Условите за дожд, слабата магла , благото ветре и 4те степени,не ми дозволија да останам дома. Единствен проблем што бев сам дома со малите. Поголемиот син остана дома а помалиот кој штотуку наполни 5 морав да го земам што автоматски значи и не повеке од 2 саати риболов. Додека траат смоките,бомбоните и сокчињата мирен е, кога ке завршат ,пакување и дома.
Кога пристигнавме, не можев да верувам на тоа што го видов. Некој суви мали листови што ветерот ги носеше од тревата во водата беа напаѓани од пастрмките
Март месец, 4 степени а они напаѓаат на површина. Воопшто не бев спремен за ваква ситуација. Немав ни една сува мушица со мене, некој да ми го кажуваше ова ке го напраев луд. Памет за друг пат.
Еве еден детаљ колку да ја доловите атмосферата на реката.
Прво зафрлање и одма удар, конецот кој се влечеше по земја набрзина го собрав и му ја датов трската на малиот Лука за он да ја извади рибата со надеж дека ке му стане интересно и ке сака да поседи подолго. Меѓутоа малиот почна да врти во обратен правец и наеднаш рибата успеа да се откачи. Малку го одморив местото и продолжив. Набргу усте еден удар. Овој пат успешно вадење. За оваа река релативно мала риба, околу 50см и не повеке од кило морска пастрмка.
Уредно вратена после сликање како и сите други.
И така уште неколку удари и извадени пастрмки од исти калибар. Зачудувачки мали за оваа река на која просекот е 3кг.
Едвај поминаа час и половина и Лука одлучно изјави дека е време за дома
. И толку беше,морав дома.
Пропуштив одлична квечерина која ветуваше многу,но морам да бидам благодарен и за ова крато попладневно мушичарење.