Конзервација на гумени чамци

Конзервација на гумени чамци

Еве ќе се обидам да ви помогнам околу конзервација за презимување на гумен чамец. Во случајов ќе зборувам од лично искуство со маестрал од постара генерација.
Маестралот е гумен производ во кој RIZ-SPORTNAUTIK користи исклучиво hypalon/неопрен платно кое нуди трајност, со која новите чамци од ПВЦ и слични материјали не можат да се пофалат.
HYPALONOT го оправдува очекуваното од гумените чамци: нуди долг век бидејќи е отпорен на УВ зраци, има отпорност на благи киселини, органски ѓубрива, екстремни разлики на температури и лесно се одржува и поправа со материјали кои се лесно достапни на пазарот. За да имаме долг век, потребна е малку грижа околу одржувањето.
Преку активната сезона обавезно чамецот треба да се премачкува со средства за одржување. Јас тоа го чинам со вазелин, кој лесно се размачкува доколку температурата е нешто повисока. Некои користат и медицински глицерин кој е лесно достапен на пазарот и чини 400 денари за 1 кг во Галафарм. Но мое мислење е дека освен сјај во првите неколку часа, глицеринот не ги затвора порите. Од друга страна, немам искуство со силиконските премази на кои е наведено дека се користат како средства за одржување.

1

Вака изгледа мојот чамец кој претходно е оставен во чиста и сува состојба.
Го чистам и од вазелинот кој претходно е нанесуван во текот на летото.

2

Тубите ги полнам на следниот начин

3

Ставам талк во пумпата и на полупразна комора допумпувам. Потоа талкирам по тубите и подот од горе и долу. Истото го правам и на кобилицата.

4

5

6

7

Следно е премачкување на задната даска и подот, со заштитни средства за дрво.
Чамецот се издиѓува на 70% и повторно се става заштитна церада (ако имате).
На крај се става по некое колаче (отров) за глувци за секој случај.
И следнува најтешкиот дел, да презимиме до следната сезона :)

А вака изгледа мојот чамец преку сезона.

8

Бистро :)

Прегледано 8277 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija