Која длабина за кој период од годината?
Да речеме ловиме во мај...рибата се движи помеѓу 2 и 5м...единствено таа длабочина ја имаме до максимум 20м од обала,после тие 20м веќе сме на 8м...Што правиме ?
Хранилиште на 20м од нас или идеме понатаму ?
Битна е длабочината секогаш,џабе е ако во средина април бараш далечина од 80-90-100м. ако тамо имаш 5+ длабочина.. Каде водата е ладна и плус нема ништо од природна храна која му треба на крапот после „зимскиот сон„.
Сепак не мора како по шаблон да бараш место само поради името на месецот,треба да се следат и временските прилики.. Ако пример крај на април,мај има големи врнежи и ако уште влегува ладна вода(снеговица или како беше) нема што да бараш пример на улив во плитко каде по правило тој период треба да е рибата.
Ако во март,почеток на април имаш стабилно време,што последните години е реткост,тогаш барај плитко место без разлика колку одалечено од обала, макс 2м. бидејки тамо набрзо се загрева водата,и целата природна храна се појавува на тие места,плус ако најдеш место каде ветерот ти дува во чело,ја размрдува водата топла-ладна итн е тогаш си добитен.