Четврток, досадно по дома, а сонце огреало како да седиш дома. Кафенце со другарче и што да праиме да утепаме некој саат - трските, некој црв од бавча, крма и пченка што останало од претходен пат, некоја ракиичка за ние да се накрмиме
палење моторчето, па бидејќи живееме во населба Ченто, прекутрупа правец Смилковско езеро.
Доколку некој не знае кај се наоѓа ова езеро, одозгора е обиколницата а тоа лево е комплексот Железара.
Кога стигнавме на терен, за работен ден рибари куп. Најдовме едно место помеѓу другите рибари, закачивме црвите и пуштивме. Немав од дете идено на ова езеро, па ме интересираше што риба држи езерото. Одговор стандард: караш, сунчица, амерички сомчиња, костреж и крап. Старите рибари викаа дека имало многу риба, и тоа и крупни парчиња ама не е сеуште доволно затоплено па не јаде како што треба. Прашав и за чувари, и за мрежари. Рекоа дека некој го имал земено под концесија ама уште не го работел. Тоа ми беше малку нејасно како некој зима под концесија, дава пари, а не го работи. Тука нешто смрди!
Ми рекоа дека чувари немало, а мрежари стандард како и секаде во државава.
Еве неколку фотки од лице место
Една фотка од "колегата" на "дело"
И да нешто за нашиот улов: Фативме две карашчиња, кои не ја ни мрднаа тапата, еден на бел црв, еден на црн црв. Колегите околу нас и тие извадија по некој караш, по некој костреш и 2-3 амерички сомчиња. А сите партал ги направивме сунчиците - фрли вади фрли во нивата позади нас
Еве и една фотка од едното карашче.
Не сум некој искусен и успешен рибар, и ова е прва моја репортажа на форумов, целта ми беше да дадам некоја информација за езеро кое мислам дека до сега не е споменато на форумов.