www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 05, 2024 6:25 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS7»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 11:58 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Jун 28, 2011 12:13 pm
МислењаCOLON1530
ЛокацијаCOLONSkopje
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Јас можам да кажам дека го имавме можеби најлошиот риболов искусено досега, неможам да си дојдам при себе....ама подоцна ќе изнесам детали....сега уште не сум способен
Којзнае што се ви се има исподесено.... :roll: Чамецот полн вода,гаќите утоп мокри,ветер..... :arrow:

_________________
p.s. kolku poveke tupat krapdziite tolku poveke lovat spinerdziite. :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 12:14 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Jун 15, 2011 3:06 pm
МислењаCOLON1998
Познавајќи го Козјак и планината, каменот кога ќе подмрзне кај браната во комбинација со снег и чамец за носење. Не би сакал да се најдам доле :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 12:18 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
Важно живи се вратиле :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 5:37 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 11, 2011 7:31 pm
МислењаCOLON1221
ЛокацијаCOLONСкопје- Кисела Вода
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
Јас можам да кажам дека го имавме можеби најлошиот риболов искусено досега, неможам да си дојдам при себе....ама подоцна ќе изнесам детали....сега уште не сум способен
25-6 годишна бајачка, пола кило ракија, и првата риба шо ке ја фатиш на Козјак да ја вратиш ..............да се убие малерот !!! .....и стој на раце еднаш на брана да направиш :D :D :D :D

_________________
Ако не замириса на риба ке замириса на кобасица


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 9:16 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
edvaj cekam da prodolzi reportazava vtor del,, ajde boris ne ne maci :D :D :D :D

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 9:48 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Да си беа по крапскиот риболов немаше вака да се заебават :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 10:02 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Dajte da mu pushtime nekoja na Boris :oops: -malce da go nakreni za da go vidime ostatokot od reportazata!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 10:10 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
[ img ]
[ img ]
И така како што кажа Сашо, со цел памет и покрај тоа што видовме каква е временската прогноза се заакавме на Козјак (другпат ќе згрешат по малце, сега временска беше точна до секунда :( )

И на почетокот и не беше страшно, почетен елан, се заакавме надоле по тоа камењата кои компир, даре, кирца убаво ги опишаа, душа да ти отпадне. Го спремивме чамецот на Илија, кој ни го позајми овој пат (голема благодарност) И желни за добар провод тргнавме пред Сашо И Срѓан. Добрата утринска атмосфера беше залиена со екстра кафенце.
[ img ]
Меѓутоа не помина долго време light rain почна да си го реди. Ние не му обрнувавме доволно внимание бидејќи се ближевме кон местата каде што очекувавме удари, пастрмки, ѕверови,....еба.. паметот рибарски.

Почнавме да се утопуваме во дождот, ама паднаа и првите удари, скоро во исто време и кај Кременадла и кај Владимир, Кременадла го откачи, кај Владимир искочи овој кленко накај кило, удри на најголемата ујка.
[ img ]
Добро е си рековме, налет дождов, барем риба да јаде и продолживме да пецаме. После еден сат уште еден удар, пак кај Владимир и уште еден клен скоро колку другиот беше совладан. За цело време дождот не редеше, ама атмосферата и не беше така лоша


Лале иначе ќе се жени за некој месец, па сакаше да се испроба на Козјак, што од нервоза од накиснатост, што од заебанции, што од мезето, таква беше атмосферата.

И ние си продолживме да пецаме, а дождот од light rain, премина во асален дожд, се појави и ветер, почна и да паѓа температурата, по што атмосферата значително се промени. И покрај опремата што ја имавме, почнаа капки до гаќи да стигаат, почна да станува зафркнато, а ние бевме отаде Здуње.

Полека, полека си ја подвиткавме опашката и почнавме да се враќаме назад. Времето катастофа, дожд истура, ветер дува, раце мрзнат, алиштата натопени, кој се тресе, кој хука, младоженецот му зафрши свадбата :) , почна да се тресе, да зеленее, се стутка во чамец и изгледаше вака

[ img ]

Почнавме да пцуеме и памет и риби и све и итавме да се враќаме назад. Пцуј и виткај се, некако успеавме да се довлечкаме до брана, а тука не чекаше вистинска агонија.

По брана, од кај што се симнавме неможевме да се качуваме, зашто ептен беше стрмно, а и камењата беа водени и лизгави. Сашо сабајлето на суво се потепа симнувајќи се, ние не се ни обидувавме да пробаме да се качуваме по нив сосе чамец и опрема. Моравме да одиме од околу и решивме да се истовариме лево од браната, да пробаме да се искачиме преку еден земјен пат, па преку брана да стигнеме до колата, тоа е некаде пола километар нагоре и уште толку по брана на која има пола метар снег.

Се истоваривме и агонијата почна. Несакајќи да идеме 5-6 пати нагоре и да го расклопуваме чамецот доле, што ќе ни одземеше едно 3-4 сата се на се, решивме да ставиме се во чамец и така напумпан сосе пента и торби и све што носевме да пробаме да го мкнеме нагоре полека, полека. Така и бидна. Ама чамецот на Илија е од големите, тежок, башка на него и даски и мотор и торби......Почнавме да го креваме, 10 чекори нагоре, 5 минути одмор, 10 чекори нагоре, 5 минути одмор, патот најпрво имаше кал, а подоцна снег што страшно не уморуваше. Веќе не стемни, дожд не престануваше, температури камен ние мкнеме чамец како кретени. Почнаа да откажуваат нозе, раце, грб, на кој му се врти, на кој му се лоши, многу лошо. Стигнавме некаде до пола на угорницата и неможевме да продолжиме. Незнавме на кој му е полошо и кој на кого да пази. Бевме истоштени и утоп мокри. Почнавме да размислуваме за нерационални решенија, од типот да го оставиме чамецот и да дојдеме утре да го земеме. Ама чамецот не е наш, на Илија е, туѓото се пази повеќе од своето, да беше наш кој не го фрлеше у езеро, ама овој неможевме да го оставиме, а неможевме ниту да продолжиме. Моравме да се засолниме што побрзо.

Решивме да оставиме се и полека полека да се искачиме по угорницата, да ја поминеме браната и да побараме засолниште кај Чуварот на браната. Така и бидна, полека, полека како партизани едвај сами и празни се искачивме, полека ја поминавме браната и добравме до кај чуварот. Чоекот ни се изначуди, не прибра, соблековме мокри алишта, се совземавме, се стопливме, се одморивме, каснавме малку, земавме душа едно пола сат, испивме едно кафе и назад.

Па по снегови цапај, гази, стигнавме кај чамецот. Пак почнавме да го мкнеме нагоре со паузи. Успеавме некако да го качиме на Брана, сега прашањето беше како преку брана. Таму беше длабок снегот и небиваше да го носиме во раце како претходно, моравме да го влечеме со јажиња како хаски, т.е да го лизгаме по снегот. Ајдееее и тоа се згнавме. Дождот најпрво премина во замрзнат дожд, па после и во снег. Не бевме при себе многу, ама стигнавме некако до другата страна на браната и повторно се бапнавме кај чуварот.

Нова тура одмор и повторно надвор. Расклопувај чамец, издишувај, склопувај, товарај во кола, колата сисал, вака така се натоваривме и време беше за идење. Го поздравивме чуварот и тргнавме. Следно што не мучеше беше како ќе се искачиме, а после и како ќе се симнеме од другата страна на планината. Сашо и Срѓан беа заминати 4-5 сата пред нас и уште тогаш имало фатено снежна покривка на патот, а ние кога тргнавме веќе беше некаде околу 21 часот. Полека, полека се искачивме и почнавме да се спуштаме со 10 на сат. Еве ја атмосферата на патот

[ img ]


И што да кажам другари, .....некогаш бегаме од паметот со ова рибава и идеме со глава во ѕид. Не е на арно тоа, ќе се испоразболеш негде, ќе изгинеш и друг риболов никогаш нема да видиш. Треба да си ја мучнеме главата што прајме и со памет другпат.....школо за друг пат


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 10:18 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Maр 19, 2011 11:55 am
МислењаCOLON1040
ЛокацијаCOLONBitola
Stvarno ste se namacile :(
Ova e avantura koja dolgo ke ja sonuvate!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Ke zapocnam jas, ke prodolzi Boris
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 27, 2012 10:20 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am
МислењаCOLON1930
Се е добро кога добро ќе се заврши. Имате авантура за паматење и прераскажување која треба да оди од колено на колено.

_________________
Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS7»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 40 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum