www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 12:35 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2021222324»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 11, 2015 10:44 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
а дали знаеш дали тогаш инспекторите ке шетаат со ленјирот и со ѓонијата по рибарите -- за да им ги мерат рибите
- дали им се маломерни или тамам :D

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONНед Aпр 12, 2015 10:37 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
spiro_jas НапишиCOLON
само сега сум пишман што не ги оставивме да ја земат мрф во свои раце заедно со вардар, можи да немаше потреба до сега од легитимации вадење
Ахaхaхa, сегa ќе беше 1000 легитимaцијaтa :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 14, 2015 4:58 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
risteto НапишиCOLON
Naj iskreno mislam deka ribar 2011 bi bilo i najdobroto resenie za bitolskiot revir , koi bilo bitolsko zdruzenie da ja zemi koncesijata ne bi imalo poveke od 200 clena a so taa brojka ne se pokriva revir od 80+ km
Еве еден мој коментар во една дебата со Злате на истава тема, ама во наша затворена тема на Рибар, еве нека седи и тука....затоа што е добар одговор на дилемата Дали, зошто ДА и зошто НЕ Рибар да земе некоја концесија во Битола, или било кое друго место кое е подалеку од Скопје. Ристето како што гледаш и сум те спомнал во овој коментар ;)

-----------------------------------------

“Ако збориме конкретно за Битола, она што скриено го рчна Ристето и што Злате одоколу сака да искритикува.....што може Рибар да направи во ваква ситуација за Битолскиот регион? Да имавме едно 50-тина членови, ама вистински членови од Битола и од нив едно 10-15 добри активисти од типот на Злате, јас прв би се залагал Рибар да земе некоја концесија таму, имаш група асални активисти, имаш поголема група вистински членови зошто и да не се проба,....НО ниту имаме 50 вистински членови, ниту имаме 15 добри активисти......во таква ситуација концесија е лудост,....што друго може Рибар да направи,.....може да пориби, тоа и се прави...може да помогне на некој од локалните концесионери во нивни активности.....НО она што е најбитно....тендер имаше, никој не се јави за концесија, дел од водите се без концесија, освен Стрежево и сега што да правиме ? Што може Рибар да направи ?

Ристето реагира сакајќи да каже “Имате легитимации од Битола, што правите за нив“,....тука е замката, нас не ни требаат легитимации, ни требаат вистински членови и активисти, со овие вторите се прави нешто, со првите не се прави ништо.

Да дојде на пример Злате и да рече, “Дечки во Битола се собравме јас, ристето, баџо, лагуна, велесо, јанко, петко, станко, велко, роки и џими....ние ќе бидеме ударната игла, а плус имаме уште 20-тина активисти што ќе помагаат, сакаме преку Рибар да ја земеме концесијата на Црна....вие другите ќе помагате колку што можете, ама генерално ние ќе ја тераме работата....сосема легитимно ......НО .... со пасивни легитимации и 2-3јца активисти таа работа не ја бива

----------------------------------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 14, 2015 6:23 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Убаво напишано Борис,
само би додал, да имаше во Рибар уште 7-8 луѓе со твоето размислување и вистинска волја за работа како што ти ја имаш,
можеби и ке биднеше нешто, не само од Битолскиот туку и од многу други ревири.
А колку членови и членски сте имале пред две години, а колку имате сега-самите знаете, па видете сега кој е прав/крив.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONВто Aпр 14, 2015 11:21 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
Boris НапишиCOLON
risteto НапишиCOLON
Naj iskreno mislam deka ribar 2011 bi bilo i najdobroto resenie za bitolskiot revir , koi bilo bitolsko zdruzenie da ja zemi koncesijata ne bi imalo poveke od 200 clena a so taa brojka ne se pokriva revir od 80+ km
Еве еден мој коментар во една дебата со Злате на истава тема, ама во наша затворена тема на Рибар, еве нека седи и тука....затоа што е добар одговор на дилемата Дали, зошто ДА и зошто НЕ Рибар да земе некоја концесија во Битола, или било кое друго место кое е подалеку од Скопје. Ристето како што гледаш и сум те спомнал во овој коментар ;)

-----------------------------------------

“Ако збориме конкретно за Битола, она што скриено го рчна Ристето и што Злате одоколу сака да искритикува.....
--Не зборете конкретно за битола без да ги знаете сите околности, злате не критикува од околу --- него кажува директно и сега ке напишам директно, а ристето што рчна тој ке ви каже
што може Рибар да направи во ваква ситуација за Битолскиот регион?
--Рибар неможе ништо да направи нити пак е мокен нешто да промени пошто кога самиот ке си направи есапот ке види дека ке е голем загуба и дека за тој ревир едноставно имаш многу давачки, многу работа а немаш прилив и приходи за да издржуваш концесија(се што си потпишал во договорот)
--Да имавме едно 50-тина членови, ама вистински членови од Битола и од нив едно 10-15 добри активисти од типот на Злате, јас прв би се залагал Рибар да земе некоја концесија таму, имаш група асални активисти, имаш поголема група вистински членови зошто и да не се проба,....НО ниту имаме 50 вистински членови, ниту имаме 15 добри активисти......во таква ситуација концесија е лудост,....што друго може Рибар да направи,.....може да пориби, тоа и се прави...може да помогне на некој од локалните концесионери во нивни активности.....НО она што е најбитно....тендер имаше, никој не се јави за концесија, дел од водите се без концесија, освен Стрежево и сега што да правиме ? Што може Рибар да направи ?
--Нема потреба од носење на муабетот да имаше толку волку онолку. Ревирот имаше концесионер и ако не го сечеа во корен,каков таков ке се правеа напори да тргнат работите на поарно а и тие што ги наброи ке можеа да помагаат во неговата работа-- сега сето тоа е заминато по вода и џабе тупите мозок и ја носите на таму темата, значи ништо од тоа нем. Да рибар пориби првиот пат со 6000денари а сега со 10 000 денари --- и тука пред да се удриме по гради малку кочница треба да маниме-- јас ке речам не пориби рибар, пак порибија самите битолчани само што рибар тоа го изменаџира а колку и кој излезе во +????. Но она што е нај битно како велиш боро -- тендер немаше и затоа и никој не ни се јави за концесија а и кој ке се јави кога сите знаат дека нема никој друг кој сака и оној кој ја поднесе пријавата и во федерацијата. И што сега уште рибар да направи --- појма немам, нека фрли два збора убави за нас на некој состанок таму во ФЕДРАЦИЈАТА колку да не не заборават дека постоиме како град и како фактор во риболовот во државата наша --- ете толку бараме од рибар за тие 20.30.50. 10. 200 легитимации

Ристето реагира сакајќи да каже “Имате легитимации од Битола, што правите за нив“,....тука е замката, нас не ни требаат легитимации, ни требаат вистински членови и активисти, со овие вторите се прави нешто, со првите не се прави ништо.
Да дојде на пример Злате и да рече, “Дечки во Битола се собравме јас, ристето, баџо, лагуна, велесо, јанко, петко, станко, велко, роки и џими....ние ќе бидеме ударната игла, а плус имаме уште 20-тина активисти што ќе помагаат, сакаме преку Рибар да ја земеме концесијата на Црна....вие другите ќе помагате колку што можете, ама генерално ние ќе ја тераме работата....сосема легитимно ......НО .... со пасивни легитимации и 2-3јца активисти таа работа не ја бива
--па што да дојде злате во рибар и да рече се собравме ............. Може злате да отиде и во црна река или и ново здр. да се отвори битолско и да се тера работата како здружение кое ке биде како рибар без концесија и ке помага на битолскиот дел и секаде ама што фајде од тоа, кога историски наназад две децени систематски се уништува се што е поврзано со риболов и нема нити една будала битолска која сака да си тупи мозок, да троши време, пари, ум и разум за да го исечат на крај во корен
----------------------------------------
и достате да се замарате со нас -- терајте дури имате и виее кјар од сето тоа бунило рибарско.
ние си го најдовме чарето наше - и се навикнавме да функционираме според наметнататите ситоации, не ни требаат нови филмови и посебно нови сапунски опери.

ете од околу завртив еден круг

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 15, 2015 8:13 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
spiro_jas НапишиCOLON
Да рибар пориби првиот пат со 6000денари а сега со 10 000 денари --- и тука пред да се удриме по гради малку кочница треба да маниме-- јас ке речам не пориби рибар, пак порибија самите битолчани само што рибар тоа го изменаџира а колку и кој излезе во +????.
Ахам :lepi:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 15, 2015 1:44 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
spiro_jas НапишиCOLON
--па што да дојде злате во рибар и да рече се собравме ............. Може злате да отиде и во црна река или и ново здр. да се отвори битолско и да се тера работата како здружение кое ке биде како рибар без концесија и ке помага на битолскиот дел и секаде ама што фајде од тоа, кога историски наназад две децени систематски се уништува се што е поврзано со риболов и нема нити една будала битолска која сака да си тупи мозок, да троши време, пари, ум и разум за да го исечат на крај во корен
----------------------------------------

и достате да се замарате со нас -- терајте дури имате и виее кјар од сето тоа бунило рибарско.
ние си го најдовме чарето наше - и се навикнавме да функционираме според наметнататите ситоации, не ни требаат нови филмови и посебно нови сапунски опери.

ете од околу завртив еден круг
Убаво што заврти круг ама додека ти вртиш кругови и шириш енергија дека сите возови заминале, најголем дел од Македонија има концесии и како така се буткаат работите.

Иначе јас не сакав да се вмешам во дискусијава, ама бидејќи Ристето го спомна Рибар за концесија го поставив коментарот и со најдобра намера. А ти Злате немора во Рибар да дојдиш, ја те спомнав бидејќи како што знам уште во Рибар си, како што последно ни пиша, ако не си треба да ни кажеш за да не те спомнуваме во таков контекст. Инаку можеш било каде да појдиш, па и ново едно да напрајте, зошто да не, битно е да трегне работата, Рибар пак е тука да помогне и ние си останваме тоа што сме биле,.. ама работата не трга ако шириш енергија таква
“нема нити една будала битолска која сака да си тупи мозок, да троши време, пари, ум и разум за да го исечат на крај во корен“......со таков моабет само ќе ги дестимулираш и тие што нешто сакаат да направат.

и моабетиве малку контрадикторни ти се.....од една страна “пуштете некој моабет за нас“....од друга страна кога човек ќе пушти моабет “достате да се замарате со нас“....со нервоза Злате ништо не прајме, само со арно и со позитивно гледање на работите


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 15, 2015 11:09 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
ти и уште некои луге тука, имаш лице и право и образ да се вмешаш во секаква дискусија со мене и немој да мислиш дека со лутина ти пишам

тоа што пишам
- Јас лично одам каде мислам дека нешто се прави и подобрува за риболовот, дали било рибар, или петко и трајко --нема тоа врска за мене. А тој текст што цитираше нели е една проста логична и вистинска работа - која не ги отфрла тие можности на ЗЛАТЕ каде е, каде ке оди, и што ке прави, и што правел и сето тоа не барам златна медалја некој да ми обеси

ете еден прост пример (ова не е за вака објавување пошто може и грешно да се свати) али ајде, како и да се свати така нека биде и онака е на грешно тргнато
што ако злате сите сретства кои ги лично потроши за патишта, и за рибар -- ги дадеше на пример во барбус и црна река ??
сигурно порибувањето ке беше барем 2 пати поголемо од тоа 6 000
и не се жалам и плачам за сретствата -- немој за нив да се фатите, спомнувам реалност на која можеби некој помислил некој не ни заприметил, било како било замина сега тоа во минато време и тука нема многу што да се измени
- мене јасно мие дека не добивме некоја голема помош и за опстојување на таа концесија која нас БИТОЛЧАНИ многу ни значеше, затоа што можевме на раат да си извдеме дозвола и да бидиме РЕКРЕАТИВЦИ а не КРИВОЛОВЦИ како што сме сега

и знам јасно каква е работата и никого не деструктирав и не го деструктирам него кажувам што е реално на терен
што не требаше да се помисли да се случи, а вие тек дури сега почнувате да разбирате што се случило, а јас пак ке се трудам да помагам онаму каде што јас мислам дека треба да помагам приоритетно
- мораме прво ние кај нас да си помогнеме самите , доста помагавме секаде додека нашиот двор се испусти

,,и моабетиве малку контрадикторни ти се.....од една страна “пуштете некој моабет за нас“....од друга страна кога човек ќе пушти моабет “достате да се замарате со нас“....со нервоза Злате ништо не прајме, само со арно и со позитивно гледање на работите,,
не ми се контрадикторни муабетите
- пуштете некој муабет за нас --- да не спомните дека постоиме пошто ми личи дека сме скрос заборавени според досегашните активности кои константно се движат во негатива, нема нити еден проект кој е поврзан со овај реон и со интересот на тие рекреативни рибари и нивните издвоени сретства за легитимации. Уствари нема ни кој да побара веке. Нека се потсетат сите во таа федерација
- кои беа тие 5 здружениа кои ја оформија
- каде се на друго место одржало собрание освен во скопје

- доста се замарате со нас --- да ни солите памет што да ние направиме и што ние можеме или не можеме да направиме

знаеме ние каде сме и на што сме -- сите битолски рибари знаат, не ни треба памет со инка турање. Ако некогаш ни треба памет радо би ни биле од корист али кога би ние побарале. а ние не побаравме памет а ни се нуди памет кој не ни е од корист


и не сум бе боро ама ич нервозен , ако има кворум за релаксација ке се релаксираме, ама неколку пати барам таков кворум и се уклучуваат не повеке од 3-4 членови -- изгледа дека и до тоа не му е дојдено никому на овој форум
-- нај повеке се на сцена оние СУПТИЛНИТЕ ------ за мене непостоечки коментари

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 16, 2015 10:25 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
во однос на средства и ја да сум тргал настрана сите пари што сум ги дал за патишта, за акции, за порибувања и сл.сегде во Македонија, сигурно сам ќе порибев на 2-3 места, но јас воопшто не жалам за тоа....слично и сашо и диме и филип и тавта и сите остали....сепак треба да се гледа малку пошироко, нели и затоа го формиравме Рибар...

во однос на Барбус и концесијата, ако ни замераш што не сме успеале да му помогнеме да не му се одземе концесијата, мислам дека не е во ред, сепак сме се обиделе, тоа што не сме успеале, тоа е тоа, сепак не сме семоќни, а за одземањето на таа концесија кривица може да се бара секаде, а најмалку во Рибар. Ако ме прашаш лично, апсолутно те поддржувам дека ако на Барбус му ја земаа концесијата, требаше уште на пола други здруженија да им ја земат, ама јебига, толку им е мозокот на некои луѓе.....сепак тоа бидна и сега треба да се гледа напред и со позитивни мисли, дека ќе ја биде работата, дека од тие 5 здруженија во минатото сепак има луѓе кои може да се склопат и да направат нешто..


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: З.С.Р -БАРБУС - Битола
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 16, 2015 11:19 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
не ми беше целта да ги прозивам сите кои вложиле во рибар, се прозивав сам ради да доловам момент како би тоа било

апсурдно е од моја гледна точка да се ние битолчани бориме за напред а некој од позади нож ни заби
- затоа нема потреба ние како град да веке тупиме мозок за други интереси во овај момент и во оваа состојба

барбус доста помогна кога требаше на поле на риболовот во МК за разлика од многу постоечки сегашни концеионери кои одмогнуваа и нај веке и тие искористија од тие заложби и сеуште користат -- никој не се сети него да му помогне, да ги застане малце да размислат што ке биде крајниот епилог да неможеме во сопствениот ни двор да одиме по риба

нека служи на чест на сите оние кои можеа да помогнат а не мрднаа со прст - сите здружениа заедно сосе таа федерација да застанеа во одбрана и да не дозволеа такво нешто да се деси
- и тоа ке беше развивање на риболовот во мк, да се успее да се оди напред а не да се уништи и оди назад

сега сме можи на дното и подолу неможе да одиме -- еден ден ке мора да тргнеме нагоре, за жал ке мора сами да се избориме и да не очекуваме многу од никого
како тоа ке го решаваме останува на нас самите како засегнати да изнајдеме начин

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2021222324»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 5 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum