Бидејќи ми беше останала уште една недела од годишниот одмор размислував каде да отидам за завршување на риболовната 2011год.
И бидејќи сум голем мислител решив да отидам со пријателите на Мика Алас , комерцијална вода на 20км. од Панчево. Е сега некој ако сака да го демантира кажаното " рибари - будали ", нека го прочита ова, 1020 километри поминати.
Воопшто не ми е жал , се видов со многу познати , дојдоа на езерото и момчиња со кои лично не се познавам за да се запознаеме, да размениме мислења околу ова наше хоби , малку да се надлажуваме.
Патувањето отпочна на 23-ти Сабота , од Софија тргнав некаде околу 15часот локално време, на граница се минува брзо и се беше добро додека од главниот пат не завтрев во десно во правец на Заечар . Не сум патувал никогаш во тој дел на Источна Србија а освен тоа имаше комбинација од дожд , магла тесен пат , па и брзината не беше голема.
Никој и не ме бркаше да стигнам некаде во точно определе час па така лека полека низ планинскиот пат околу 18часот пристигнав во Заечар каде на влезот од градот ме чекаше мојот пријател Мирослав (еден од новите членови во форумов) се поздравивме и се упативме кон неговиот дом.
А таму што да видам, кумот, кумата , зетот , сестра му деца дал господ еден куп тоа роденден на неговите дечиња. Па кога му заседнавме на Српска скара и некој други неште за да не се задавиме и без многу да се осетима стана 1 часот после полноќ. А бевме се договориле да легнеме порано и некаде околу 4 да станеме , да се напиеме по едно кафенце и да тргнеме.
Е сега колку толку затворивме за малку по едно око , стнување на време , кафенце и тргаме. Да бе тргаме ама низ тие планински предели ебати и маглата беше , та лека полека некако стигнавме до Параќин и одтаму веќе автопатото беше наш.
Сега да не опишувам каде и низ кои градови се поминавме попат важно пристигнавме живи и здрави ви Панчево каде на договорено место не чекаше Драган Миленкович познат натпреварувач во крапскиот риболов. Кратко поздравување телефонско јавување до Предраг од Белград четвртиот учесник во овој настан та разбираме дека тој веќе пристигнал на вода.
Езерцето е на околу 20 км. од панчево , та брзо пристигнавме и започна истоварувањето на опремата. Самото езерце е со правоаголна форма , изградени 13 платформи за по двајца рибари и е наменето за рекреација и натпреварувања. Краповите кои се во водата се селектирани по тежина така да најмалата риба е со тежина од 7кг.
Кога се наместивме се подраспрашавме лево десно кај колегите кои беа тука пред нас како е дали има активност , се пожалиа дека поради големите временски промени крапот многу слабо зима. Ние бевме подготвени и на тоа така да ќе бевме задоволни и со две три фатени риби. Општо за два дена поминати таму времето се промени незнам колку пати , само уште снег ни фалеше. За кошавата да не ви зборувам.
Е мислам дека доста ламотев , специјално за моите колеги од форумов снимки со лесен коментар
Првото фатено " крапче ", мамец цел клас стара пченка, тешко 18кг. жива мера.
Има уште , но мислам дека и ова е доволно. Се вратив пред околку два часа и сега размислувам кога ова да го пофториме.
Поздрав до сите колеги на форумов