www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 17, 2024 6:53 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 9:32 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
После ланската репортажа на Сашо од Шум, ми остана во памет да отидам таму во прва прилика и да си направам мерак како што не може да се направи на нашите сиромашни води. За празникот бев во Охрид, па ја искористив приликата покрај риболовот на Дрим, да посветам едно попладне на Шум.
Се договорив со Димче Мајковски, кој ми беше “водач“, да ме однесе на Шум, со тоа што јас ќе ловам, а тој ќе фотографира. Му понудив да фрла со втората мушичарка, но не сакаше, мерак му било да слика :D
Отидовме на Шум околу 3 попладне и останавме од кај 7. Езерцето е интересно, полно е риба (пастрмка) и тук там ќе помине некое крапче, наводно сопственикот на кафаната ги пуштил.
Езерцето е доста затревено, на 3-4 м од обалата има појаси со трева од 4-5 метри, па после тоа е пак чисто. Идеално езерце за риболов од чамец или т.н. дубак (float tube). На средбата со концесионерот му ја дадов таа забелешка, дека е идеално за мушичарење од дубак.
Теренот полека се средува, се прави простор за некое ресторанче до самото езерце, во каналите долу веќе има голема количина на пастрмка за комерцијална намена (продажба, ресторан итн.)
За тие четири часа риболов два пати го обиколивме езерцето и се изналовив пастрмка. Претежно излегуваа парчиња од 200-400 грама, но имаше и неколку поголеми кои се однесуваа како диви пастрмки во природа, не во комерцијално езерце. Тегнеа како луди, скокаа, беше право уживање да се вадат.

Вака почнав...

[ img ]

Прво почнав да ловам на сува мушица, но иако мушицата паѓаше нежно над пастрмките кои се гледаа блиску до тревите, воопшто не реагираа. Пробав и со поголеми мушици, со посилно удирање по површината, но без резултат.

Потоа ја забележав следната чудна ситуација, еден куп мушички над пастрмките, а овие воопшто не ги јадат...

[ img ]

Друго што приметив е дека има премногу гамаруси во езерцето. Очигледно е дека гамарусите се главна храна за пастрмките. Ставив мал отежнат стример и почнав полека да го влечам, имитирајќи рипче или гамарус (гамрусите беа стварно големи, едно 3 пати поголеми од оние што ги има на Треска на пример).

Пробав прво со бел стример, пастрмките го пратеа, ама не удираа. На сликава се гледа стримерот и сенка од пастрмката како го прати

[ img ]

Сменив стример и ставив црн. Веднаш добив удар и до крај на денот ловев на црни отежнати стример :fishing:

[ img ]

Почнаа да излегуваат пастрмки, охридски, македонски, поточари со преубав колорит...

[ img ]

Генерално беа мали, 200-300 грамски

[ img ]

Почнаа да се редат...

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Вака изгледаа ударите, некои беа на самото паѓање на стримерот, а некои долу над дното при влечење

[ img ]

Имаше и “македонки“, не само “охриѓанки“ ;)

[ img ]

[ img ]

Па пак охриѓанки и така натаму се мешаа, се бореа која прва да се слика :D

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Беа и доста борбени, скокаа, се превртуваа

[ img ]

А некои го гледале филмот “Ајкула“, па не плашеа :mrgreen:

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

И конечно добив посериозен удар, на другата страна од езерото :yahoo:

[ img ]

Излезе една многу шарена убавица

[ img ]

Ми пружи убава борба за разлика од претходните

[ img ]

[ img ]

Таа беше најдолгата дента, штета што беше доста слаба

[ img ]

[ img ]

Задолжителна фотка

[ img ]

И правец дома

[ img ]

Од таа страна некако пошарени беа пастрмките :D

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

И секако, уште борба, скокови, уживање

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Кај “браната“ имаше највеќе риба, таму беа и најголемите примероци (можда има поголеми во средина на езерото), излегоа уште неколку поубави и поборбени парчиња и на стемнување си отидовме.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

На стемнување тук-там се забележуваа кругови од пастрмки кои јадеа ситни инсекти од површина, пробав пак да ги излажам на мали суви кои многу личеа на тие што летаа, но безуспешно.

Инаку за тие што не се информирани, дневна дозвола на езерото е 500 денари, годишна е 3000 денари. Се лови по принципот фати-пушти, ако некој сака да јаде риба, има во каналот за купување колку сака. Мушичарите се секогаш добредојдени бидејќи најмалку ги оштетуваат рибите, а конесионерот не дозволува риболов со вештачки мамци кои имаат трокуки. Дури и братот на концесионерот кој ловеше дента на езерцето фаќаше со блинкер со трокука на која и беа отсечени 2 краци и беше практично еднокука :D
Синиша отиде во саботата да риболови, може да дополни како поминал на спин ;)

За крај да му се заблагодарам на Димче за риболовот, човекот ме однесе да си направам мерак и цел ден посвети на фотографирање :lepi:

Бистро :fishing:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 9:38 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
E ova se ..MERACI..pravenje na dusata.
Za reportazava i za ribolovot moze samo da ti se :NotWorthy: :NotWorthy: :NotWorthy:

Prekrasni fotki :lepi: ..TOP.. :~~

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 10:02 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Конечно ..... секој ден ја чекав репортажава :D
Многу ми е мака што не можев да бидам таму и јас, а Филип ми носеше и мушичара за да го осетам задоволството од мушичарењето и јас.
Одлични фотки Филип, браво и за актерот и за фотографот :~~

Летово сигурно ќе одиме на оваа вода заедно, па ќе мораш да ми покажиш некои основни техники од мушичарењето, што знаеш можеби и ќе ми влезе чивијата за мушичарење :D

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 10:10 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
:thumbs_up:

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 10:16 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Vtor pat ja gledam utrovo... koloritet za pagjanje u nesvest.... ludorija od pastrmki.... i merak sto e i najvazno !

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 10:40 am 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Супер фотки сте направиле :ok_ok:
Треба да набавам еднокраки за воблерчинјава, па да ги пробаме летово
на Шум. :)

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 11:04 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 30, 2011 10:40 pm
МислењаCOLON1139
ЛокацијаCOLONSkopje
oki dobi seriozna konkurencija za :tafta:

_________________
se sto mozes da kupis so pari ne e skapo !!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 11:14 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Aвг 16, 2012 10:10 am
МислењаCOLON923
Odlichna reportazha,kejfovi si napravil.Ima edna ista takva sostojba i vo s.DOBREVO,kje gi utepash pastrmkite. :saso:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 12:48 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Сликите се прекрасни. Браво за мајсторот.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Мераци на Шум
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 07, 2014 12:54 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Navistina ubavo fotki Filip si napravil kejf si napravil so pastrmkite :)


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 22 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum