По веќе долги години поминување на вода,шетање по многу езера...пак се враќаме на она нашето...џабе не велат старите дека каменот си тежи на местото...така и јас...одам кај што одам,ама најубаво ми е кога ќе се качам на Градче...отука започна мојот риболов,уште како дете на плашка и мренка,кленчиња,кленови и се разбира крапскиот риболов....!!!
И после толку години,пак се сретнувам со истиот проблем...!!!!!Еве,дојде зимото...езерото е напуштено,нема рибари,водостојот низок...човек нема ни за лек...!!!!Во ова глуво доба од годината на езерото можеа да се сретнат само неколку луге..Јас и неколку мои пријатели риболовци...до ланска година ја копавме скалата,да створиме услови за нашиот начин на риболов...сега го чистиме теренот,како и многу години наназад...а кога ќе дојде пролета,почнуваат првите кавги и расправии..."твое да не е местото????,од татко ти ли го имаш наследено????...да не имаш тапија за него..???"...и слични провокации....не бе луге местото јас не го поседувам!!!немам тапија!!!!не е мое езерото!!!...ама мене ќе ме биде срам да седнам на нечие место уште кога ќе видам колку труд има уложено некој за да си створи услови за риболов...а недај боже уште пак кога ќе видам маркери во вода за бележено хранилиште...подалеку!!!...овде некој крми!!!...ако не е сега овде во текот на денот или наредниот секако ќе дојде!!!!!
Е ова кај нас на нашето езеро не важи...!!!...Ако сакаш убиј се од работа,цело зимо средувај,чисти копај..ама со првото сонце како отровни печурки никнуваат и ГОЛЕМИТЕ рибаришта од нашето гратче Пејтон и си ги запоседнуваат местата!!!...Не дај боже пак ако ти се посреќи и првите денови од сезоната фатиш крап,е дури тогаш си наебал...цела година ќе се расправаш со некои кавгаџии кои свашта ти фрлаат на хранилиште,ти ги вадат маркерите од вода,намерно фрлаат гранки или кој знае шо во вода...се со цел да дигнеш раце или пак доволно испровоциран не фрлиш некој во вода.....
Е каде е овде рибарската ЕТИКА..????..дали воопшто постои??????...Да почнам од себе!!!!...не дека сум идеален...ама кога посетувам друго езеро,прво и основно,визуелно пронаоѓам место...од локалните риболовци дознавам(прашувам) дали некој лови таму или во близина...ако нема риболовци што е права реткост,риболовните чувари ги прашувам...па после останатото,сондирање,поставување логор и.т.н....!!!...Тоа се случува како што реков на други езера,а на "нашето",локалното...каде што прво си вложил многу,многу труд да створиш место каде што години наназад никој нема седнато...секогаш ќе бидеш нападнат,дежурен кривец,виновник!!!!...па шо ако си копал цело зимо...!!!!...немаш тапија...!!.....а најжалното...кога после извесно време пак ќе се навратиш,имаш добри 2-3 саати работа околу собирањето на ѓубрето кое што твоите колеги ГОЛЕМИ рибари го оставиле зад себе...па не се должни и да ти чистат....кај се видело гостинот после добрата седенка да чисти зад себе,нели??....
И на крај...ако некој си го однесе ќотекот,заслужено...пак си Ти виновникот,лошиот...жика-живац....е нека сум...преку к..., од се!!!!!...па кога ќе се достигне свеста дека постои РИБОЛОВНА ЕТИКА...не мора да е тоа пишан закон преку службен весник...па до кога еволуцијата ќе оди наназад?????...!!!!!!!
За да не е неоснована мојата тема..и моето размислување,еве некоја слика од претходниот викенд...!!!
Очекувам да споделите свои мислења,слични или исти проблеми....или ова е застапено само кај нас,во мала Кина....
Скалата е копана во претходните 2-3 год.неколку пати подзидувано ама безуспешно...оваа година пак јово на ново,не чекаат два-три викенда добра работа...!!!
Неколку години паднатата врба ни ствараше неприлики...е сега ја решивме..
Штета што немаше некое прасе....ама ќе имаааааа
Ако секој крапски риболовец,си отвори барем по едно место...расчисти терен,створи услови за кампирање и риболов....нема да има никаков проблем ниту караници со останатите рибари...водата е голема има место за сите,само...треба малку труд и малку култура...