Дефиниитивно одлична дружба како и натпревар. Посета од пријателите, скара, мезе и по малце ракиичка. Натпревар пред СЕ, секоја екипа сакаше и имаше цел да победи. Се правеа разни стратегии, се хранеше (секој на свој начин) се надмудруваа, се разменуваа мислења јас да сум на негова позиција ќе ги потепав, се сечеа комшии,......риби колку сакаш, скокови како и црни јата НО некако не легнуваше на храна. Температура за разлика од претходните натпревари на ова езеро стабилна и претопла за овој преиод од годината.
Седум екипи кои беа искусни и проверени земаа учество на овој куп.
- На единица стариот стратег Кајсторовски кој не знае за ситна боила испод 18-ка како и мала јадица 8,6 туку се знае 2-ка и единица. Познато место за него и убав примерок на риба.
- На двојка една од најтешките позиции за вадење на риба Трибал мајсторите Тони Солар и Љупчо од Битола кој првиот ден (пред да дојде стариот стратег Ицо) имаа 3 од 3 (3 удари у 3 успешно извадени риби) а со Ицо на чело од екипата од 18-сет удари и закачени риби извадија 5
)
не е до Ицо до позицијата е ќе видите од репортажата само да добијам авторско право да ги објавам сликите
3-ка ќе ја скокнам одлична позиција чиста за вадење риба ама што вика Филип дрва не ги бива само две риби и тоа од три удара + еден клен и еден караш
4-ка иста позиција иста екипа Арнаудови само што водата намалена за 1-1,5м во висина и што водата далеку потопла, првата вечер имаа две риби но со тактиката на Бабуна потоа рипче не фатија.
5-ка нова позиција која не ветуваше нешто во старт но со тактиката и храната на дечките од Бабуна поготово на искуството на Тони дуката резултатот го гледате секој чест
6-ка е овде секоја чест на мајсторот но не Јане како што некој велат туку до братучедот кој ја извлече позицијата, ја измаркира, ја нахрани, имаше спремено одлични боили, се разбира позади овој бокс имаше и скара и помалце ракииичка (помалце споредено со лани) и имаа добар улов се додека не се појави Јанко и почна да помага на екипата. Се спомнаа моабети дека се Јанко му го раскинал договорот на Емил од Струга па потпишал друг договор со Кичевчани но да ви кажам дека Јанко е еден и единствен и е по П.С. со уредно извадена спортска легитимација со сите пропратни елементи (осигурување, лекарско, договор), добар стратег и срќлија, па среќате го прати секаде дури и кога е во друг бокс (каде е Јанку таму има удар)
7-ца убава позиција добри дечки за натпревар но уловот е тој.
за се останато во репортажата.