Господине Баџо,Владимир или како веќе се викаш,немам намера да полемизирам со тебе и да ја пренасочувам темата за РЕК во друг правец,но се сложувам дека е многу лесно да се критикува вака преку интернет ,ама е уште полесно да се брани пријателот вака на интернет, без никакви аргументи.
Би било добро концесионерот Г-дин Думбал,место да пушта други ,самиот да се јави на темата кој самиот ја отвори
viewtopic.php?f=99&t=1916 и ако сака да не информира за неговите секојдневни активности во ревирот кој го доби од државата (само не одговор од типот – дојди во друштвото па ќе ти кажам).
Например :
Колку пати неделно или месечно го посетува својот ревир ,микроакомулациите,езерото РЕК ,и Река Црна ,со оглед на тоа да ревирот не е толку голем па да неможи да го помини за неколку сати - во поглед на контрола на дозволи ,дозволена големина на риби ,дозволен вид ... По познатата маршрута Битола – Рапеш – на враќање РЕК – Црна кај Новаци – Тулана – Црна кај Радобор – и две три микроакомулации од кај Кременица ,и сето тоа можи да се помини за неколку сати.
Колку пати во соработка со полицијата и инспекцијата има превземено акции против мрежарите,било инцидентни акции или по пријава од рибари за поставени мрежи (имало повеќе) и колку пријави се поднесени и колку метри мрежи се запленети досега? Или конкретно за РЕК ,дали и колку пати отишол на разговор со директорот на РЕК Битола за проблемот со наводно секојдневното мрежарење на чуварите на браната на кој им е и директор. ( Како што се зборува имале многу бериќетна пролет со крупни крапови и штуки за време на мрестот,а последните денови само по некое кило караси што е нормално после толку мрежарења).
Потоа кoлку рибочувари има вработено ,како што налага законот за рибарство ?
Порибување ,ако досега е порибено ,каде,кои врсти и колкави количини на риба и други информации.
Дајбоже да критиките кон концесионерот се невистинити и да не е десеткован рибниот фонд во неговиот ревир - зошто тоа е и од наш интерес. И ние сакаме во неговиот ревир да имаме капитални улови како и неговите ,при неговите кампувања ова лето во езерото без концесија Стрежево
viewtopic.php?f=17&t=459&start=330 (последниот пост).Патем се надевам дека неговите улови во езерото без концесија Стрежево ,беа по системот фати пушти ,за кое по кажувањата на рибарите не сум баш сигурен...