www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 6:27 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 1:31 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Jул 11, 2012 8:58 pm
МислењаCOLON40
Na koi mesta na prv i vtor krak ste bile i dali bile lovni, pa mozete da spodelite sto kade kako
Jas sum probal vo Kalitea i Polichrono, kalitea bese boza nisto nemase samo nekoi pogolemi cipoli pod pristanisteto vo najzeskoto do hotelot zeus koi voopsto ne jadea, sparovi, nekoi ribi sto licea na mreni, drugi sto licea na klenovi i po nekoj gobo cistac
Polihrono na gradskata plaza vo zeskoto na 30 metri vo 3 metri dlabina imase solidni oradi, fratari, ovcici od kilogram, toa bese prviot dena samo, posle gledav vo poplitkoto cipoli od po 2 kilogrami i jata od po 200 grama, levo na divata kamenesta plaza kaj 5 satot imase jata iglici od 70 cm skokaja pokraj bregot verojatnpo begaja od grablivec, probav frlav vobler, imase sledenje od iglica ama ne udre, posle do samiot breg dojde lampuga od 65cm, do samite noze mi kruzese, imav togas blinker frlav do nea i ne bese zaintresirana, nemav nekoe drvo da ja cuknam po glava, pa ke naucevte i vie nekoja nova tehnika na ribolovenje


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 1:54 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
igork НапишиCOLON
...nemav nekoe drvo da ja cuknam po glava, pa ke naucevte i vie nekoja nova tehnika na ribolovenje
Вистинско освежување на форумот :lepi: :mrgreen: :mrgreen: :mrgreen:

На вториот крак мислам дека ти е подобро, има многу подиви места кои не се “нападнати“ од капачи. Види го делот меѓу Никити и Неос Мармарас, делот над Торони (дивите плажи). 1-2 км пред Псакудија исто има убави карпести делови, рано сабајле се гледаат многу брканици на риби :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 2:19 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 05, 2013 5:01 pm
МислењаCOLON621
Далеку подобар е вториот крак од првиот, барем по мое искуство. Бев 1 недела во Парадисос, 1 км пред Неос Мармарас. Од тоа што можев да видам, можам само следното да го кажам. Риболов рано наутро или приквечерина. Пекне ли сонце, собирај се и оди некаде на пиво. Не се мачи.

- Метаморфози, систем еж, корка леб и еден куп јадички, фрлај и чекај да се свитка трската. Земи си и пиво додека чекаш да се свитка трската.

- Парадисос триподот пред тебе, олово и вежбај кастинг за на светско во Франција. Колку подалеку, толку подобро. Само пази на пајак рибата, оти ќе ти преседне одморот. Имај до себе нешто метално и запалка, ако немаш лип грип или клешта некоја. Загревај металот и ставај кај убодот, отровот е термо лабилен. Пивото важи и за овде.

- Неос Мармарас, доковите и ваглери или клизачи тапи. Препорака моја, потешки ваглери. Првиот док штом влезеш, оди до крај кај чешмичето, овде се позиционирај и мавај. Експериментирај со далечини и длабочини. Земи си и светлечи ампули, може и ноќно ловење овде.

Околу риболовни продавници, Captain Hook во Никити, не очекувај нешто многу од опрема и прибор.

Многу луѓе се жалеа во Мармарас дека немало да се купи ништо, јас најдов две продавници за опрема и мамци. Едната е во склоп на бензинската кога се враќаш од Масутис према Мармарас, ама не влегуваш во Мармарас на првиот влез туку одиш кон следниот. На 200 метри од десна страна првата бензинска пумпа што ќе ја видиш, на таа. Или ако излегуваш од Мармарас од кај стадионот према Масутис, не вртиш десно према Масутис туку лево. Има наредено еден куп стапови и машинки за риболов. Има и по нешто од ситен прибор, јадички, тапи, олова и имаш и светлечки ампули. За мамци прашајте, им стојат позди бензинска во фрижидер. Од 3 евра па нагоре одат мамците.
Втората е сместена во Петшоп. Си пишува Петшоп, ама не и риболовни потребштини. Далеку поснабдена од бензинската и Captain Hook во Никити. Се наоѓа така што кога шетате покрај кејот се качувате кон црквичето, се спуштате и продолжувате кон следната узбрдица / угорнина. Кога ќе се искачите на следната угорнина, на спуштањето од истата, при самиот крај гледајте на лева страна и ќе видите табла / знак Петшоп. Заборавив како се вика. За жал јас ја најдов вечерта пред да си одам. Дечките овде зборуваат и српски, така да немате никаков проблем. Само кажете им што сакате да ловите од риби и ќе ви понудат готовои системи за риболов и мамци за истите. Готовите системи се 1,5 Еуро па нагоре. Мамците од 3 па нагоре.

Доколку и не ве мрзи, на плажата на Парадисос, лево накај карпите ( лево мислам кога ќе застанете свртени накај морето), едно 50 до 100 метри од карпите, во водата во плиткиот дел имате ракчиња кој се во школки влезени и овде може да ги собирате. Кршете ги школките и извадете ги ракчињата и можете и на нив да ловете исто.

Се надевма помогнав малку да не скитате како јас што скитав тражејќи продавници. Кога ја најдов оваа последната ми се идеше да си каснам од ......... А влегов храна да си купам за рибичките дома. :(


Последна промена од 1 на ljupce, променето е 0 пати

Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 2:24 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
ljupce НапишиCOLON
- Парадисос триподот пред тебе, олово и вежбај кастинг за на светско во Франција. Колку подалеку, толку подобро. Само пази на пајак рибата, оти ќе ти преседне одморот. Имај до себе нешто метално и запалка, ако немаш лип грип или клешта некоја. Загревај металот и ставај кај убодот, отровот е термо лабилен.
Стварно ги има доста на таа плажа, се закопуваат во песокот и мора да се внимава.

А знаеш дека 3 години по ред, не ми текнало да побарам продавница во Неос? :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 2:30 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 05, 2013 5:01 pm
МислењаCOLON621
Јас случајно ги најдов, се враќав од Масутис и ја видов бензинската и трските и првото пошироко место, полукруг и назад. Земав едни долгнавести како школки и ги сечев изнутриците и на нив ловев. Не беа којзнае колку големи рибите што ги вадев, ама имаше акција, занимација колку толку. Толку и беше времето за риболов. :) .


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 2:43 pm 
Отсутен
Wannabe Модератор

РегистриранCOLONСаб Ное 12, 2011 4:15 pm
МислењаCOLON327
ЛокацијаCOLONSkopje
ljupce НапишиCOLON
Далеку подобар е вториот крак од првиот, барем по мое искуство. Бев 1 недела во Парадисос, 1 км пред Неос Мармарас. Од тоа што можев да видам, можам само следното да го кажам. Риболов рано наутро или приквечерина. Пекне ли сонце, собирај се и оди некаде на пиво. Не се мачи.

- Метаморфози, систем еж, корка леб и еден куп јадички, фрлај и чекај да се свитка трската. Земи си и пиво додека чекаш да се свитка трската.

- Парадисос триподот пред тебе, олово и вежбај кастинг за на светско во Франција. Колку подалеку, толку подобро. Само пази на пајак рибата, оти ќе ти преседне одморот. Имај до себе нешто метално и запалка, ако немаш лип грип или клешта некоја. Загревај металот и ставај кај убодот, отровот е термо лабилен. Пивото важи и за овде.

- Неос Мармарас, доковите и ваглери или клизачи тапи. Препорака моја, потешки ваглери. Првиот док штом влезеш, оди до крај кај чешмичето, овде се позиционирај и мавај. Експериментирај со далечини и длабочини. Земи си и светлечи ампули, може и ноќно ловење овде.:(
Морам да признаам, едно од подобрите објаснувања за риболов на форумов :D :D :D :NotWorthy:

_________________
Независен кандидат за модератор


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 3:02 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Fiksna НапишиCOLON
Морам да признаам, едно од подобрите објаснувања за риболов на форумов :D :D :D :NotWorthy:
Фали “пиво“ кај Неос Мармарас на ноќно :mrgreen:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 3:36 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Jул 11, 2012 8:58 pm
МислењаCOLON40
vekje koga nema ribi kaj nas za lovenje po ezerata i rekite, ni ostanva na morski ribolov da se prenasocime

za neos marmaras znam, ama za paradisos prv pat slusam, a i vagler ne znam sto e.
za na more sto sum iskusil jas, ne vredi zamaranje mnogu. Jas sum probuval se i sesto, mnogu eksperimentiranje ne treba. Sabajle i samrak isklucivo za spinning e, se bara kamenesto dno, se frla so jigovi, vobleri i kasiki. Posle 10 do 3 satot isklucivo se lovi na ziv mamec kako crv morski, rakce od skolka, dagnja, prilepak skolka, e sega posto tesko tolku daleku da se zafrli do dlabokoto ako ste na peskocna plaza, se lovi na prst so maska za nurkanje so makara konec olovo i golema jadica
Od 6 satot natamu do zatemnuvanje pak spinning

Lovenje na leb e gubanje vreme i nervi samo sparcinja mali se fakjaaat nisto drugo ne jadi, pravenje testo od leb i sardina isto bezuspesno zamaranje e.
Lovenje na parce pileski stek na tapa ili dubinsko e ne bas uspesno
Sardinata odma otpagja, treba taze riba da se stava
Nokno lovenje na ampula na tapa ili dubinsko so leb i testo e besuspesno, mora morski crv, parce lignja ili skolka

Tie rakcinjata sekade gi ima vo plitkoto po kamenjata kade sto e kamenesto dno, jas gi berev levo od polihrono na divata plaza, lovni se epten ama lesno otpagjaat od jadica, negde procitav deka dolniot del ne trebalo da se krsi, tuku da se ostavi i so se nego da se stavaat na jadica taka ne otpagjale oti se drzat za skolkata.
Najuspesen mamec e prilepak skolkata, gi ima po golemi karpi i kamenja kade sto zapliskuva vodata. Nikako ne pagja od jadica, mnogu ubav mamec, mnogu e loven.
Ubavo e da imas morski crvi od tie kako stonogalki ili parcinja od lignja ama pa skapi se da gi kupis. Ima edni mali temni crvi vo 10 cm voda kade sto e plazata so sitna fina pesok, so kvadratno kofe se zafrluva del od pesokta na suvo i tie pagjaat na povrsina, se berat i se cuvaat vo malo teglice so morska voda i malce pesok


Dubinka so polesno olovo i poslaba konec za peskolivo dno na prilepak, morski crv, parce lignja, a so podebel konec golemo olovo i parce riba na golema jadica na kameno i karpesto dno.

Iglicite na se udirat sto se dvizi, so bavno povlekuvanje so jadice na vaser kugla i 2 beli crvcinja udirat mali iglici, a na malo parce snicla, skolka, vunica ili vobler, jig, kastmaster golemi iglici

Najfalen revir sto sum cul e toroni na vtor krak na sama plaza, striktno dzigovanje so brzo povlekuvanje sto pobrzo na jigot da ja seci vodata, ili so mali pauzi i malo potegnuvanje nagore na prackata od vreme navreme
ako saka nekoj semptemvri tamu da se isprobame


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 5:06 pm 
Отсутен
Wannabe Модератор

РегистриранCOLONСаб Ное 12, 2011 4:15 pm
МислењаCOLON327
ЛокацијаCOLONSkopje
Филип НапишиCOLON
Fiksna НапишиCOLON
Морам да признаам, едно од подобрите објаснувања за риболов на форумов :D :D :D :NotWorthy:
Фали “пиво“ кај Неос Мармарас на ноќно :mrgreen:
Пред да „стегнам ентер“ сакав да го посочам истото, ама реков може и без тоа.
Очигледно, не можело... :lol: :lol: :lol:

_________________
Независен кандидат за модератор


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Destinacii na Halkidiki
ТемаИспратеноCOLONВто Jул 12, 2016 6:12 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Jул 05, 2013 5:01 pm
МислењаCOLON621
Од мое искуство, а мислам дека и многу други ќе се сложат дека спинингот не е баш добитна комбинација летно време. Лето и гужва некако не ми иде со спин, а посебно на море.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 8 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum