Што вели Бора Џорџевич „на западу ништа ново....“
Него ова ми беше интересно со собирањево на ранциве ако добро те разбрав, му ги собирале ранците на рибарите ?!?!?
И лани еден „батка“ на Козјак проба да ми буричка во ранецот, ама од страв да не му се скрши „рачето“ и под закана дека ако ми чепка во ранец ќе биде предвреме избањат - се откажа од намерата. Абе овие будали се или тренираат ?!?!? Абе полицаец да ми дојде без налог нема да чепка па што сака нека биде, или пак ќе чепка, ама ќе го плати тоа со оштета на суд - како му воља
Јас сум дипломиран правник и се заеб*ле ако мислат дека ќе си чутам, него ми е криво кога ќе видам дека некое чиче од 60 и кусур години дојдено со една трска од дедо Ное со улов од 5-6 смрдени црвеноперчиња ќе го третираат како криминалец, а некои кои со стапови, мотки, вили, динамити ги таманат рибите, нив ништо... Ама главно цела година има да ни продаваат „муда за бубрези“, како „од оваа година нема повеќе зафрканиции, има да се чува езерото, пиле нема да прелета“, а одкако ќе земат некој денар од дозволи повеќе око не им трепнува. Секоја чест на исклучоците кои се ретки, ама кај нас што би рекол Балашевич „све је отишло у Хондурас“.
Поздрав