачуна со закачувања на воблерот за некој подводни препреки. D&S Crank - от има само една јадица која се движи нагоре и надолу и чиј врв е во линија со телото на воблерот. Со самото ова потешко се закачува на препреки, додека при удар, напад на риба, јадицата се придвижува нагоре и ја закачува устата на рибата.
прашање: А пак Onduspoon е исто исклучителен мамец. Личи на блинкер ( кашика ) но не е направен од метал туку од цврста пластика.
Patrick Sebile: Точно, прво може да се помисли дека Onduspoon e блинкер, меѓутоа ако се погледне подобро ќе се види дека е и нешто повеќе. Еден нормален блинкер ( кашика ) е сам по себе ограничен во својата акција. Освен тоа, со самото вртење при побрзо влечење предизвикува увртување на конецот. Телото на Onduspoon -от е поделено на неколку комори во кој се наоѓаат куглици. Самата конструкција гарантира дека блинкерот ќе се врти неколку пати на едната страна па потоа неколку пати на другата страна. Со ова е увртувањето на конецот избегнато. Onduspoon-от полека тоне, што е многу добро кога се лови во релативно плитки терени. А заради обликот на телото, самиот риболовец може да ја одредува акцијата на блинкерот. Ако се води ,, walk the dog ,, ( влечење со повремени чести појаки повлекувања со врвот на трската ) тогаш Onduspoon-от е вистински убица.
продолжува утре