bez navreda ama tolku mnogu sliki a niedna so krap nad 10kg na slika...
ako tolku go ima kako shto tvrdite kje imashe i dosta sliki so ribi golemi
Каква навреда, прашањето е на место. За жал немаме таква слика. Не дека не сум/сме имале средба со такви примероци, сме имале но до сега тоа не ни било многу успешно. Вообичаено се ловат примероци од 1-4кг, нив ги има најмногу, но знаат да лупнат и капитални. Така на пример, на 20.08.2009, имавме капитална риба. Моја процента 15+, но на само половина метар од кече ја изгубивме по моја вина. Таа риба не остави без зборови, со срцето во грло. Се однесуваше како сабјарка бидејќи рипна над вода сигурно 1-2 метра.
Слични дешавќи имало многу пати пред и потоа. На пример на Мики му скина суфикс плетенка од 3lb како влакно од коса, во рок од 10 секунди, без да има шанса што да направи. Јас едно утро, ловев на тапа во трски, и имав 7 удари кои беа во рок од 1мин по зафрлање, и ниеден не извадив, зошто тоа чудо не се држи во раце. Тоа преспанско торпедо, со леснотија ти ги отвара бицепсите додека трепнеш. Затоа полека ама сигурно тоа влијаеше на опремата што ја набавував/ме: Century NG од 3,5lb 3,96cm, Shimano BBLC, Pen spinfiser i salmer, на исто такви Шекспири со 0.60mm
монофил и сл.
Се надевам дека во иднина ќе имаме и такви фотографии. Сега за таков окршај код Оке и Корала, сме спремни.