http://tirekovmirece.com/Novost/-%D0%9D ... 1%86%D0%B8
Утрово , среда во 3 часот на велешкото езеро Младост откриена група на рибокрадци. Нив на дело ги фатиле членови на ЗСР Бабуна од Велес и рибочруварската служба. Лицата ловеле незаконски во време на ловостој и време на мрест, на терен каде е обележано дека е забрането фаќање риба и тоа во периодот од 15 февруари до 31 јули, во заливот викан Бела вода.
Групата броеше две лица со логистичка поддршка од 5 други. Оваа група ја гониме една година, и конечно успеавме да ја фатиме на дело. Беше силно организирана и имаа луѓе од велешката полиција, кои ги информирале кога имаме акција. Затоа оваа беше мошне внимателно и тајна изведена, а полицијата ја повикавме кога бевме на терен - вели Ѕвонко Мечалов, претседател на Здружението на спортски риболовци Бабуна.
Во автомобилот на рибокрадците биле пронајдени 15 килограми крап, 17 кг сом и 2,5 кг амури, 4 метри мрежи од 250 метри, специјално наменет за улов на крап и сом. Рибата била жива и веднаш е вратена во водите на езерото. Вредноста на оваа уловена риба е околу 500 евра на црниот пазар.
Рибокрадците добро го знаеле теренот, точно знаеле каде да ги постават мрежите. Тоа е во заливот, лево до мотелите. Не им е прв пат, многу време го работат. Често пати оваа група ни бегаше, се спасуваше. Лицето кое е фатено е најозогласен рибокрадец во Велес и Македонија, многу познат е во оваа работа. Го чекавме од 9 навечер до 3 наутро, кога го фативме. Рибокрадците се опасни луѓе,носат со себе нож, оружје, и не се кријат се закануваат, по нас, фамилијата, животот, имотот -рече Томе Илиевски, секретар на ЗСР Бабуна.
Дел од неа завршувал и во некои велешки ресторани а од ЗСР ,,Бабуна,, барат надлежната пазарна инспекција да испита од каде потекнува рибата во некои од рестораните во градот., посебно видот ,,смуѓ,, кој бил забранет за лов а често се наоѓал на трепезата. Од велешката полиција информираа дека против сторителите ќе поднесат соодветни пријави.