Одамна се договаравме со acemaksim да одиме некаде по риба и конечно дојде и тој ден
Се одлучивме за речен риболов, се стегнавме и со прихрана јако и во раните утрински часови(скопската екипа малку каснеше оти ја молеле жената на едниот да го пушти по риба
)се најдовме на граница.Од Струмица бев решен да тргнам сам но во последен момент дојде за друштво еден мој другар.
Пристигање на реката....а таму митинг од Скопјани.Откако ги фатија сите риби по Пчиња,Црна ,Треска
решија и по Грција да направат пустош
мала шала да не се налутите ејјј
Имаше сигурно 20-30 коли и џипови со СК табли.
Се беа расчуле гласини дека попадиката и бојникот лудуваат јако и ајде сите таму....но...вчера не беше така.
Сменивме неколку места кобајаги рибата да не е групирана некаде...но џабе.
Mестата неприступачни,зашумени ,трње и капини насекаде.
Рибите и покрај обилната прихрана беа многу ретки.Сепак ако веќе удреше беше квалитетно.Бојници од 300-400 грама се до кило.
Имаше и колбаси на стапче
и жолта убава домашна
Си поседeвме,се насмеавме убаво.Екипата на Аце се покажа како вистинска екипа за дружба и риби.Секоја чест за Аце,Боби,Столе(Perun),Компир и Денко.
Сигурно дека ќе има и нови дружби во иднина
Очекуваме од момците да прикачат уште некоја слика,затоа што кога ние си тргнавме тие беа во сред серија од убави риби.Штука на пајче,неколку убави бојници и дури и еден клен килаш
Прошетавме низ десетина екипи од Скопје,но сите се жалеа на слаб ден,освен што чувме дека некои мајстори на километар под нас,убаво го нагазиле бојникот.
Поздрав за сега.