www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 12, 2024 11:55 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS128129130131132ELLIPSIS145»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 9:38 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
Ова ме мачи и прогонува уште од заедничкото живеење во С.Ф.Р.Ј.
Начинот на кој кој ги доживуваме големите настаи и збиднувања,од тотална ЕУФОРИЈА, за во неколку мига да се претвори во треснување од земја да не кажам дебакл.
Така беше и овој пат,почнувајки од ракометот,фудбалот,да деновиве завршиме со крапсково светско на ист начин. Од Рајот до Пеколот
Дали не е време да почнеме да размислуваме ваквите настани да ги пратиме со по ладни глави.Или тоа е невозможно поради нашите желби за успеси кој се малку ,или менталниот склоп,чип,ген како сакате, кој е во нас.
Дали треба сега или никогаш да го замениме со мaybe,можеби тогаш ке ни тргнат работите,ако ништо друго барем разочарувањети ке биде по мало.
Секоја им чест, на македонската екипа,дадоа се од себе и само тие што поминале низ вакво нешто приближно знаат како е во нивните умови и тела.
Поздрав до сите и нека ви е БИСТРО НА ВОДА

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 9:44 am 
Отсутен
Модератор

РегистриранCOLONВто Aвг 02, 2011 7:02 pm
МислењаCOLON3043
ЛокацијаCOLONСкопје
Затоа и во еден мој предходен пост кажав:

Секогаш тргнувам со рамнодушност и ентузијазам дека ке биде се фер и дека ке сработиме нај нај што може.. Никогаш не се поставувам дека некој ке го згазам на стаза.. затоа што животот ме научил дека и не е баш така..

Ладна глава и реални очекувања..

п.с. политика има многу голема и во крапскиов.. исто како евровизија итн итн.. така да.. ладен шприцер сум..

_________________
ЗСРРК Мак Дам
ico baits НапишиCOLON
Dodeka se fakate za glupi raboti okolu ribolovot, koj kolkav ribar e, koja e voda komercijala i jezovir, svatete deka kompletno toneme u ovoj sport


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 10:22 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONПон Jун 27, 2011 12:17 am
МислењаCOLON418
howitz НапишиCOLON
Ги читам последниве неколку страни на коментари и не можам а да не приметам апатичност и залажување дека успехот кој го постигнавме е „супер“, „одличен“ и најдобар до сега.

Како сте вие сите задоволни, кога се кладам дека ни самите момци кои ловеа не се уопште задоволни ?

Па боже, можевме повеќе, впрочем затоа и појдовме, за повеќе.

Навистина некогаш не ве разбирам.
Najprvo cestitki za zalaganjeto na site sto bea involvirani vo ovoj nastan sto se vika Svetsko prvenstvo.Znam deka ova sto ke go pisam moze da bidam I pogresno razbran,porazeni sme vo site sektori.sektorA levo Holandija desno Bosna podobri od nas,sektorB levo Hrvatska desno Srbija podobri od nas,sektorC levoUkraina desno Avstrija ednite podobri od nas e Sega treba da se analizira I da slusnam pak deka vo kkrapskiot ribolov ne trebalo sreka.Inace se ispolni moeto predviduvanje koe go spodeliv so nekoj forumgjii deka samo Pepi I Miki ke imaat dobar plasman bez razlika kade ke lovat
MISLAM deka me razbiras,potpolno si vo pravo


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 10:29 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
martinMK НапишиCOLON
Затоа и во еден мој предходен пост кажав:

Секогаш тргнувам со рамнодушност и ентузијазам дека ке биде се фер и дека ке сработиме нај нај што може.. Никогаш не се поставувам дека некој ке го згазам на стаза.. затоа што животот ме научил дека и не е баш така..

Ладна глава и реални очекувања..

п.с. политика има многу голема и во крапскиов.. исто како евровизија итн итн.. така да.. ладен шприцер сум..


Токму така не секогаш (да не кажам никогаш) зависи само од нас.

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 10:35 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
Токму затоа оставете ја апатијата позади вас да не губиме време во жалење по работите кој се позади нас и што би рекла една ромска(циганска) фраза која ја слушнав пред многу години и е сташно паметнаи добра цитирам: ПРОДУЖИНЕЛА У ИСТОМ ТЕМПУ.

_________________
И нај лукавите риби гладта ги носи на јадица.

[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 10:44 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Dobro de.
Ocekuvav podobar rezultat.
Podobro da kazam iscekuvav podobar rezultat.
A iscekuvav zatoa sto vo Sektor B se zapisavme prilicno rano I toa so komsii koj bea opasni so znaenje da te zatvorat ili soberat ribata.
Dva dena bevme okolu sredinata na tabelata a sektorot A veke pocna da raboti. I tuka celo vreme mislev deka Ico i Daniel ke najdat nacin da dobijat edna serija od dve -tri ribi.
Drugata strana, sector C, gledav deka bese tapa. No tamo go imavme Jane, a toj e uporen i znae da izvadi riba vo posleden moment.
I celo vreme ocekuvav da dobijam poraka od Jane deka imame riba i vo toj sektor.
A ekipite bea spremni, oprema imavme i softwear i hardwear, logistika imavme kako nikogas dosega.
So edno krapce od 1,5 kaj Jane ke bevme 7 ekipno. So 5 kg. vo Sektor C ke bevme prvi vo sector a bogami nesmeam da kazam, do samiot piedestal.
Ete toa ni bese sansata koja ja gledavme vo ova ezero.
Za zal ovojpat ne ja iskoristivme.
No ke ima i drugi svetski ke ima i drugi sansi.

Arno ama vidov mnogu pozitivni raboti.
Vidov angazman, vidov organizacija i logistika, zelba i splotenost, poddrska kakva sto ne sum videl dosega na nitu edno ribolovno natprevaruvanje.
Epa seto ova mi ova za pravo da pomislam deka krapskiot ribolov kaj nas odi vo pozitiven pravec a rezutatite mozebi nema da pristignat brzo no nema da izostanat.

_________________
[ img ]


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 11:00 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Ice MAMBA НапишиCOLON
howitz НапишиCOLON
Ги читам последниве неколку страни на коментари и не можам а да не приметам апатичност и залажување дека успехот кој го постигнавме е „супер“, „одличен“ и најдобар до сега.

Како сте вие сите задоволни, кога се кладам дека ни самите момци кои ловеа не се уопште задоволни ?

Па боже, можевме повеќе, впрочем затоа и појдовме, за повеќе.

Навистина некогаш не ве разбирам.
Najprvo cestitki za zalaganjeto na site sto bea involvirani vo ovoj nastan sto se vika Svetsko prvenstvo.Znam deka ova sto ke go pisam moze da bidam I pogresno razbran,porazeni sme vo site sektori.sektorA levo Holandija desno Bosna podobri od nas,sektorB levo Hrvatska desno Srbija podobri od nas,sektorC levoUkraina desno Avstrija ednite podobri od nas e Sega treba da se analizira I da slusnam pak deka vo kkrapskiot ribolov ne trebalo sreka.Inace se ispolni moeto predviduvanje koe go spodeliv so nekoj forumgjii deka samo Pepi I Miki ke imaat dobar plasman bez razlika kade ke lovat
MISLAM deka me razbiras,potpolno si vo pravo
Те разбирам комплетно Ице, тоа е, такви се работите и мораме да бидеме реални кон себе.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 11:06 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 24, 2012 11:03 am
МислењаCOLON2236
ЛокацијаCOLONСкопје
Има ли некоја слика од затворање


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 11:35 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maј 04, 2012 8:51 pm
МислењаCOLON3008
Мислам дека оваа тема треба да остане отворена или пак да отвориме нова за една конструктивна анализа на нашето учество на оваа СП. Особено од страна на директните учесници.
Не се нервирајте. Нема простор за разочарувања и депресии.
Постои конструктивна, продуктивна критика, да си ги согледаме реално постапките и активностите, добрите и лошите одлуки и акции, со цел да се изгради уште едно искуство кое само може да помогне за понатамошните настапи.
На крајот огледало е вкупното учество, не само резултатот впишан во табелата.
На табелата пред нашата репрезентација стои бројот 12. Читам надолу и ги наоѓам : Словенија, Босна, Литванија, Австрија, Шпанија, Холандија, Русија и замислете ЈАР. Сите тие (освен Босна) се поголеми, побогати земји од Македонија. Имаат повеќе популации (па и крапаџиски), имаат пари (последна информација е дека биџетот за оваа СП на ЈАР бил "скромни" 80.000 Фунти). Не дека парите се одлучувачки, ама многу влијаат.
1. Принципот на кој се избира (составува) репрезентацијата е како и кај повеќето. И е принципиелен. Тој е мотив за масовна лига. Барем во делот за натпреварувачите. Изборот на Предраг за капитен е за мене прав избор. Има се што е потребно за да ја изврши таа работа. И ја заврши. Исто и Васил, веќе е навлезен во сите овие лудории и кога ја води МРФ, може и те како и репрезентацијата.
2. На секое СП се заминува со голема желба за успех. При тоа се нема страв од другите, полни сме со саодоверба и не се потценуваме самите себе, не се плашиме од никого. Тоа што некои ги потенцираат квалитетите на други репрезентации и поединци не значи немање самодоверба, самопотценување. Квалитетите и искуствата се реалност. Од нив многу се учи. Игнорирањето на сето ова често скапо се плаќа. Тоа и се докажа токму на ова СП. Кога би играле тенис натпревар со Надал или Џоковиќ, што би рекле или помислиле, дека играте со послаб од себе, еднаков или подобар? Не се Бојан или Хрватите од Б1 Надал или Џоковиќ, ама се квалитетни и од нив се учи, особено на стаза.
3. Сепак, структурата на нашиот спорт е таква да повеќе од 50% врз успехот влијаат надворешни фактори. Не одлучуваат натпреварувачите за позицијата која ќе им падне, за теренот на кој ќе ловат, за количината и квалитетот на рибите кои тука се движат, не одлучуваат за временските прилики и на крај од три екипи која каде ќе падне. Голем фактор е к'сметот, среќата. Одлучуваат за тактиките, техниките, риболовните активностите на таа позиција и за тоа се одговорни. Заклучок е дека вкупниот пласман е резултат на нешто повеќе од ловењето на еден такмичар. ЈАР-овци не се слаби крапџии, докажани се и имаат се што е потребно. Но овде во Португал, беа последни.
4. Затоа она 12-то место на табелата е збир на многу надворешни влијанија и постаките и активностите на актерите во боксовите. Веројатно нешто е и згрешено и во делот на тактики. Многу корисно е тоа да се увиди.
5. Оној базичен дел на организација на одењето и учеството на ова СП не е предмет на критика. Честитки за огромниот напредок во овој дел. Атмосферата на највисоко ниво, сплотеност, обезбедено се што е потребно за настап. Респект кон Васко пред се и оние околу него.
6. Пепи, Мики, Јане, Оливер, Ицо и Даниел се актерите на првата линија на фронтот. Во поглед на тоа дали се квалитетни, дали заслужиле да одат, дали се залагаа и дали достојно не претставија НЕМА НИКАКВА ДИЛЕМА. Сите им благодариме за пожртвуваноста, самопрегорот, напорот. Не беше се до нив. И други работи одлучуваа. Најконструктивно и најреално е сами да си напреват реална анализа и создадат уште едно искуство и да го споделат со другите потенцијални учесници на вакви натпревари.
7. Ова СП во многу работи не ја заслужи оцеката успешна организација. Сите кои следеа знаат за што пишувам. Само како круна е најавениот скандал од англиската логистика од еден медиум, дека имаат видео материјал за нерегуларно мерење на риба кога се домаќините во прашање. Но и тоа ќе го забошотат.
8. Да имаме во предвид дека оваа 2013 година само ја отворивме вратата на нов помасовен крапски риболов во Македонија, после долга стагнација. Настапува период на успешно организирање на лига натпревари и меѓународни првенства. Тоа е можност за нови докажувања и успесите имаат многу повеќе шанса да почукаат на нашата врата. Важно е да останеме сплотени кон единствената заедничка цел-убав крапски натпреварувачки живот дома и надвор од Македонија.
Не го пишувам ова за да докажам дека многу знам и дека сум подобар од некој друг. Јас мили мои пријатели, полека но сигурно заминувам од оваа сцена. Она што ми остана сакам да го поминам што поубаво, повесело, подостојанствено. Ни требаше еден успех да го разбудиме заспаното и да привлечеме нови, млади луѓе. Но и вака сме на добар пат. Убеден сум.

_________________
CARPE DIEM


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONНед Сеп 29, 2013 11:37 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Моја лична гледна точка е следнава....

Во Португал беа луѓето со НАЈГОЛЕМО ИСКУСТВО во моментов. Кој друг да појдеше, ќе беше сосема поразлично.
Не поразлично во смисла дека не заслужиле, кој и да пецаше таму претходно ке си беше заслужил...но, сепак
таму беа луѓе кој во моментов се најактуелни во крапскиот, најактивни, со долги години активност во ова и пред
ова можеме да замолкнеме. ТИЕ СЕ НАЈДОБРИТЕ ВО МОМЕНТОВ!!

Врз основа на тоа, сите треба да извлечеме поука дека според резултатот треба да се гледа во иднината.
Овој пат ловеа тие што се КРЕМ во овој спорт во државава.
Значи, за мене резултатот е објективен. И тука нема што да се разочаруваме.

Ова е сигнал дека не е ни се до парите, ни до организацијата, ни до желбата, па ни до среќата.

Се е ова одраз на тоа до каде сме, тоа е слика на моменталната ситуација внатре кај нас.
Нестабилни води, малку комерцијали, финансиски средства за тековни кампањи, федерација, систем.

Да се разбереме една работа. ВО ОВИЕ ЛУЃЕ НИКОЈ НЕ ВЛОЖИЛ!!!
Самите тие со свои индивидулани квалитети, ангажман, финансии дојдоа до 12 место во светот.
Па и не е така лошо, нели?

Еве пример...

За да јас тренирам 2год. и да се спремам за светско да речеме во Босна, ми требат мин 10.000евра.
Каде јас да ловам со ефтини машинки, со ефтини конци, со ефтини спод трски од 30е, со половни трски
кои не ми покриваат секаква ситиација, со пари за пат до Пелагчево, јадење, пиење, спиење, мамци,
јадици, мантракуки, спомбови, ракети , пва мрежи...

Каде со овој памет??

Мојата инвестиција е за моја лична сатисфакција, не гледам пропорции овде.

Јас нема никогаш да бидам светски шампион додека штедам на конци, машинки, трски и МИЉОН МАНТРАКУКИ.

Се во ПАРИТЕ, СЕ Е ВО ИНВЕСТИРАЊЕ, СЕ Е ВО РАБОТА, СЕ Е ВО ПУСТАТА ПРОФЕСИНАЛНОСТ!!

И еден факт, па кој како сака нека сфаќа.

Јас па и било кој друг овде, НЕМА НИКОГАШ ДА БИДЕ СВЕТСКИ ШАМПИОН.

Моето хоби, мојата пасија и мојата желба се само 10% од тоа што треба да поседувам за да бидам СВЕТСКО ШАМПИОН.

ЗНам дека тоа никогаш нема да се случи, не заради тоа што сум песимист...туку затоа што ТОЕ Е ТАКА!

Ицо, Јане, Пепи, Мики и другите...сите го поседуваат тој процент, но се тоа е недоволно.
Сите се одлични крапари, но никој не инвестирал во нив...овој резултат е производ од нивнита пасија и желба!!

Секако дека можат и повеќе, но за тоа треба се она што го напишав погоре.

Додека на некој овој спорт не му стане ПРОФЕСИЈА, се е залудно.
За да тоа биде така, треба да се помрднат планини!!

Португал ЈАС ЛИЧНО го гледам како заокружување на една приказна од минатото, не нов почеток.
За нов почеток треба нови и млади крапари...треба се како што е наведов погоре!

Ова беше најдоброто што го имавме во изминативе 10 год. Дадоа се од себе и покрај сите тешки времиња.
Воопшто не гледам вина, СЕКОЈ ИМ ЧЕСТ!!!

Се додека работите течат како до сега и мислиме дека сме имале масовна лига, мала котизација, сме нашле спонзори, се мислиме од каде пари да најдеме итн...се лажеме.

Сите скромни успеси се благодарение на индивидуланите квалитети кој ги имале крапарите во минатото, така беше и сега.

Затоа после лигата каде ми се разјасниа некое работи, каде ме удри реалноста дојдов до заклучок...

ОЧЕКУВАЈ ГО НАЈДОБРОТО, НАДЕВАЈ СЕ НА НАЈЛОШОТО!! Друг избор немаме!!

Догодина искрено сакам лига со млади крапари, со нови дечки од 20-тина год. со чиста позадина, без суети и сомнежи, без искуство, без влијание, беа љубомора и лицемерие со јасна цел, пасија и мотив.

Да одат во Корбу, па и да бидат последни....е ОГРОМНА инвестиција, верувајте ПОГОЛЕМА од било која!!

Нов лист, нови планови и во позадина луѓе со визија. Мислам дека овде ја заокруживме приказната.

Овој систем не донесе до скромни резултати, треба промена! Ако е возможна, резултатите се незибежни.
Во спортивно, средината и оној скромен исход и просек се УСПЕХ за кој не треба да се разочаруваме.

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS128129130131132ELLIPSIS145»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 17 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum