Новозеландски стил на мушичкарење е малку поинаков тип и комбинација од повеке други.
Се работи за лов најчесто на две мушички од кои едната сува а едната нимфа. Првата е сува и поголема мушичка од типот на цикада, скакулец, вилинско коњче... која освен што служи како мамец, намената и е да го замени индикаторот кој се користи кај нимфарењето. Може и да се користи и индикатор но се избегнува за полесно, подалечно и попрецизно зафрлување. Овој метод може и да се сретне под името Tongariro Nymph Rig, именуван по местото од каде што потенува реката Тонгарио.
Должината на лидерот и типетот до првата сува мушичка е околу три метри, а нимфата се наоѓа на околу 30-40 сантиметри подолу.
Слична на оваа техника е Hopper, copper, dropper rig. За разлика од претходната се користи една нимфа повеќе. Вака е и покомплицирана за зафрлување.
Оваа техника бара вежбање и искуство во зафрлувањето. Луѓето од Нов Зеланд имаат измислено зафрлување за овој тип на мушичкарење кој се вика Tongariro Haul or Tongariro Roll Cast (TRC). Финалната фаза од зафрлувањето е многу слична на скандинавското зафрлување "под рака" - underhand casting, кадешто лидерот се лепи на водата блиску до риболовецот, и се исфрлува нанапред со одсечно зафрлување. Движењата кои водат до ваквото одсечно зафрлување е чудна комбинација на Spey cast и собирање на шнурот на некој начин измислен во Австралија.
Ваквиот тип на мушичкарење бара многу од риболовецот во смисол на поминато време во вежбање на самото зафрлување и нормално прилгаодување во зависност од опремата која што ја има. На овој начин ја бараме рибата и на површината, а во зависност од тежината на нимфата и средните и долните слоеви на водата.
Останува на нас да пробаме.
zbesnale tie od NZ imaat premnogu ribi i sega kompliciraat so nekoi nivni stilovi i nivni zafrluvanja,neka dojdat so ovoj niven nacin na nymphing na balkanov pa da im go vidam resultatot,ova so droperot na kraj nema logika nikakva.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 18 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум