Прво да видиме колку екипи ќе бидат.
Eзерото е качено за некои 20-30 м., гледано од брегот. Ако на понизок водостој се ловеше на некои 60-70 м., сега тоа ќе оди на некои 80-90 (100)м. Тоа за мене е и подобро, да се повежба малку и зафрлањето. Но сето тоа и не е проблем и не мора да биде така.
Проблеми се 2 и решливи се:
1. Приодот кон страната на рекичките - има и чамец со кој можат да се префрлат екипите кои ќе извлечат позиции од таа страна (опремата), а пешки се оди (така разбрав).
2. Некои позиции се навлезени во ниска шумичка од ловиштето - Секоја екипа малце ќе си го потсреди боксот во смисла на гранчиња, жбунови.
Колеги, тоа е.
Целта е да се види езерото (особено од учесницит во лигата) и да биде проба за лигата во секоја смисла. И за стаза, и за сектори и за боксови и за ловење и за сондирање и за мамци и прихрани.
Постои голема веројатност јас да одам сега овој викенд (6 и 7 Април) и заедно со некои од колегите кои ќе бидат таму да прошетам и да видам што може да се направи во интрес на што подобра организација и услови за натпреварот. Имаме временски простор почетокот на натпреварот да го поместиме за 1 -2 часа, само заради транспортот на екипите и сместувањето и средувањето на боксовите.
Не можам да си го земам правото да правам стаза за Лигата. Можам само да направам се што е можно, купот да биде ОК. Дајте ми шанса и секако дајте си и Вие шанса за убаво натпреварување. Сепак се тоа надворешни фактори врз кои никој нема влијание.