По еден брзопотезен договор со стари пријатели од Берово ми требаа неколку мигови да се решам да тргнам.Целта ни беа дивите Беровските крапови.Правење на бојли и други магии за бате Шарко и во четврток попладне веќе бевме на езерото.
Ги наместивме маркерите,почнавме со прихрана и секако -тешката артилерија на готовс..Додека ги чекавме првите риби и ние започнавме да се прихрануваме со бојли од домашни колбаси и ајдучки кебапи.
Бојлите ни беа на база на месо(месна арома),коешто се покажа фатално.Наместо крапови,се собраа кленови,коишто не им дозволуваа на краповите да се приближат,а не пак да апнат.За две деноноќија немавме ниту един удар на крап,но за сметка на тоа го фатив мојот рекорден примерок на клен.
Вагата покажа точно 2 килограми и триста грама.Преку ноќ напаѓаа секакви кленови од 300 до 500-600 грама ,сигнализаторите свире,а ние скокавме од шаторот како луди.
Малите си пливаат обратно во езерото а за мезе го земав ова-----
http://media.snimka.bg/0435/007125126.jpg
Се на се,прекрасен излет во уште по прекрасна природа,со сенки преку цел ден, под коишто сигурно ќе залегнеме повторно во најбрзо време.