www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Дек 22, 2024 6:31 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS71»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Река ЦРН ДРИМ
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 26, 2011 8:07 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Црн Дрим истекува од Охридското езеро, и ја напушта Македонија во близина на градот Дебар. На македонска територија Црн Дрим е 56 километри долг. Но реката има вообичаен тек само нешто помалку од една половина од таа должина и тоа од Струга па се до селото Ташмаруништа. Напуштајќи го селото реката влегува во клисура и веднаш по неа формира езеро благодарение на брана висока 82 метри лоцирана 10 км на север на другата страна на езерото. Браната ја формира акумулацијата Глобочица создадена од водите на Црн Дрим. После тоа од браната истекува како мало рекиче, популарно наречено Мало Дримче, кое за време на повисок водостој се полни со плашица и бојник. После тоа следува Дебарско езеро, од каде што Дрим истекува и продолжува во Албанија...

Да не се заборави делот од излезот кај Струга па до мостот кај Ташмаруништа... Дел богат со риба, многу бојник, клен и поточна црна мрена, понекоја избегана пастрмка, плашица и грунци во секое време :)
На времето колку што читав по риболовните основи, имало и главатица (пандан на младицата во големина), но одамна е истребена.
Има одлични места за ловење, кај Враништа, кај Ложани, кај Добовјане. Штета што поминува покрај повеќе села, па мештаните си ја сметаат за своја и сачмите и мрежите играат секојдневно, но за чудо, рибата успева да опстане. Повеќе бојник немам видено во ниедна река во МК.
Бојникот најчесто го ловам на обичен бел леб или сечен дебел црн црв, ископан од бавча. Дури мислам дека повеќе ми удира на сечениот црв отколку на леб. Се лови и на трева, во зависност од сезоната. Во моментов, иако тревата таму не е доволно порасната, 30% од последните бојници беа зелени внатре :) Убаво се лови во помирните делови, а во лето преку ден влегува и во поплитките брзаци, па може да му завлезете и да го чекате на полу-пец.
Кленот е сваштојад, ама јас највеќе сум го ловел на црн црв. Инаку, во Вевчанското рекиче што се улива кај Добојване
може да се најдат добри чаури за клен. Во близина на мостот кај Ташмаруништа, добро јаде и на пченка-шеќерац.
Се вадат исто така добри парчиња на црна мрена (кркушка по скопски), најубаво рано сабајле додека излезе сонцето, после тоа многу поретки се ударите. Мренката најубаво ми удирала на бел црв, црн црв и пченица.
Ако ништо друго не јаде дента, плашицата нема да ве изневери, ама треба убаааво да ја исчистите, пошо стално е зелена внатре и знае да мириса на трева. Грунците и моранците не се значајни во муабетов.
Пастрмка знам дека има, ама немам никогаш фатено таму, од време на време некоја ќе се закачи, ама никој не ја лови целно.
Јас ловам на малку побрза вода, така да секогаш користам тапи од 3-5 грама, удици 10 или 8, а конец 0.12 - 0.14.
На воблери и блинкери сум пробувал многу пати, но ниту еднаш не сум фатил риба на Дрим. Подолу на Глобочица се лови добро на воблери, спинери и кашики.
За мушичарење нема добри услови, обалата е релативно обрасната, освен кај селата каде што е почисто, но и има помалку риба, а водата е длабока, од 0.5 до 3 метри отприлика, така да е тешко изводливо мушичарењето, освен некој да ве вози со чамец по средина, а вие да фрлате по страните. Со васер кугла имам фрлано, удирале само плашици по рабовите.
За сабајле најубаво е да фрлате на дубинка со олово на тркалање, и во средина и по краевите удираат добри црни мрени, но во побрзите делови на реката.

И да не ги заборавам изворите на Дрим, кои не се значајни во муабетов, но мора да се спомнат, каде што во лето има големи јата на кленови, но за среќа, риболовот не е дозволен, па освен по некој “шверцер“ што фрла од страна со оловце за клен, рибата е заштитена :)
emil.matoski НапишиCOLON
„река Црн Дрим 1“ е доста посетен и интересен ревир за рекреативните риболовци од целата територија на РМ. Целта е што е можно повеќе да ги информираме риболовците за случувањата на овој риболовен ревир и за активностите на концесионерот ЗРСК Пастрмка - Струга.

Податоци за риболовен ревир „река Црн Дрим 1“ :arrow: viewtopic.php?f=99&t=2237&p=65327#p65327

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Последна промена од 1 на Филип, променето е 0 пати

Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 18, 2011 7:46 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Vikendov bev na Dobovjani.Tamu luge ne se gleda dnoto od riba-bojnik(skobus) klen isto a pomina i jato od nekolku krapovi 7-8 kg bash ispod mostot.Kaj farmata bojnikot se preleva ama nejade.skoro site bea so prazni rakavi bar tie shto gi vidov.

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 18, 2011 7:49 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
A zabranata tamu vazi ili???

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Jул 18, 2011 8:38 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Deka e na zakon e i tamu,ama spored videnoto na lice mesto izgleda nikoj neznae :lol: :lol: :lol:

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 20, 2011 7:32 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Тоа ми е наредно за посета, утре или задутре. Ако не сака Добовјане, можда ќе се заебе некој клен на Глобочица :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Jул 22, 2011 12:55 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jун 26, 2011 9:24 pm
МислењаCOLON674
ЛокацијаCOLONLabunishta Struga
kompir99 НапишиCOLON
A zabranata tamu vazi ili???
Vazi sekoj si ribolovi na svoja odgovornost

_________________
[ img ]
www.facebook.com/crndrim


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПон Aвг 08, 2011 10:59 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Jун 26, 2011 9:24 pm
МислењаCOLON674
ЛокацијаCOLONLabunishta Struga
Raboti Krupen klen na sliva kaj Dobovjani nad mostot i kaj farmite se vadat primeroka i do 2 Kg :) Raboti sabajle i posle rucek Bistro na site !!!

_________________
[ img ]
www.facebook.com/crndrim


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONПет Сеп 09, 2011 2:40 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONСре Сеп 07, 2011 2:05 pm
МислењаCOLON20
ЛокацијаCOLONСкопје
Браво бе колеги!!
Се изначитав секакви прилози, прашања, одговори, и сакам да кажам дека им се восхитувам на некои од нив, поготово на тие што опишуваат и кажуваат каде и како фатиле риба, без да го кријат местото.Божем, македонијава е толку голема, па овие другиве што не кажуваат и љубоморно ги чуваат местата, нема да можеме без нивната сторија да најдеме место и убаво да си поминеме.Како и да е, бев пред десетина дена во Добовјани и не изловив ништо, поради како што ми кажаа поредовните колеги, водата била малку поголема а еве веќе утре ќе бидам на истото место па ќе ве информирам како сум поминал.До тогаш останете ми со здравје и БИСТРО


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 22, 2011 3:13 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Maр 25, 2011 2:13 pm
МислењаCOLON330
ЛокацијаCOLONBitola
Dobovjani kako bese situacijata dali go imase bojnikot kaj farmite imase li nekoj sto vadi nesto


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСаб Oкт 22, 2011 3:50 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 12:47 am
МислењаCOLON1119
ЛокацијаCOLONАеродром
Вчера не видов никого, ние бевме над и под мостот,кај фармите беше мала водата и не видов никого, друго неможам да ти кажам, мештаните рекоа дека било многу слабо и таму, еден дечко вчера рече дека бил сабајлето таму и дека водата била многу мала и брза и бркаше бојник пред мостот на ташма ама ништо немаше извадено, а јас кога дојдов околу 2 саат попладне водата беше пуштена и заматена и носеше доста гранки и листови, кога се вративме на ливадите за пола саат се повлече 20 сантима многу е нестабилна водата. Не оди ако немораш ;)

_________________
Podobro da si malku lud, otkolku da si malku pameten
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12345ELLIPSIS71»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum