Амур

Амур

Амур или индиски крап е слатководна риба која припаѓа на семејството Ципраниди. Според изгледот амурот е доста сличен на кленот и најчесто помладите амури ги мешаат со клен. Амурот има правилно градено издолжено и цилиндрично тело покриено со големи крлушки. Бојата на телото му е сребреникаво бронзена, по грбот му е потемна, а како оди кон страните и стомакот све посветла. Перките му се со сивкаста боја. Местото на амурот е посно и вкусно.

Живеалиште, навики и начин на исхрана

Амурот, или индискиот крап влече потекло од реката Амур во северна Азија од каде што и е донесен во Европа и Америка. Рибата од далечниот исток, како и што се нарекува амурот е донесена на балканот околу 1970 година, со цел да го контролира растењето на водните растенија.....

Поради начинот на негово хранење амурот најчесто се користи како чистач на стоечките води. Во Кина амурот се искористува преку 2000 години, но во Европа не успеал да ја достигне таа слава како во краевите од каде што влече корени. Кај нас амурот најчесто е жител на стоечките води, езерата, каналите, а поретко и на реките.

Амурот може да се каже дека е вегетаријанец затоа што најмногу од све се храни со алги, водни растенија, жабокречина и други видови на водни билки, па дури и лисја од дрвата. Од кога ќе нарасне 4-5 сантиметри амурот почнува да “пасе“. Брзо расте но и многу се храни. Во недостаток на водни растенија и билки, амурот почнува да се храни и со листови од врба, или друго листопадно дрво чии гранки се надвиснуваат над водата. Амурот се храни и со инсекти кои летаат блиску до површината на водата, а доста рибари го ловат и на млада пченка. Зимно време неговата активност доста опаѓа и тој се повлекува во подлабоките води.

Размножување

Амурот најчесто се размножува од Април до крајот на летото кога температурата на водата ќе се подигне над 20 степени. Јајцата кои ќе ги снесе женката плутаат по водата, доколку се работи за река тогаш малите амурцинја можат да се изведат дури 10 километри подалеку од местото од каде што биле снесени. Пловењето на јајцата ги прави плен на голем број други риби, поради што размножувањето на амурот е отежнато. При полагањето женката во зависност од нејзината големина полага од 30.000 до 800.000 јајца од кои многу набрзо излегуваат младите. Младите амурчиња се движат во плитките води и најпрво се хранат со планктони, инсекти и водени растенија, а подоцна кога ќе нарастат преку 4 см започнуваат да “пасат“ и да се хранат најчесто со алги.

Во земјите од каде потекнува, амурот може да достигне должина и до 1,7 метри и тежина и до 36 кг, но кај нас амурот може да достигне должина приближно до еден метар и 25 килограми тежина.

Прегледано 9031 пати

Галерија

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija