Доцна синоќа се вратив од пат. Криво ми е што не успеав да ги испратам момците. Им пожелувам успех и интересно натпреварување. За сите оние што будно ја пратат приказнава е вредно да се напомене дека конкуренцијата е исклучително силна. Убаво е да навиваме и да се надеваме на успех, на медал. Сепак, иако индивидуално имаме врвни квалитети, има многу подобри репрезентации и реално, секој пласман меѓу првите 10 е за респект. Да имаме во предвид дека многу фактори се во игра (ксмет при влечење за добра-ловна позиција, добра опрема, добри мамци, добра логистика и многу други). Едно е сигурно. Секој од нашиве момци сака и ќе даде се од себе да постигне успех, да се докаже и кај нас и пред светот. Ние само треба да бидеме трперливи и да навиваме, зошто сега сме едно, нивниот успех е и наш успех.
За влечењето позиции.
Според досегашните случувања Репрезентацијата приложува однапред список која е екипа (дуо) А, која е екипа Б и која е Ц. Вообичаено првопласираниот во лигата е А, второпласираниот е Б и третопласираниот е екипа Ц. Ако е така значи:
ЕКИПА А = Пепи и Мики
ЕКИПА Б = Јане и Оли
ЕКИПА ц = Ицо и Даниел
Првото влечење е за редослед на извлекување. Второто влечење е која екипа во кој сектор ќе лови.
На пр. Екипа А во Б-сектор, екипа Б во Ц- сектор и екипа Ц во А- сектор. Третото влечење е на која позиција (бокс ) ќе се лови. На пример екипа А лови на Б-18, екипа Б на Ц-10 и екипа Ц на А-4. Некојпат се случувало второто влечење да биде споено со третото. Како и да е, распоредени се отприлика рамномерно секоја репрезентација да има една екипа околу отварачите или затварачите на сектори (крајните позиции како 1, 2, 3 или 4), една да биде измеѓу средина и краевите и една околу средината.
Бистро нека им е.
Kako mozes da si ja potcenis sopstvenata reprezentacija , ne mi e jasno
Кај виде Келтаниусе потценување. Кога правиш ранг или било каква категоризација во било кој спорт, се вртиш малку наназад. Дај боже да сум ги потценил ( потценување е да тврдам дека не ги бива, дека не знаат, дека не можат или сл.) и да донесат медал.
А дека ќе ти биде јасно, од тебе зависи, не од мене.
Има причини што тврдам дека има репрезентации со далеку поголемо искуство и успеси. Барем до сега.