Info doagja od edna situacija koja moram da ja proveram deka od stranana bitolskata elektrana,blisku do bitola e ispustena golema kolicna na voda .prepolna so stuka vo crna reka i taa se rasiri niz celo tecenie na rekata
@Zoki
Низ цела Пелагонија постои еден голем мрежен систем на канали за наводнување-одводнување.Незнам точно кој број на канал е тој што излегува од РЕК Битола, но и од него водата константно течи-а таа е истата вода што им служи за ладење на кулите.Водата што тече низ тој канал не е стоечка и нема микро брана или нешто слично, каде би се задржувала рибата.
Штуката е ‘‘порибена‘‘(не сум сигурен како
) прво во едно езерце кое има поврзаност со Црна Река со наведените канални системи.На пролет, кога водостојот е покачен, по природен пат штуката е навлезена во Црна Река, па од година во година нејзината бројка се зголемува-пред се поради изобилството на храна (караш во енормно големи количини низ Ц.Р.) и секако успешниот мрест.Мора да се напомени дека низ Битолско во прво време рибарите беа доста скептични околу оваа риба, но резултатите на уловени риби (не штуки) покажуваат друго и секако атрактивноста на самата риба при ловење е далеку поголема отколку карашот.Со сигурност знам за уловени примероци на трска од 7-8 килограми, а на делот кај местото викано Рапеш, годинава е забележан голем број на скокови и уловени примероци на крап.
Еколошката страна на Црна Река е приказна за плачење и нема што да се пишува.Можеби спасот ке биде подигнување на предвидената брана Чебрен, која со себе влече ОБАВЕЗНО изградување на пречистителна станица во горниот тек на реката, но ке видиме.